Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше во Виена на 25 – ти семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше во Виена на 25 – ти семинар на работната група на словенските малцинства во Европа при ФУЕН oд 17 до 20 ноември 2022 година во Виена, Австрија. Организатор на семинарот беше Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во соработка со Хрватскиот центар за култура, образование и политика (Хрватски центар) и Хрватското културно друштво во Бургенланд (ХКД), како и со Хрватски академски клуб. Покрај другите, во работа на семинарот учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Македонското друштво “Илинден“-Тирана како членка на ФУЕН, истовремено е и дел на работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) при ФУЕН. На овој семинар од страна на претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај беше презентиран “Положбата на Македонците во Албанија и положбата на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и проблемите што ги застегат Македонците во Република Албанија.

Еден од најважните моменти на програмата е размената со членовите на австрискиот парламент на 18 ноември во Хофбург, на која беа поканети сите пратеници на етничките групи. Фокусот беше ставен на заштитата на етничките групи во Австрија, европската и меѓународната димензија, како и двојазичните образовни модели и примерите на најдобри практики од малцинскиот училишен систем. Настанот се организира во соработка со Клубот на пратеници на зелените.

Потоа, учесниците го истражуваат граничниот триаголник Австрија/Словачка/Унгарија во посета на Нојдорф/Ново Село, Австрија, Безенје/Бизоња, Унгарија и Чуново, Словачка.

Наредниот ден на дневен ред беше темата „Етничките групи во метропола/надвор од нивната населба“. Како може таму да се имплементираат правата на етничките групи? Што е со зачувувањето на јазикот, образованието и малцинските медиуми? Овие прашања ќе се испитаат користејќи го примерот на Бургенландските Хрвати во Виена/Беч. Поканети беа претставници од малцинскиот училишен систем, печатот и културните здруженија.

Главната компонента на семинарот работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) и оваа година беше извештаите за моменталната состојба на словенските малцинства во Европа и нивната дискусија, размената за минатите и идните активности на работната група ја изгласа и нов Претседател на  работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) д-р Ангелика Млинар.

Во склоп на семинарот беше доделена културната награда „Метрон“. Културна награда „Метрон“, која Хрватскиот центар ја доделува од 2008 година на личности кои дале посебен придонес за малцинството. Оваа година наградата постхумно му беше доделена на хрватот од Молизе, Италија Антонио Самартино, под покровителство на работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ).

На семинарот присуствува 52 преставни од организации членки на работната група на словенските малцинства во Европа (АГСМ) при ФУЕН од дванаесет Европски земји.