Македонско друштво „Илинден“ -Тирана изразува незадоволство од одлуката на Министерството за култура на Албанија финансиски да не го поддржува одржувањето на „Фолклорниот фестивал на македонското малцинство во Албанија“
Македонското друштво „Илинден“-Тирана, реагира поради тоа што Министертвото за култура на Албанија, не прифати проект предложен од Македонско друштво „Илинден“-Тирана “Фоклорен фестивал на македонското малциство во Албанија”. Македонското друштво Илинден -Тирана, реагираат за несовесниот и крајно дискриминаторски однос на Министерството за култура и истакнуваат дека треба да добијат финансиска поддршка од државата за реализирање на нивни проекти. Покрај тоа, Македонците истакнуваат дека се лојални граѓани и ги плаќаат сите даноци кон државата, но пари за културни активности на лојалните граѓани со македонско етничко потекло, нема, стои во реакцијата. Посебно се нагласува дека Друштвото на конкурсот аплицирало со проектот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“, што е исклучително значаен проект за македонската заедница во Албанија, но оти истиот не е подржан. Македонците имаат потреба од финансиска поддршка на проектите од страна на Министерството за култура кои се однесуваат на негување на традициите на Македонците кои живеат во Албанија. Во овој случај, државата преку Министерството за култура покажува дека само декларативно се залага за почитување на правата на малцинствата кои живеат на нејзина територија,се наведува во реакцијата. Се додава дека повикот бил објавен од Министертвото за култура на 03 декември 2020 и траел до 08 јануари 2021.