Ознака: <span>Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана</span>

Македонците во Албанија испишаа историја: Македонско друштво “Илинден“-Тирана домаќин на 29. семинар на АГСМ при ФУЕН за словенските малцинства во Европа

29-тиот семинар на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН ќе се одржи од 4 до 7 јуни во главниот град на Албанија, Тирана. Средбата е организирана од ФУЕН во соработка со членката Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

Семинарот ќе ги собере претставниците на словенските малцинства од цела Европа и ќе обезбеди простор за размена, вмрежување и внатрешни консултации.

Во 2026 година, АГСМ исто така ја слави својата 30-годишнина. Фактот дека годишниот семинар се одржува во Албанија за прв пат во текот на оваа јубилејна година е од особено значење за работната група и нејзиниот говорник, д-р Хартмут Лајпнер, потпретседател на ФУЕН. Фокусот оваа година ќе биде на состојбата на македонското национално малцинство во Албанија, како и на прашањата за јазикот, образованието, културниот идентитет, политичкото учество и институционалното признавање.

Дополнително, семинарот ќе се осврне на улогата на националните малцинства во Западен Балкан на патот кон Европската Унија. Дискусиите ќе се фокусираат на важноста на правата на малцинствата, владеењето на правото, прекуграничната соработка и општественото учество за европската перспектива на регионот. Особено во разновиден регион како што е Западен Балкан, малцинствата не се само субјекти на заштита, туку и актери на дијалог и регионално разбирање.

Се очекува претставници од организациите на малцинствата, политиката, администрацијата, академијата и граѓанското општество да присуствуваат на семинарот. Покрај експертските придонеси и дискусии, планирани се и внатрешни работни сесии на AGSM, за време на кои организациите-членки ќе известуваат за актуелните случувања во нивните заедници и ќе ги координираат идните активности. Средбите со земјата домаќин се исто така дел од програмата: учесниците ќе добијат увид во историјата на Албанија, денешната реалност и институционалниот пејзаж, како и во трагите на малцинствата во Тирана.

Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН е основана во 1996 година и ги обединува организациите на словенските малцинства од различни европски земји. Како дел од мрежата ФУЕН, таа им нуди на своите членови платформа за размена, соработка и заедничко претставување на интересите. Годишната серија семинари се одржува секоја година во различен регион со словенско малцинство и дава увид во состојбата на соодветната заедница на терен./https://fuen.org/en/article/29th-Seminar-of-the-Slavic-Minorities-in-Europe-to-take-place-in-Albania-for-the-first-time

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод денот на македонските и сесловенските просветителин Свети Кирил и Методиј

По повод 24 мај ден на македонските и сесловенските просветителин Свети Кирил и Методиј, македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г. г. Стефан и до сите Македонци каде и да се.

Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на вашето свештенство и на сите православни верници, на Македонците каде и да се, да ви го честитаме 24 мај ден на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.

Се додава дека со празнувањето им се оддава почит на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј, како основоположници на словенската писменост и литература, основачи на првата словенска азбука – глаголица, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи.

Нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот. Делото на светите Кирил и Методиј живеело со векови, живее и ќе живее за навек. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана потпиша Меморандум за соработка со Здружение “ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора

Македонско друштво “Илинден“-Тирана преставувано од претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, во Тирана потпишаа Меморандум за соработка со Здружение „ВАРДАР-МКД“ од Подгорица, Црна Гора, преставувано од Потпретседател Адвокат Никола Ангеловски, со цел промоција на македонските национални малцинства во Република Албанија и Република Црна Гора на национално и меѓународно ниво.

Двете Здруженија покажаа интерес за градење на партнерство во спроведување на конкретни проектни активности со намера да ги реализираат заедничките цели преку взаемни проекти.

Нивна цел ќе биде да спроведуваат истражувања, креирање, развој и промоција во разни манифестации, како и промовирање и поддршка на научни, културно-уметнички, спортски и хуманитарни активности и манифестации.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Фитер Бајрам

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Фитер Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година. Ви посакуваме во вашите фамилји да владеат здравјето, мирот и среќата!

