Македонско друштво „Илинден“-Тирана го поздравува почетокот на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана

Македонско друштво „Илинден“-Тирана го поздравува почетокот на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана. Овие културно-информативни центри ќе ја шират и презентираат македонската култура во Албанија и албанската култура во Македонија преку организирање разни настани, изложби, литературни и научни предавања, филмски проекции, промоција во медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересираните граѓани на двете страни. Ова е можност за сите Македонците од сите делови на Албанија, да го посетат Македонскиот културно-информативен центар во Тирана. Со овој чин се реализира тридеценискиот сон на Македонците во Албанија, кои од падот на комунизмот во Албанија и воспоставувањето на плурализмот, постојано иницираше идеи за отворање на дом на културата. Со отворањето на Македонскиот културно – информативен центар во Тирана, дополнително ќе се зголеми соработката меѓу двете држави, ќе се продлабочи културната соработка и ќе се создадат услови за тоа културните работници и институции на двете држави да ја зголемат взаемната соработка и да го презентираат своето творештво.