News

Поставена биста на големито писател Стеријо Спасе во Глобочани–Мала Преспа

 

Денеска во Глобочени-Мала Преспа е поставена бистата на големиот писател од македонско потекло во Албанија, Стерјо Спасе. Бројната македонска заедница во Албанија, тамошната културна јавност, Министерството за култура и други повикани институции, денеска со повеќе манифестации во селото Глобочани, неговото родно место, го одбележуват големиот јубилеј-100 години од раѓањето на Стерјо Спасе. Манифестациите ги организира општина Пустец. Бистата на писателот Стерјо Спасе, поставена во селото Глобочани, е донација на македонскиот бизнисмен Минчо Јорданов авторско дело од Валентина Стефановска, бесплатно изработено за Македонците во Албанија.Во организација на Општината Пустец, денеска се одржува фолклорниот фестивал: “Преспе-2014” со учество на фолклорни групи од Мала Преспа. Стерјо Спасе, голем мајстор на пишуваниот збор, е роден 1914 година во Глобочани. Починал во 1989 година во Тирана.Тој е поснат писател од македонско потекло и еден од најзначајните претставници на современата албанска поезија. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби.


www.ilinden-tirana.com

Летен камп – 2014 “Ја сакам Македонија“

 

Македонско друштво “Илинден“–Тирана учестуа на Летен камп-2014 “Ја сакам Македонија“ со 2 деца Македонци од Тирана. Македонско друштво “Илинден“–Тирана Огранок Голо Брдо учестува со 7 деца Македонци од областа Голо Брдо. Летен камп-2014 „Ја сакам Македонија“ е под покровителство на Владата на Република Македонија, а во организација на Министерството за надворешни работи од 10 до 17 август во Охрид, Република Македонија првпат ќе учествуваат 100 ученици Македонци од соседните земји, од балканските земји и од дијаспората. Програмата на кампот опфаќа содржини за подигање на степенот на учесниците за познавањата за Македонија од областа на македонскиот јазик, историјата, географијата, културата, обичаите и традицијата, како и меѓусебното поврзување и соработка. Престојот на учесниците на Летниот камп Охрид -2014 “Ја сакам Македонија“ ќе биде збогатен со забава и спортски игри, како и со посета на повеќе културно-историски знаменитости во градот Охрид и Охридското крајбрежие Самоиловата тврдина, Галеријата на икони, Плаошник, црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум и Музејот на вода.


www.ilinden-tirana.com

Соопштение

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро го осудува повикот на грчките специјалци воени сили. Со пароли антимакедонски, антиалбански и антитурски “Генерал, планините без храна и вода, ние само ке пиеме крв македонски, албански и турски, се пеало”. Самиот чин на ваквите пароли  антимакедонски, антиалбански и антитурски се скандалозни и насилни. Згрозени сме од овој вандалски и нецивилизиран чин кој не доликува и нема место на тлото на Европа. Но треба труд и храброст за да се изградат искрени и пријателски односи  помегу Македонија, Грција и Турција. Апелираме на промисленост и одговорност до владата на Република Грција. Балканот треба да се одлепи од омраза и ксенофобија. Од историјата на омразата и војните меѓу народите кои никому ништо добро не донеле.

 

www.ilinden-tirana.com

Честито Илинден

 

 

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија во името на Македонско друштво “Илинден“- Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честитаме најголемиот Македонски празник Илинден, да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на  Илинденско востание од 1903 – та.

Македонско друштво “Илинден” –Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо


www.ilinden-tirana.com

Честитка до верниците со Исламска Вероисповед

 


Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо ви честита Фитер Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година.

 

 

www.ilinden-tirana.com

Петтата годишна конференција на иселеничките организации

 

 

Во организација на Агенцијата за Иселеништво во Скопје, Македонија од 23-24 јули 2014 година  се одржи четврта конференција на иселеничките организации. Македонското друштво “Илинден “-Тирана  учестуа како гости на конфернцијата на иселеничките организации со г-дин Ламбе Шатровси преставник на друштвото. На конференцијата присуствуваа 115 претставници од 143 иселенички организации од четири континенти и 20 гости од организации на Македонците и заедниците во соседството. На конференцијата присуствува и пратениците од диаспората во собранието на Република Македонија Ристо Манчев, Павле Саздов, Васко Наумовски.


 

Македонската дијаспора без разлика на сите предизвици никогаш не ги заборавила своите корени, својот македонски јазик, својата вера, својот фолклор и убава песна, односно никогаш не го заборавила својот национален идентитет рече претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски. На свеченото затворање на конференцијата на иселенички организации претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов доделени одликувања и признанија “Македонија памти” на физички и правни лица од иселеништво за особени заслуги и достигнувања за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување.


 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”- Тирана е против новата административно-територијална поделба

 

Македонско друштво “Илинден”- Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Тирана Огранок Голо Брдо е против новата административно-територијална поделба, со 61 општини усвоени од страна на собраниската комисија за територијалната реформа, бидеќи во новата териториална поделба ја опфака само Општина Пустец, Македонско друштво “Илинден”-Тирана и  Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо бара и општините во Голо Брдо и Гора да останат самостојни бидеќи таму живе голем дел на македонското малцисто. За македонското национално малциство во Република Албанија е чекор назад за почитувањето на правата на македонците припојувањето на општините во Голо Брдо и Гора. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо има надеж дека парламентот на Република Албанија, нема да дозволи да гласа новата мапа на административно-територијална поделба.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо


www.ilinden-trana.com

Преставникот на македонскот малциство во државниот комитет против територијална поделба

 

 

Преставникот на македонско малциство во државниот комитет за малциство во Албанија Нико Китани е против новата мапа на административно-територијална поделба, со 61 општини усвоени од страна на Собраниската комисија за територијалната реформа, бидеќи во новата териториална поделба ја опфака само Општина Пустец, преставникот на македонско малциство во државниот комитет за малциство бара и општините во Голо Брдо и Гора да останат самостојни бидеќи таму живе голм дел на македонското малцисто.


www.ilinden-tirana.com

Острите реакции на Македонците од Мала Преспа ги прекинаа дивите ископувања

Острите реакции на Македонците од Мала Преспа ги прекинаа дивите ископувања почнати деновиве на островот Мал Град-Мала Преспа во Преспанското Езеро. Според Спасе Мазенковски, историчар, без дозвола албанско-грчка група археолози, како и пред две години, почнала археолошки ископувања без да ја информира локалната власт, а за дозвола не ни станува збор. И пред две години се случи истото. И тогаш по нашата реакција, ископувањата беа прекинати. Жителите од Пустец се вознемирени од илегалното ископување од грчки археолози имајќи ги предвид односите меѓу Македонија и Грција. Грција секогаш ја преиначувала реалноста за Македонија. Бараме од соодветните институции да соработуваат со македонските експерти зашто Грција ќе ја скрие вистината – вели Мазенковски. Според него, пронајдените археолошки предмети треба да се етикетираат според периодот од кој потекнуваат и да се презентира реалноста, но како што вели, не верува во грчките археолози. Затоа, вели Мазенковски, албанските археолози треба да соработуваат единствено со македонските колеги. Грција постојано ја извитоперува македонската реалност. Грција секогаш негирала сe што е македонско и сe што му припаѓало на македонскиот народ. Грција стигна до таму што го негира и името на Република Македонија. Поаѓајќи од тоа, ние сме загрижени дека во овие археолошки ископувања ќе се прикаже нешто друго, само не реалноста. Грција секогаш ја криела вистината кога станува збор за Македонците и затоа сме загрижени и реагираме-вели Мазенковски.Тој тврди македонската археологија е заинтересирана да учествува во заеднички проекти со соседите. Македонските археолози треба да се вклучени во истражувања на островот Мал Град и да бидат дел од тој заеднички тим на колеги од Грција и од Албанија. Иако со години им нудиме соработка на грчките колеги за заеднички проекти, оттаму нема никаква заинтересираност. Управата за заштита на Спомениците на културата во Kорча формирала работна група за верификација на фактичката состојба на терен, по известувањето за ископувањата во Општина Пустец. Од увидот било потврдено дека албанско-грчката група археолози не поседува соодветна документација и оти веќе ископала четири дупки со должина од 5 метри и длабочина од 1 метар. Ископувањата се сметаат за нелегални, па веднаш се прекинати.

МАЛ ГРАД БОГАТ СО АРТЕФАКТИ ОД СИТЕ ВРЕМИЊА

Пред три години заедничка грчко-албанска археолошка експедиција на Мал Град откри гробница со десетина гроба, кои датираат од праисторијата од бронзен до византиски период. Во речиси сите гробови немало инвентар. Гробовите се поставени во гробницата во четири дела. Секој гроб е одвоен од другиот со ѕид, а целата гробница е опкружена со ѕид, што е карактеристика од римскиот период. Истражувања покажаа дека островот Мал Град бил населен уште од праисторијата, односно и пред цар Самуил, каде што била неговата летна палата. Мала Преспа е населена уште во времето на неолитот (7.000 години пр.н.е). Тука се простира богатата историско-археолошка област: неолитското живеалиште (7.000 години пр.н.е) Острово кај с.Туминец, подводното живеалиште на местото Старо Село кај Туминец од бронзениот период, Римскиот пат (2 век н.е.) што ги поврзува село Долна Горица со местото Набели, Ѕидот на Александар Трети Македонски на планинскиот премин Ќафата. Надалеку се познати пештерските цркви од византискиот и поствизантискиот период од 12 до 15 век, кои се наоѓаат на брегот на Преспанското Езеро.

 

www.ilinden-tirana.com

Честитка за статус кандидат за ЕУ

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поздравува добивањето статус кандидат за ЕУ на Република Албанија. Добивањето на кандидатскиот статус е во корист на сите граѓани, бидејќи европската перспектива на Албанија е перспектива на иднината. Добивањето на кандидатскиот статус треба да ја охрабри албанската влада, и другите актери компетентни во областа на заштита на малцинствата да направат политики во полза на малцинствата, што ќе овозможи целосно исполнување на петтата препорака на Европската унија која што е поврзана со подобрување на човековите права и правата на малцинствата и ќе се гарантира повисоко ниво на третманот на малцинствата во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги поддржува албанските институции во продолжување на реформите потребни за членство во ЕУ и ќе  даде својот придонес во исполнувањето на препораките на Европската комисија во однос на правата на малцинствата.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател  Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com