Награда “Илинден” се дели од 06.02.2019 година од Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана за особен придонес за Македонско национално малциство во Република Алабнија. Наградата “Илинден” се доделуваат на поединци граѓани, на правни лица, државни органи, установи, владини и невладини организации, дипломати, меѓународни организации и други асоцијации. Наградата “Илинден” е признание што се доделува за работи и дела што заслужуваат признание, ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај.
Награда “Илинден”
- Н.Е. Д-р Ѓорге Иванов – Претседател на Република Македонија (2019)
- Н.Е. г-дин Илир Мета – Претседател на Република Албанија (2019)
- Архимандрит г. Партениј – Игумен на Свештената Бигорска Обител, Маврово-Ростуше, Република Македонија (2019)
- Г-дин Бил Николов – Претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) – Канада (2019)
- Проф.д-р Катерина Тодороска – Научен советник во Институт за Национална Историја – Скопје, Република Македонија (2020)
- Г-дин Васил Стерјовски – Пратеник од Македонска алијанса за европска интеграција во Собранието на Република Албанија и Претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (2020)