News

Агенција за Туризам на Албанија ќе ја попрви грешката со името Македонија

 

Само ден по доставната писмена реакција, македонското друштво “Илинден”-Тирана доби позитивен одговор од Националната Агенција за Туризам на Република Албанија. Врз основа на реакцијата и забелешките околу содржината на “Турист Мап” доставена од македонското друштво “Илинден”-Тирана сакаме да ве информираме дека забелешките и барањата ќе бидат земени во предвид и направената грешка ќе биде отстранета, – стои во известието до македонското друштво “Илинден”-Тирана. Во истото се објаснува дека што се однесува до ФИРОМ, се базирале на google maps, додека не внесувањето на граничните премини тие биле земени од веб сајтот на Министерството на звнтарешни работи на Албанија, каде  како што се наведува, преминот Требиште-Џепиште не постои како премин. Ви благодариме за разбирањето и искаживаме посдготвеност за понатамошна соработка,- стои на крајот од известието. Реакцијата од името на сите Македонци во Република Албанија се однесува на тоа што на туристичката мапа Македонија ја пишуваат ФИРОМ. Од името на сите Македонци во Албанија доставивме писмо лично до генералната дректорка на Агенцијата, Јулијана Даме со кое побаравме воочените грешки да се остранат и во туристичката карта да се промовираа и тиризмот во областите Голо Брдо, Гора и Преспа каде што главно живеат Македонци а кои како што е познато изобилуваат со идеални услови за тоа. За таа цел, друштвото искажа подготвеност за соработка со Агенцијата. На туристичката карта “Турист мап” која е објавена од страна на Агенцијата, македонската држава е напишана MACEDONIA FYROM а така стои и во рубриката Embassies FYROM MACEDONIA. Во другите рубирки стои само MACEDONIA. На мапата воопшто не постои граничниот премин Требиште-Џепиште на албанско-македонската граница кај Дебар во областа Голо Брдо.


www.ilinden-tirana.com

Честитка до верниците со Исламска Вероисповед

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо честит Курбан Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година.


 

www.ilinden-tirana.com

Денеска е „Европскиот ден на јазици“

Секоја година на 26 септември се одбележува Европскиот ден на јазиците. На 6 декември 2001 Советот на Европа со подршка на Европскта унија го прогласи овој ден за официјален. Целта на празникот е да охрабри учењето на странски јазици во Европа.


 

Основни цели на Европскиот ден на јазиците е да се информира јавноста за важноста од изучувањето на странски јазици, да го подигне нивото на повеќејазичноста и интеркултурно разбирање, како и да промовира богатата  јазична и културна разновидност во Европа.


www.ilinden-tirana.com

ИПА Програмата за прекугранична соработка МК-АЛ

 

 

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај  на 23.09.2014 година во  Хотел Тирана Интернационал  учестува на саем “ИПА Програмата за прекугранична соработка МК-АЛ”. На церемонијата на отворањето на саемот присуствуваа министерот за европска интеграција на Република Албанија г-ѓа Клајда Ѓоша, министерот за локална самоуправа на Република Македонија г-дин Лирим Шабани, директор на регионалните програми  во одделот на Европската комисија за проширување  г-дин Унгве Енгстром и претставници на невладини организации од Македонија и Албанија. Саемот се организирана со поддршка на делегациите на ЕУ од Македонија и Албанија, под покровителство на Министерството за европски интеграции на Република Албанија и Министерството за локална самоуправа и самоуправа на Република Македонија.

www.ilinden-tirana.com

Македонис од САД во посета кај Македонците во Тирана

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај осварија средба со Македонистот Ериц Хеат Прендергаст од САД. Ериц е роден во Медисон Висконсин студира во Университетот на Калифорнија во Беркли. Гостинот се информира за активностите на друштвото и за положбата на македонците во Тирана, Голо Брдо, Гора и Мала Преспа. Цел на средбата беше гостинот да се запознае со дијалектот, обичаите, традицијата, фолклорот на Македонците во Република Албанија. Во срдечна атмосфера разговорите со гостинот од САД се водеа на македонски јазик.


 

www.ilinden-tirana.com

Истражувач од Москва во посета кај Македонците во Тирана

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај, потпретседателот Незир Меча и неколку членови на друштвото осварија средба со Максим Макарцев, истражувач од Институтот за славистика при Руската Академија на Науки во Москва Руска Федерација гостинот се информира за состојбата на Македонското национално малцинство во Република Албанија.


