Поставена биста на големито писател Стеријо Спасе во Глобочани–Мала Преспа
Денеска во Глобочени-Мала Преспа е поставена бистата на големиот писател од македонско потекло во Албанија, Стерјо Спасе. Бројната македонска заедница во Албанија, тамошната културна јавност, Министерството за култура и други повикани институции, денеска со повеќе манифестации во селото Глобочани, неговото родно место, го одбележуват големиот јубилеј-100 години од раѓањето на Стерјо Спасе. Манифестациите ги организира општина Пустец. Бистата на писателот Стерјо Спасе, поставена во селото Глобочани, е донација на македонскиот бизнисмен Минчо Јорданов авторско дело од Валентина Стефановска, бесплатно изработено за Македонците во Албанија.Во организација на Општината Пустец, денеска се одржува фолклорниот фестивал: “Преспе-2014” со учество на фолклорни групи од Мала Преспа. Стерјо Спасе, голем мајстор на пишуваниот збор, е роден 1914 година во Глобочани. Починал во 1989 година во Тирана.Тој е поснат писател од македонско потекло и еден од најзначајните претставници на современата албанска поезија. Познат е и како антологичар, преведувач, учебникар и собирач на македонски народни умотворби.
www.ilinden-tirana.com