Слика: Џамија Етхем Беут во Тирана

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот Никола Ѓурѓај

Донацијата на “Матица македонска” реализирана преку Македонско друштво “Илинден“-Тирана, претставува најголем дар на книги за Македонците во Албанија

Со голема донација за Македонците во Албанија се заокружува иницијативата „Подари книга, подари свет“ на „Матица“

Донацијата од „Матица македонска“ е најголемиот и највреден дар од книги на македонски јазик што досега е даден за Македонците во Албанија.

Со голема донација од книги за Македонците во Албанија, денес се заокружува иницијативата „Подари книга, подари свет“ што „Матица македонска“ ја покрена по повод Меѓународниот ден на дарувањето книги, во рамките на чествувањето на 35-годишнината од своето основање. Клучни книги за македонската историја, студии за македонскиот јазик, избрани дела од дел од најзначајните македонски поети и прозаисти, дела од и за македонската книжевна историја, монографски изданија за македонската култура и антологии се само дел од донацијата на „Матица македонска“ за Македонското друштво „Илинден“ од Тирана. Друштвото е формирано во 2009 година со цел да се заштити македонското национално малцинство во Република Албанија и е првото друштво на Македонци надвор од матичната држава што е рамноправен член со право на глас во Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Донацијата од „Матица македонска“ е најголемиот и највреден дар од книги на македонски јазик што досега е даден за Македонците во Албанија.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана упатува искрена благодарност до „Матица македонска“ за вредната донација со македонска литература. Оваа значајна иницијатива претставува силна поддршка и дополнителен поттик за зачувување, негување и афирмација на македонскиот јазик, култура и идентитет меѓу Македонците во Република Албанија. Со вакви дела на солидарност и соработка се зацврстуваат културните врски и се создаваат нови можности за понатамошна поддршка и заеднички активности. Гестот и заложбата на првата издавачка куќа во самостојна Македонија, Македонците од Албанија, вклучително и младите генерации да имаат можност да читаат и да се едуцираат на македонски јазик од вредни дела, притоа осознавајќи многу за македонскиот идентитет е од суштинско значење за нас и за остварување на нашата цел, истакнува претседателот на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, Никола Ѓурѓај.

Донацијата од „Матица македонска“ содржи изданија што ќе можат да ги опфатат сите предели каде што живее македонското национално малцинство во Албанија и каде што Македонкото друштво „Илинден“ има активности, вклучително и преку органокот во Голо Брдо. Оваа акција на првата издавачка куќа во самостојна Македонија се случува во клучен период на предизвици за македонското национално малцинство во Албанија, а непосредно откако Македонското друштво „Илинден“, на 6 февруари одбележа 17 години постоење.

Инаку, иницијативата „Подари книга, подари свет“ што се заокружува со оваа донација, „Матица македонска“ ја почна со идеја за првпат во Македонија на повиско ниво да се чествува Меѓународниот ден на дарувањето книги, воспоставен заради поттикнување на љубовта кон читањето и овозможување пристап до книги за деца ширум светот. Но со интересот што го предизвика иницијативата кон којашто се приклучија и општествено одговорни компании, јавни личности, институции и огромен број читатели од клубот „Матица“ прерасна во најголема акција и иницијатива за дарување книги во нашата држава, со исклучително масовен интерес.

