За нас
Македонско друштво ”Илинден”-Тирана е формиранао 06.02.2009 година во Тирана, Република Албанија од група граѓани со Mакедонско потекло кои живеат во Тирана, друштвото е воспоставено со цел да се заштити Македонското национално малцинство во Република Албанија.
Претседател – г-дин Никола Ѓурѓај
Потретседател – г-дин Незир Меча
Секретар – м-р Естела Карамешиноска
Македонско друштво ”Илинден”- Огранок Голо Брдо е формиранао 15.10.2012 година. Со цел заштита на Македонското национално малцинство во Областа Голо Брдо.
Претседател – г-дин Или Халилај
Подпреседател – г-дин Фатри Фетаху
Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 24.11.2020 година со број на одлука 758/2020 назначи генерален координатор на Друштвото за татковината Македонија.
Генерален кординатор за татковината Македонија – г-дин Ламбе Шатровски
За основни задачи на Македонско друштво “Илинден”-Тирана се утврдени:
- Заштита на малцинските права на Македонското национално малцинство во Албанија.
- Организација на фолклорни фестивали во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора.
- Активности за запознавање и промоција на културните вредности на Македонското Национално Малцинство во Албанија.
- Организација на курсеви по Македонски јазик.
- Заштита на мајчиниот јазик и народните костуми и обичаи.
- Зближување на младите, независно од нивната национална, верска или социјална припадност, со цел за соработка кон подобра иднина.
- Организирање на семинари, предавања, спортски збиднувања со цел за запознавање и здружување на младината.
- Создавање на центар за советување за млади за спречување на негативните ефекти кои се појавуваат во нивните животи, како: наркоманија, алкохолизам, трговија со луѓе, проституција и сл.
- Поттик на младите да бидат промотери на еколошките вредности и биолошкиот диверзитет во Голо Брдо.
- Обезбедување хуманитарна помош од странски или домашни партнери за поддршка на програмите и проектите на здружението за помош на младите.
- Извршување на студии и истражувања на полето на социјални служби и правата на младите луѓе.
- Информирање на јавноста и надлежните власти за проблемите на младите како: образование, вработување и интегрирање во општествотo.
- Лобирање за правата на младината, зголемувајќи го влијанието во делот на правните реформи и примена на постоечката легислатива за оваа таргет група.
- Организирање на културно-уметничка програма, телевизиски програми за млади и проблематиката која нив ги засега, како и нивна публикација во весници, списанија, документи, летоци итн.
- Извршување на секое дејство и иницијатива што ќе послужи за постигнување на целите на ова Здружение и што е во согласност албанската легислатива во сила.