Ознака: <span>Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана</span>

Македонско друштво “Илинден“-Тирана го честита 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува искрени честитки по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

На 23 октомври 1893 година, во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Христо Ботанџиев го формирале Македонскиот револуционерен комитет, од кој подоцна произлегла Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО).

Овој историски чин претставува значаен момент во развојот на организираното македонско револуционерно движење, чија цел била ослободувањето на Македонија со сопствени сили. Во борбата за слобода, достоинство и национални права учествувале и Македонци од Албанија, давајќи свој придонес во македонската револуционерна борба.

По повод овој значаен историски датум, Македонско друштво “Илинден“-Тирана повикува на почитување и зачувување на историското наследство, националниот идентитет, јазикот и културата, како и на негување на вредностите на слободата, единството и достоинството.

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Македонско друштво “Илинден“-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја поддржува иницијативата за впишување на Преспанскиот Регион на Листата на светското наследство на УНЕСКО

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја поздравува и ја поддржува иницијативата на Албанија, Македонија и Грција за впишување на Преспанскиот Регион на Листата на светското наследство на Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО).

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја поздравува Изјавата за заедничка подготовка на номинацијата на Преспанскиот Регион за Листата на светското наследство на УНЕСКО, потпишана од Бленди Гонџја, министер за туризам, култура и спорт на Албанија, Седат Сулејмани, министер за култура и туризам на Македонија и Лина Мендони, министерка за култура на Грција.

Преспанскиот Регион претставува исклучително природно, историско и културно богатство што ги поврзува трите земји. Неговите уникатни природни вредности, биолошката разновидност и богатото културно наследство се од особено значење не само за локалните заедници, туку и за поширокиот регион и за европското културно и природно наследство.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана смета дека оваа иницијатива претставува значаен чекор кон зајакнување на прекуграничната соработка, заедничката заштита и промоцијата на природното и културното наследство, како и кон создавање нови можности за локалното население преку развој на одржливиот туризам.

Впишувањето на Преспанскиот Регион на Листата на светското наследство на УНЕСКО би придонело за неговата меѓународна афирмација, зајакнување на заштитата на неговите исклучителни вредности и поттикнување одржлив економски развој, со целосно почитување на природата, традициите и културниот идентитет на локалните заедници.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја изразува својата целосна поддршка за сите напори насочени кон зачувување на заедничкото природно и културно наследство и унапредување на соработката меѓу Албанија, Македонија и Грција.

Заштитата на Преспанскиот Регион е заедничка одговорност и важна инвестиција во иднината, во интерес на сегашните и идните генерации.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!

Македонското друштво “Илинден“-Тирана им го честита 11 Октомври на сите Македонци, денот кога во 1941 година македонскиот народ се крена на востание против нацистичкиот и фашистичкиот окупатор, започнувајќи ја борбата за слобода и самостојност.

Македонците од Албанија, рамо до рамо со своите сонародници, учествуваа во македонските партизански единици за време на Втората светска војна, давајќи значаен придонес во борбата за ослободување на Македонија од наци-фашистичкиот окупатор.

Со длабока почит им оддаваме признание на сите храбри борци кои ги положија своите животи за слободата, независноста и самоопределувањето на македонскиот народ.

Нека вечно се чуваат македонскиот идентитет, јазикот, културата и историското наследство!

Честит 11 Октомври 1941!

Македонско друштво “Илинден“-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита среќен 26 Септември денот на европските јазици

Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 Септември денот на европските јазици упатува искрена честитка.

Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ.

Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет. Важноста на јазичната разновидност и повеќејазичноста е нагласена на европскиот ден на јазиците, кој секоја година се слави со разни настани на 26 септември, со иницијатива на Советот на Европа од 2002 година.

Советот на Европа, со 800 милиони Европејци претставени од 47 земји, ги повикува сите Европејци да научат повеќе јазици на која било возраст, во училиште или надвор од училиште.

Јазичната разновидност е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање и важен дел од богатото наследство на европскиот континент, ја охрабрува повеќејазичноста низ цела Европа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви посакува успешна учебна година!

Македонското друштво “Илинден“-Тирана им посакува на сите ученици и наставници успешна учебна година, исполнета со знаење, посветеност, успеси и нови достигнувања.

Нека биде ова убава и успешна година за сите!

Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод 8-ми септември Денот на независноста на татковината Македонија

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!

Македонско друштво “Илинден“-Тирана Ви го честита 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.

Оваа година одбележуваме 35 години од независноста на Македонија – голем и значаен историски ден, кој со гордост го чествуваме и почитуваме.