Во текот на изминатите недели, во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“, „Матица македонска“ оствари уште неколку значајни донации од книги. Голема донација од книги доби и Друштвото на иселениците од Македонија „Егемакгоч“ во Измир, Турција. Во ова Друштво, покрај иселеници-Турци што иако отселени во 1957 година сѐ уште со гордост го зборуваат македонскиот јазик, членуваат и нивните потомци – до најмладите генерации родени таму во 21. век, коишто имаат желба да го научат и да зборуваат, читаат и пишуваат на јазикот на земјата од којашто потекнуваат – македонскиот, и љубовта кон него и кон Македонија да се пренесува од генерација на генерација. Само еден ден откако беше објавено дека во уште едно училиште во Хрватска, во градот Света Недела во близина на Самобор ќе се изучуваат македонскиот јазик и култура, веќе се случи првата донација од Македонија за училиштето. „Матица македонска“ испрати голема донација од книги во Хрватска, за учениците што ќе го учат предметот Македонски јазик и култура во Света Недела. На Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, заедно со „Алкалоид“, „Матица македонска’ донираше капитални дела за македонистиката на Катедрата за македонски јазик и книжевност на Филолозофскиот факултет при Универзитетот во Љубљана – првиот македонистички центар на универзитет надвор од Македонија. Во пресрет на јубилејот 65 години од отворањето на првиот лекторат по македонски јазик во светот, оваа донација е и првата поддршка во ваков формат упатена од Македонија до љубљанската македонистичка Катедра по овој повод.

Месецот на дарувањето во рамките на иницијативата „Подари книга, подари свет“ заврши, но донациите коишто „Матица македонска“ ги остварува постојано во рамките на својата мисија за афирмација на македонската книжевност ќе ги има и натаму.

„Матица македонска“ продолжува со бројни активности во знакот на 35-годишината од основањето, со многу нови вредни изданија за сите генерации.

Честитка по повод Меѓународен ден на мајчиниот јазик од Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на Меѓународен ден на мајчиниот јазик 21 февруари, упатува искрена честитка до македонскато национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот.

Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ.

Знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонскато национално малцинство во Република Албанија, значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите културни и верски традици.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана
Претседателот Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана го прошири својот официјален сајт и на англиски јазик, покрај македонскиот и албанскиот

Македонско друштво “Илинден“-Тирана го прошири својот официјален сајт и на англиски јазик, покрај македонскиот и албанскиот. Со ова, нашите активности и ангажмани стануваат подостапни и за меѓународната јавност.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана е формиранао 06.02.2009 во Тирана. Од група граѓани со Mакедонско потекло што живе во Тирана, со цел заштита на Македонското национално малцинство во Република Албанија. За основни задачи на Македонското друштво “Илинден“-Тирана се утврдени заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, верски, културен и наследство на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана член е на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства.

Линк: https://ilinden-tirana.com/en/

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана 

Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден“–Тирана ја поддржава тужбата на Македонската алијанса за европска интеграција против мигрантските центри во општина Пустец

Македонско друштво “Илинден“-Тирана дава целосна поддршка на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) за поднесената тужба до Управниот суд во Тирана против одлуката на Владата за отворање три центри за мигранти на територијата на општина Пустец.

Сметаме дека оваа одлука е донесена без консултација, без јавна расправа и без почитување на правата и интересите на македонците во општина Пустец и што сериозно се нарушуваат принципите на локална самоуправа, демократско учество и заштита на правата на националните малцинства.

Општина Пустец, како средина во која живее македонско национално малцинство, мора да биде третирана со посебна внимателност и во согласност со меѓународните стандарди за заштита на малцинските права.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја повикува Владата на Република Албанија да ја преиспита донесената одлука.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана апелира на претпазливост поради влошување на временските услови

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја информира јавноста дека земјата се соочува со влошување на временските услови, придружени со интензивни врнежи од дожд и снег, силни ветрови, како и ризик од поплави и лизгање на земјиштето.

Во оваа ситуација, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува граѓаните да покажат максимална претпазливост и да преземат потребни мерки за да избегнат ризици:

  • избегнување на непотребни движења, особено во загрозените подрачја;
  • почитување на правилата за сообраќај на патиштата и упатствата од надлежните органи;
  • внимателно следење на официјалните најави и информации од одговорните институции и структурите за итни случаи.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана апелира на граѓанска одговорност, со цел да се минимизираат можните последици и да се заштитат животите и безбедноста на граѓаните.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана