Ознака: <span>Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана</span>

Честито 24 мај денот на македонските и сесловенските просветители Свети. Кирил и Методиј основачи на првата словенска азбука – глаголица

Почитувани Македонци и Македонки. Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Свети. Кирил и Методиј основачи на првата словенска азбука – глаголица.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита Воскресението Христово – Велигден

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честита Воскресението Христово – Велигден со желба да го славите во текот на многу следни години. Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, аво нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите работни места, за нашите семејства, за нашата иднина. На Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нѐ учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отврете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас.
Христос Воскресна!
Навистина Воскресна!

Македонско друштво „Илинден“-Тирана го поздравува почетокот на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана

Македонско друштво „Илинден“-Тирана го поздравува почетокот на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана. Овие културно-информативни центри ќе ја шират и презентираат македонската култура во Албанија и албанската култура во Македонија преку организирање разни настани, изложби, литературни и научни предавања, филмски проекции, промоција во медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересираните граѓани на двете страни. Ова е можност за сите Македонците од сите делови на Албанија, да го посетат Македонскиот културно-информативен центар во Тирана. Со овој чин се реализира тридеценискиот сон на Македонците во Албанија, кои од падот на комунизмот во Албанија и воспоставувањето на плурализмот, постојано иницираше идеи за отворање на дом на културата. Со отворањето на Македонскиот културно – информативен центар во Тирана, дополнително ќе се зголеми соработката меѓу двете држави, ќе се продлабочи културната соработка и ќе се создадат услови за тоа културните работници и институции на двете држави да ја зголемат взаемната соработка и да го презентираат своето творештво.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана посака благословен и лесен рамазански пост

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. Чест ни е, од наше и име на друштвото, до Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа и до сите верници ширум светот да упатиме честитки по повод почетокот на месецот Рамазан, најдрагиот гостин на кој верниците муслимани му се радуваат. Месец во кој молитвите не се одбиваат, и Аллаховата милост е најголема. За многу години, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај. Се посакува да надвладее чувството на хуманост и солидарност, како „главнит карактеристики на месец Рамазан“. Посакуваме, Светиот месец Рамазан, верниците да го минат во добро здравје и духовна исполнетост и Алах да даде сила да се пребродат актуелните тешки времиња и во среќа и радост да минат рамазанските пости, се наведува во честитката на Македонското друштво „Илинден“-Тирана .

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари работна средба со Амбасадорот на Македонија во Албанија Данчо Марковски

Претседателот на македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај во македонската амбасада во Тирана остврави работна средба со амбасадорот Данчо Марковски. На средбата Ѓурѓај го информирал амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. При тоа беа актуализирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малциство во Албанија. Секако амбасадорот беше информиран и за активностите на нашето друштво кое со години е активен субјект меѓу македонската заедница, како и за активностите во Федералната Унија на европските националности (ФУЕН), каде што сме рамноправна членка. Додава дека Марковски покажал исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Многу отворено разговараме за можни активности за надминување на проблемите на Македонците во оваа држава. Секако, во опсегот на неговите надлежности, амбасадорот, Марковски искажа подготвеност да помогне за подобрување на малцинските права на Македонците, посочува тој. Ѓурѓај искажал голема благодарност, за како што оценува, непосредната и срдечна средба.

Македонско друштво “Илинден“-Tирана го поздравува говорот на македонски јазик на Васил Стерјовски во Собранието на Република Албанија

Од создавањето на албансктата држава во 1912 година до денес, на нејзина територија живеат илјадници Македонци. Македонското население во Албанија е политички организиран во единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција. Од нејзините редови македонското национално малцинствво во Албанија го претставува Васил Стерјовски, како пратеник во албанскиот Парламент. Според неговите настапи и ефектите од неговата работа, Македонците имаат достоен претставник во албанскиот највисок дом. На 16 март 2021 година, Васил Стерјовски, за прв пат во историјата на албанскот Парламент ги поздрави Македонците во Албанија на нивниот мајчин македонски јазик. Според Македонско друштво “Илинден“-Tирана ова кратко обраќање на Стерјовски, е еден историскимомент за македонското малцинство во Албанија. Македонско друштво “Илинден“-Tирана го поздравува и посакува да биде пракса и во иднина. Воедно, ја изразуваме и нашата желба за тоа, Васил Стерјовски да обезбеди нов мандат за пратеник во албанското Собрание и да продолжи со рабората на подобрување на животните и работните услови на Макеонците во Албанија.

Среќен Летник

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо ви посакуваме среќен Летник

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод дванаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” По повод дванаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Така и оваа година беа предложени повеќе лица за добивање на благодарница “Илинден” и награда “Илинден”. Од предложените беа избрани лица, кои со својот ангажман придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија. Благодарницата и наградата “Илинден” ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.

Оваа година Награда “Илинден” му се доделува на:

1.Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) – Политичка партија на Македонци во Република Албанија.

Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

1.Работна група на словенски малцинства (АГСМ) – Работна група при Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН).

2.Макарцев Максим Максимович – Виш научен соработник во Институт за славистика на Руската академија на науките – Москва, Руска Федерација.

3.Едмонд Османи – Администратор на административна единица Требиште областа Голо Брдо, и потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција – МАЕИ.       

Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана им ги честитаат наградата и благодарниците на добитниците за 2021 година со надеж дека истите ќе послужат како поттик за натамошен ангажнман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Албанија.

Македонско друштво „Илинден“ -Тирана изразува незадоволство од одлуката на Министерството за култура на Албанија финансиски да не го поддржува одржувањето на „Фолклорниот фестивал на македонското малцинство во Албанија“

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, реагира поради тоа што Министертвото за култура на Албанија, не прифати проект предложен од Македонско друштво „Илинден“-Тирана “Фоклорен фестивал на македонското малциство во Албанија”. Македонското друштво Илинден -Тирана, реагираат за несовесниот и крајно дискриминаторски однос на Министерството за култура и истакнуваат дека треба да добијат финансиска поддршка од државата за реализирање на нивни проекти. Покрај тоа, Македонците истакнуваат дека се лојални граѓани и ги плаќаат сите даноци кон државата, но пари за културни активности на лојалните граѓани со македонско етничко потекло, нема, стои во реакцијата. Посебно се нагласува дека Друштвото на конкурсот аплицирало со проектот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“, што е исклучително значаен проект за македонската заедница во Албанија, но оти истиот не е подржан. Македонците имаат потреба од финансиска поддршка на проектите од страна на Министерството за култура кои се однесуваат на негување на традициите на Македонците кои живеат во Албанија. Во овој случај, државата преку Министерството за култура покажува дека само декларативно се залага за почитување на правата на малцинствата кои живеат на нејзина територија,се наведува во реакцијата. Се додава дека повикот бил објавен од Министертвото за култура на 03 декември 2020 и траел до 08 јануари 2021.

Македонско друштво „Илинден”-Тирана ги повика Македонците од Гора масовно да ја подржат партијата „Единствена горанска партија“

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го подржава „Единствена горанска партија“ на предвремените парламентарни избори во Косово што ќе се одржат на 14 фебруари 2021 година. „Единствена горанска партија“ настапува со своја кандидатска листа, ја имате таа мозност и среќата да гласате за партијата која се залага за вашите права и се бори да се зачува корени, јазикот и индентитет, и посакуваме успеси на „Единствена горанска партија“ и лидерот на партијата Адем Хоџа за сите напори што ги прави за областа Гора. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите жители на областа Гора независно од политичката припадност, да излезат масовно и да гласат за „Единствена горанска партија“ на престојните парламентарни избори за да добијат свој пратеници.