Максим Макарцев, Руски истражувач во Тирана

Цел на средбата со Македонците во Тирана беше да се запознае со дијалектот, обичаите, традицијата, фолклорот празниците, свабите, крштевките, обичаи и околу живот на Македонското национално малциство кое живее во Тирана. Во срдечна атмосфера разговорите со гостинот од Руска федерација  се водеа на македонски јазик. И на крај на двострано задоволство Македонците во Тирана добија ветување дека нема да бидат заборавени и дека ќе бидат повторно посетени во најскоро време.


 

www.ilinden-tirana.com

Прием за 8 – ми септември

Во Хотел Тирана Интернационал амбасада на Република Македонија во Тирана организира прием за 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана учество со претседателот Никола Ѓурѓај секретар Незир Меча и генарален координатор Стојанка Палко.


 

www.ilinden-tirana.com

Честит 8 – ми септември

 

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви го честитаме 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија, да го почитуваме и славиме овој голем ден.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо 
Претседател Ули Халилај

 

www.ilinden-tirana.com

Македонците во Република Албанија

Македонското население кое после 1912 година, останало во пограничните делови на албанската држава било сконцентрирано во:

Голо Брдо со 22 села населени со Македонци Врница, Требиште (Горна Мала, Долна Мала, Онаа Мала) Мало Острени (Малестрени), Големо Острени, Пасинки, Миреши, Владимерица, Ѓиновец, Окштун, Борово, Клење, Којовец, Лешничани, Радоешта, Себишт, Стеблево, Смолник, Тучепи, Оржаново.


Областа Голо Брдо


Полени помеѓу Маќелара и Пешкупеја има 3 Македонски села Горна Крчиште, Долна Крчиште и Ербеле.

Македонци во народнија носија Горна Крчиште, Долна Крчиште и Ербеле


Горија (североно – источно од Корча на Албанска и Грчка граница во правец на Костур) 1 село од Егејскот дел на Македонија во Албанија има едно села Врбник, Билишта.


Македонска народнија носија Врбник


Мала Преспа 9 села населени со Македонци Туминец, Горна Горица, Долна Горица, Глобочани, Шулин, Пустец, Леска, Зрноско и Церје.


Македонска народнија носија Мала Преспа


Гора (северно – источно од Кукс) 9 села Гора (северно – источно од Кукс) 9 села Шиштеец, Орешек, Цернелево, Борје, Оргоста, Запод, Кошаришта, Пакишa, Очикле.


Македонска народнија носија областа Гора


Покрај селата Македонците се концентрирани и во поголемите градови во Република Албанија како Тирана нај концентрирани ги има во областа 1 и 2, Корча, Поградец, Билишта, Драч, Елбасан, Либражд, Фиер, Кукс, Валона. Миграците почнале од 1923, 1929, 1939 година нај големи миграции од етничките области е напраено во периодот од 1949 до 1960 година. Во Тирана првите миграција на Македонците од Голо Брдо, Гора, Река, Струга, Охрид се од Првата светска војна 1915 -1917 година.


Организирањето на Македонците во Република Албанија


Македонците во Република Албанија по распаднат на комунизмот во Република Албанија во 1990 година почна да се организира на разни политички и културни друштва. Македонците од областа Голо Брдо се организираа во политичкото друштво ‘’Братство’’ со седиште во Тирана. Во март 1993 година се формира политичко друштво ‘’Мир’’ со седиште во Тирана. Во 1992-1993 година се печатеше весникот Мир за финациски причини не се печатит. Во април 2008 година се формира фудбалски клуб Фк Македонија со седиште во Тирана. На 06.02.2009 година во Тирана e формирано Македонско друштво ”Илинден”-Тирана со седиште во Тирана. На 15.10.2012 година е формиранао Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо со седиште Требиште Голо Брдо.

Кника “За Вормица и Вормичаните”

 

 

Авторот Коле Нина издаде книга “За Вормица и Вормичаните” книгата опишува историјата, обичајте, културата на село Врница и Бормичаните. Авторот со ова книга дава значен придонес за зачувување и промоција на македонската култура, и традиција на областа Голо Брдо. Книгата “За Вормица и Вормичаните” ќе помогне многу за новите генераци, за се запознат со македонската култура на македонците во Албанија. Кингата е испечатено на албански јазик се прават напори да се испечати и на македонски јазик.

Куса биографија на авторот:

Коле Торпе Нина роден на 07.12.1947 година во село Врница, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, зарши средно воено училиште струка врски, и факултет за електро инџинер во Тирана.


www.ilinden-tirana.com