Петтата годишна конференција на иселеничките организации
Во организација на Агенцијата за Иселеништво во Скопје, Македонија од 23-24 јули 2014 година се одржи четврта конференција на иселеничките организации. Македонското друштво “Илинден “-Тирана учестуа како гости на конфернцијата на иселеничките организации со г-дин Ламбе Шатровси преставник на друштвото. На конференцијата присуствуваа 115 претставници од 143 иселенички организации од четири континенти и 20 гости од организации на Македонците и заедниците во соседството. На конференцијата присуствува и пратениците од диаспората во собранието на Република Македонија Ристо Манчев, Павле Саздов, Васко Наумовски.
Македонската дијаспора без разлика на сите предизвици никогаш не ги заборавила своите корени, својот македонски јазик, својата вера, својот фолклор и убава песна, односно никогаш не го заборавила својот национален идентитет рече претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски. На свеченото затворање на конференцијата на иселенички организации претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов доделени одликувања и признанија “Македонија памти” на физички и правни лица од иселеништво за особени заслуги и достигнувања за афирмација на Република Македонија во светот, во сите области на општествено делување.
www.ilinden-tirana.com