Македонско друштво „Илинден“-Тирана посака благословен и лесен рамазански пост
Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. Чест ни е, од наше и име на друштвото, до Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа и до сите верници ширум светот да упатиме честитки по повод почетокот на месецот Рамазан, најдрагиот гостин на кој верниците муслимани му се радуваат. Месец во кој молитвите не се одбиваат, и Аллаховата милост е најголема. За многу години, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај. Се посакува да надвладее чувството на хуманост и солидарност, како „главнит карактеристики на месец Рамазан“. Посакуваме, Светиот месец Рамазан, верниците да го минат во добро здравје и духовна исполнетост и Алах да даде сила да се пребродат актуелните тешки времиња и во среќа и радост да минат рамазанските пости, се наведува во честитката на Македонското друштво „Илинден“-Тирана .