Летен камп – 2014 “Ја сакам Македонија“

 

Македонско друштво “Илинден“Тирана учестуа на Летен камп-2014 “Ја сакам Македонија“ со 2 деца Македонци од Тирана. Македонско друштво “Илинден“Тирана Огранок Голо Брдо учестува со 7 деца Македонци од областа Голо Брдо. Летен камп-2014 „Ја сакам Македонија“ е под покровителство на Владата на Република Македонија, а во организација на Министерството за надворешни работи од 10 до 17 август во Охрид, Република Македонија првпат ќе учествуваат 100 ученици Македонци од соседните земји, од балканските земји и од дијаспората. Програмата на кампот опфаќа содржини за подигање на степенот на учесниците за познавањата за Македонија од областа на македонскиот јазик, историјата, географијата, културата, обичаите и традицијата, како и меѓусебното поврзување и соработка. Престојот на учесниците на Летниот камп Охрид -2014 “Ја сакам Македонија“ ќе биде збогатен со забава и спортски игри, како и со посета на повеќе културно-историски знаменитости во градот Охрид и Охридското крајбрежие Самоиловата тврдина, Галеријата на икони, Плаошник, црквата Св. Софија, манастирот Св. Наум и Музејот на вода.


www.ilinden-tirana.com