Во создавањето, зачувувањето и афирмирањето на македонската национална свест и стремежот кон слободна и независна Македонија, свој придонес имаат дадено и Македонците од Албанија.

Со негувањето на македонскиот јазик, култура, традиција и националниот идентитет, Македонците од Албанија со гордост се дел од македонската историја и одбележувањето на овој голем празник.

Нека е вечен споменот на сите оние кои придонесоа за слободна и независна Македонија. Да го чуваме, почитуваме и славиме овој голем ден со гордост, достоинство и љубов.

Нека е честит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден“-Тирана бара официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна и на македонски јазик

Македонско друштво “Илинден“–Тирана упати официјално барање до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот на Општинскиот совет и членовите на Советот, со кое бара официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик.

Иницијативата се темели на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“, кој ги гарантира правата на националните малцинства, вклучително и правото на употреба на нивниот јазик во комуникацијата со органите на локалната самоуправа во средините каде што тие традиционално живеат.

Овозможувањето на официјалната веб-страница на Општина Пустец и на македонски јазик ќе претставува важен чекор кон практична примена на правата на македонското национално малцинство, ќе го подобри пристапот на граѓаните до јавните информации и ќе ја унапреди комуникацијата со локалните институции.

Оваа иницијатива ќе придонесе за поголема институционална транспарентност, почитување на јазичната и културната разновидност и доследно спроведување на националните и меѓународните стандарди за заштита на правата на националните малцинства.

Барањето е доставено и до Комесарот за заштита од дискриминација, како и до Народниот правобранител на Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден“–Тирана изразува уверување дека надлежните институции ќе го разгледаат барањето со должно внимание и ќе преземат конкретни чекори за официјалната веб-страница на Општина Пустец да биде достапна и на македонски јазик, во согласност со законските обврски и принципите на еднаквост и недискриминација.

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден

Слика: Излет на Македонците за Илинден во Тирана во 1937 година

Македонското друштво „Илинден“ ви го честита Денот на Републиката – 2 Август, празникот на двата историски Илиндена: 123 години од Илинденското востание и 82 година од Првото заседание на АСНОМ.

Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, посветен на Илинденското востание од 1903 година, како и на славниот Илинден од 1944 година, кога беа поставени темелите на современата македонска државност.

Илинден е ден кога со длабока почит се сеќаваме на бројните револуционери и борци кои со својата храброст, пожртвуваност и крв ги испишаа најславните страници од историјата на македонскиот народ.

Да го одбележиме Денот на двата Илиндена со почит, гордост и достоинство, како што му прилега на овој голем национален празник.

Честит 2 Август – Денот на Републиката! Нека е вечен Илинден!

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

Музичката група „Бајрами“ од округот Орешек Гора настапи на свечената вечера по повод 30-годишнината од Работната група на словенечките малцинства (АГСМ) во Тирана

Во рамките на 29-тиот Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, организиран од Федерална унија на европски националности во соработка со Македонско друштво „Илинден“-Тирана.

Посебен момент беше гала-вечерата по повод 30 години од постоењето на Работната група на словенските малцинства (АГСМ), каде во свечена атмосфера беше одбележан овој значаен јубилеј.

 За дополнително збогатување на програмата настапи македонската музичка група „Бајрами“ од селото Орешек, област Гора. Со изведба на традиционални песни и автентични музички мотиви од областа Гора, тие внесоа посебна емоција и гордост, достојно претставувајќи ја културата и традиција од областа

Настанот беше уште една потврда за важноста на културната дипломатија и заедничкото дејствување во насока на зачувување и афирмација на националниот и културниот идентитет на словенските малцинства во Европа.

Продолжува во Тирана 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Во Тирана продолжува 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

Претставници на словенските малцинства од 20 организаци со 40 преставници од 11 држави Албанија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Естонија, Украина, Унгарија, Србија, Италија, Словачка.

Денска семинарот продолжи со посета на Парламентот на Република Албанија, се одржа панел дискусија: „Западен Балкан и неговите национални малцинства на патот кон ЕУ“ со Модератор: д-р Хартмунт Лајпнер, претседател на Работната група за словенски малцинства (АГСМ) и потпретседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на панел дискусија учество зема Атанас Плоча, заменик градоначалник на општина Пустец, Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Дејан Чулафиќ, предавач на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ Скадар, Ентела Бињаку, директор на фондацијата  „Хариет Мартино“, припадник на Влашкото национално малцинство во Албанија.

Истовремено, се дискутираше за работата на работната група на словенски малцинства (АГСМ). На крајот се одржа гала вечера 30 години работната група на словенски малцинства (АГСМ) пристапи и македонска музичка група „Бајрами“ од село Орешек областа Гора.