Вести

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 22-ри Ноември – Денот на Албанската азбука

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Ви го честита 22-ри Ноември – Денот на Aлбанската азбука, делегатите на Битолскиот конгрес во 1908 година донеле одлуки за унифицирање на Албанската азбука.

Благодарница за Никола Ѓурѓај од Здружението на Македонците “Даме Груев” во Моравичкиот Округ во Србија

По повод  одбележувањето на 15- годишнината од формирањето, Здружението на Македонците “Даме Груев” во Моравичкиот Округ во Србија, му додели благодарница  на Никола Ѓурѓај,  претседател на Македонското друштво “Илинден”- Тирана и главен и одговорен уредник на истоимениот весник.
Благодарницата ми се доделува за долгогодишната соработка, помош и подршка на здружението и промовирање на Македонците од Србија во Македонскиот весник „Илинден”-Тирана. Голема благодарност до управата на Здружението на Македонците “Даме Груев” и посебно до Славе Груевски, претседателот на здружението, рече Ѓурѓај.
На здружението, додаде, од мое и од име на Македонците во Албанија,  му посакувам понатамошни успеси во  промоцијата на нашинците во Република Србија.
На одбележувањето Груевски поднесол извештај за активностите на здружението, оценувајќи меѓу другото дека
” здружението е само уште еден бисер во ѓерданот наречен македонска заедница во Србија, македонско национално малцинство, македонски исленици во странство”.
Основната мисија за формирање на нашето здружение беше и останува, дружење на граѓаните од македонско потекло кои се во Моравичкиот округ, негување на традициите и обичаите, негување на јазикот и фолклорот, и зачувување на културните вредности на Македонија, посебно на писмото и јазикот, додал тој , објави весник “Илинден”.
Оценил дека добрата соработка на здружението со “локалната самоуправа од Горњи Милановац и со збратимените градови од Македонија, на најдобар начин ги потврдила добрите односи помеѓу Македонија и Србија”.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара Радио Тирана Интернационал да биде и на македонски јазик

Македонското друштво “Илинден“-Тирана е регистрирано на 06.02.2009 година во Судскиот округ Тирана со мисија за заштита на македонското национално малцинство во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од Албанската радио телевизија (РТШ) Радио Тирана Интернационал да биде на македонски јазик, како што е на англиски, француски, италијански, германски, грчки, српски и турски јазик. Се надеваме дека барањето ќе биде прифатено и ќе биде разгледано за да биде и на македонски јазик.

Македонскиот весник “Илинден” упатува искрени честитки за 80-годишниот јубилеј на дневникот “Нова Македонија”

Македонскиот весник “Илинден” од Тирана, Република Албанија упатува искрени честитки за 80-годишниот јубилеј на дневникот “Нова Македонија”, како прв национален весник, издаден пред 80 години во слободна Македонија, на македонски јазик и неговото кирилско писмо.

Скромно е да се каже дека дневникот “Нова Македонија” беше и остана бренд на Македонската држава!

Немерлива е улогата на весникот “Нова Македонија” во презентацијата и афирмацијата на цивилизациските и културолошките вредности и креации на Македонците како целина, како и дострелите на поединци и групи, што претставува значаен удел во светската богата ризница на информации.

Осамостојувањето на Република Македонија нужно донесе трансформација и на статусот на весникот “Нова Македонија”, меѓутоа креативниот дух на весникот, неговата сериозност и стабилност го потврдија за достоен на времето во кое живееме, ослободен од разни влијанија и подметнувања, од дезинформации и јазикот на омразата, и од ирационални конфротации.

Македонскиот весник “Илинден” негува соработка со дневникот “Нова Македонија”, со што стана прв весник на Македонците во Република Албанија и Балканот кој е дел од порталот “Нова Македонија“. Македонски весник “Илинден” годинава му додели Награда “Илинден” за делото и творештвото на дневникот “Нова Македонија”, веруваме дека соработката во интерес на вистината ќе продолжи и понатаму.

                                                                                                                                                                                   

Со почит,

Никола Ѓурѓај

Преседател на Македонско друштво “Илинден”Тирана и Уредник на Македонскиот весник “Илинден”

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 8-ми септември Денот на независноста на татковината Македонија 

Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред точно 33 година македонските граѓани покажаа исклучителна демократска зрелост и донесоа одлука со која сите се гордееме и која го трасираше патот за посветла иднина на нашата матична држава, пишува во честитката.

Овој историски ден, како што се додава, е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж и да изгради независна и суверена држава. Нека ни е честит и вековит денешниот празник, нека е вечна нашата татковина, Република Македонија“, се наведува во честитката.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод Успение на Пресвета Богородица

По повод на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Република Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот.

Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, и во името на македонско национално малциство во Република Албанија, Вам лично, на вашето свештенство, на сите Македонци каде и да се во светот и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

Се посакува  пред сѐ добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина. 

Празнувањето на  споменот на сечесното Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов, благодет, душевен мир, среќа и топлина во нашите семејства. Ваше Блаженство, Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување, се наведува во честитката. 

Се посочува дека негувајќи ја традицијата го славиме денот на Мајката и заштитничката, молитвеницата и закрилницата на сите христијани, следејќи ги начелата кои нè прават човечни и се извор на нашата духовна сила.

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

 

По барањето на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ИНСТАТ го коригирал зборот „северно Македонци” со Македонци во целиот материјал за пописните резултати

Уште еден успех по барањето на Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 10 јули 2024 година пуати Декларација до Институтот за статистика. Најостро ја осудуваме злоупотребата на терминот “северномакедонци“ од Институтот за статистика за Македонско национално малциство, призната во Република Албанија.

Институтот за статистика на Република Албанија позитивно врати на барањето и сите матриали за пописот се поправени. Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува благодарност до Институтот за статистика за поправените матриали.

Линк со поправени матриали.

https://www.instat.gov.al/media/13626/cens-2023-census-botim.pdf

https://www.instat.gov.al/media/13584/njoftim-per-media_-30_06_2024_.pdf

Народниот правобранител одговори на дописот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за загриженоста околу пописот

Народниот правобранител одговори на дописот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, во однос на загриженоста и вознемиреноста на Македонците, околу случувањата со пописот на населението во Албанија и прикажаните „неверодостојни потадоци“.

Народниот правобранител беше информиран за проблемите околу пописот и влијанието на бугарските дипломатски претставници за да се намали бројот на Македонците и проблемот со терминот Северна Македонија за Македонците, на албански јазик, што беше само за нас и „северно Македонци“ на англиски јазик, од Институтот за статистика, ИНСТАТ.

Во одговорот меѓу другото стои дека во однос на првата загриженост на припадниците на македонското малцинство, дека резултатите се фалсификувани и изманипулирани, со цел намалување на бројот на прпадниците на македонското малцинство побарале објаснување од ИНСТАТ, но не добиле одговор.

Што се однесува до втората вознемиреност, околу употребата на терминот „Северна Македонија“ на албански јазик и „Сверено Македонци“ на англиски, во прегледот за етничката припадност, побаравме од ИНСТАТ да гарантира почитување на националната припадност на македонската заедница, стои во одговорот на народниот правобранител.

Народниот правобранител во одговорот се заблагодарува за искажаната доверба на Македонското друштво “Илинден“-Тирана како кон институција  и додава дека и во иднина, како и до сега, максимално ќе се ангажира во почитувањето на правата на националните малцинства и заштита на нивните права согласно меѓунароните стандрарди.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита најголемиот Македонски празник Илинден

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија, татковината Македонија и насекаде во светот, Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита најголемиот македонски празник Илинден. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на Илинденско востание од 1903 – та година. Исто така големитот Илинден 1944 – та година.

Слика: Излет на Македонците во Тирана во 1937 година

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Македонското друштво “Илинден”-Тирана и го честиташе изборот на Елиса Спиропали за претседателка на Собранието

Г-ѓа Елиса Спиропали
Претседател на Собранието на Република Албанија

Дозволете ми во името на македонското друштво “Илинден“-Тирана во мое лично име, како и во името на македонското национално малцинство во Република Албанија да ви посакам успех на функцијата претседател на Собранието на Републиката. на Албанија. Македонското национално малцинство во Република Албанија ве поддржа без резерва и е убедено во вашиот успех. Истовремено, веруваме дека во вашето раководство на Собранието ќе помогнете за подобрување на правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Ви посакувам здравје и успех во работата.

Со почит,

Никола Ѓурѓај

Претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана