Ознака: <span>Македонско друштво “Илинден”-Тирана</span>

Преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана на конференција на Федералната унија на европски националности за Западен Балкан, одржена во Скопје, Македонија

Од 6 до 8 март 2025 година во главниот град на Република Македонија се одржа конференцијата на Федералната унија на европски националности (ФУEН) за Западен Балкан насловена „Пристапи за справување со говорот на омраза против малцинствата во Западен Балкан“.

Организатор и домаќин на истата беше Ромскиот центар за комуникации „ДРОМ“ од Куманово, чија одлична организација успеа да привлече претставници на национални малцинства од десетина држави во и вон Западен Балкан. Конференцијата ја отвори извршниот директор на Р.Ц.К. „ДРОН“, Ахмед Јашаревски кој се осврна на потребата од поголема застапеност на теми за состојбата на Ромите во балканските држави и светот, но и за положбата на сите малцинства низ светот.

Поздравно обраќање имаше и претседателот на ФУЕН, Ларант Винце, кој воедно е и член на Европскиот Парламент. Во неговиот говор, исто така, беше апостофирана улогата на малцинствата во секоја од државите не само на Балканот, туку и во европски и светски рамки. При тоа, се осврна и на потребата од едукација кај малцинствата, како на мајчин, така и на јазикот на државата во која живеат.

Како идни носители на општествени дејности во државата малцинските членови треба да ја поседуваат основната алатка со која ќе бидат корисни во општеството, а тоа е јазикот за комуникација на сите граѓани на ниво на држава, но и да го негуваат својот мајчин јазик како начин за пренесување на вредностите на своето малцитство.

На отворањето на конференцијата свое обраќање имаше и министерот без ресор, Шабан Салиу задолжен за имплементација на стратегијата за ромската инклузија 2022-2030.

Во натамошниот дел беше одржана првата панел сесија на тема „Сегашната состојба на макцинствата од Западен Балкан“, додека втората панел сесија се однесуваше на „Адрсирање на говорот на омраза“, а третата беше за „Малцинското образование и образованието за малцинствата“.

На оваа Конференција, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, беа присутни Проф.д-р Катерина Тодороска и Сабина Џелили, координатор на Друштвото за Округот Елбасан.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7-ми март, Денот на учителот

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7 март, Денот на учителот почит до сите учители кои го осветлуваат нашиот пат со своето знаење и посветеност!– стои во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко разочарување за Измените на Изборниот законик

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, изразува длабоко разочарување на одлуката на парламентот да ги одобри измените на Изборниот законик без да се земат предвид барањето на националните малцинства за загарантирани места во парламентот.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана до Федералната унија на европските националности (ФУЕН) поднесе резолуција и каде бараше загарантирано места во парламентот за Македонско национално малциство во Република Албанија, во својот Конгрес во Леуварден, Холандија во 2018, https://fuen.org/assets/upload/editor/FUEN_Resolutions_2018.pdf  Федералната унија на европските националности препорача Република Албанија да гаранитра гарантирани места во парламентот тоа резолуција беше пратнео сите албански институци и во меѓународните инситуци.

Исто и Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, во својот петти мониторинг извештај за Република Албанија објавено во 2023 година, препорача нашата земја да креира позитивни политики за застапеност на малцинствата со загарантирани места во парламентот.

Сегашниот регионален пропорционален изборен систем е дискриминаторски и не гарантира правична застапеност на малцинствата. Географската распространетост на националните малцинствата низ целата територијата на Република Албанија го отежнува ефективно застапување на нивните интереси во парламентот.

Малцинствата се богатство на една земја застапеноста на малцинствата во парламентот ќе ја подобреше демократската застапеност и ќе ја покажеше посветеноста кон европските стандарди за заштита на националните малцинства.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ќе продолжи да се бори за правата и за изборен систем кој гарантира правична и еднаква застапеност за сите граѓани.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Македонското друштво “Илинден“-Тирана бројките на македонското национално малцинство се манипулирани и груб пописен фалсификат

Не ги признаваме и со огорченост ги отфрламе прелиминарните пописни резултати во Република Албанија, кои ги сметаме за груб пописен фалсификат, по желба на Бугарија. Јавна тајна е дека Бугарија го контролираше пописот, што го потврдува и фактот дека во Бугарија за време на пописниот период во Република Албанија, на социјалните мрежи беа објавувани фотографии од пописните фоемулари како се изјаснувале жителите во Република Албанија. Се додава дека “овие податоци се заштитени со закон, но објавуваните материјали покажуваа дека бугарските служби имале пристап до нив”.

Во име на Македонците во Република Албанија не само што не ги признаваме фалсификуваните пописни податоци за македонското национално малцинство, туку бараме и од државата и од меѓународните институции да го сторат истото, бидејќи овие фалсификувани резултати се против уставниот поредок и европските аспирации на Република Албанија. Исто така друштвото бара спроведување на нов попис, заснован на меѓународни стандарди и под меѓународен мониторинг, за да се гарантира чесен и транспарентен процес кој ќе ја одразува етничката реалност во Република Албанија.

Воедно, од Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција да поведе истрага не само за ИНСТАТ, туку и за “сите показатели за незаконски извршена попишувачка активност од страна на попишувачите, бидејќи отворен е сомнежот во нивната улога во пописот”.

Ги повикува европските институции, кои, како што стои во реакцијата, тврдат дека се темелат на демократското однесување во однос на основните човекови права, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонското национално малцинство во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ќе го информира раководството на Федералната унија на европските националности, ФУЕН за грубиот пописен фалсификат, зашто во Албанија “етнички Бугари“ нема. Во ниту еден попис од 11.претходно спроведени ниту едно лице не се изјаснило како Бугарин. Нив ги нема на целата територија на Албанија, освен во бугарската амбасада.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо, Претседател Фатри Фетаху

 

Македонското друштво “Илинден”- Тирана упати честитка до Христијан Мицкоски за изборот за премиер на новата македонска влада

Македонското друштво “Илинден”- Тирана упати честитка до Христијан Мицкоски за изборот за премиер на новата македонска влада.
Дозволете, во мое лично име,  како претставник на Македонците во Република Албанија, и во име на македонското друштво “Илинден”-Тирана, да Ви упатиме најискрени честитки по повод вашиот избор за претседател на Владата на Република Македонија.
Се додава дека македонските граѓани  дадоа огромна поддршка и избраа кој ќе ги води во наредните четири години.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана како најголемо друштво кое ги брани интересите на Македонците во Република Албанија, со нетрпение очекува да соработува со вас и вашата администрација во напорите за зајакнување на врските помеѓу Македонците од Република Албанија и матичната држава Република Македонија. Ви благодариме за Вашата претходна поддршка во клучни моменти за Македонците во Република Албанија, се наведува во честитката.
Изразувајќи ја нашата  убеденост, стои на крајот, во  вашата посветеност за подобра иднина ” уште еднаш го упатуваме нашето највисоко почитување до Вас”

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Честит Курбан Бајрмам на верниците од исламска вероисповед

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Курбан Бајрам. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо
Претседател Фатир Фетаху

Македонско друштво “Илинден”-Тирана девет години рамноправен член на Федералната унија на европските националности

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред девет години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во конгресот што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, Грција, во организија на Федерацијата на западно тракиски Турци во Европа, Здружение на дипломирани студенти на Западна Тракија и Партијата за пријателство, еднаквост, мир, Партија на Турското малциство во Грција.

Од тогаш до денес, Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.

Покрај тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана редовно учествуваше во овие девет години на сите конгреси на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). На сите конгреси, Македонско друштво “Илинден”-Тирана поднесуваше резолуци чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите беа освоени од страна на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Истите се пратени до сите државните инситуци на Република Албанија и меѓународни институции кои се поврзани со малцинствата. Овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во функција на рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и како дел од Работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН), активно го покренува прашањето за Македонците во Република Албанија на меѓунаротната сцена. Македонското друштво “Илинден“-Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до раковоството на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Истовремено упатуваме искрена благодарност до Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада со Претседател г-дин Бил Николов кое помага на Македонско друштво “Илинден“-Тирана да се плати годишната чланарина и да е рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Да ни се множат јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во европа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во областа Гора Република Косово да се изјаснат дека се Македонци да го чуват својот Македонски идендитет

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува јавен повик до Македонците во областа Гора и цело Република Косово, на пописот на населението од 5 април до 17 мај годинава да се попишат како Македонци, со мајчин Македонски јазик. Жителите на областа Гора, и цело Република Косово не се ништо друго, освен етнички Македонци, се неотуѓив, нераскинлив и неотстапен дел од Македонскиот народ! Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја осудува Владата во Софија, која врши агресија врз Македонците во областа Гора и цело Република Косово, во намерите на престојниот попис да се попишат како етнички Бугари. Македонско друштво “Илинден”-Тирана потсетува дека етнички Бошњаци и Бугари во областа Гора никогаш во неговата историја немало, нема, ниту ќе има, како што ги нема ниту во Република Албанија! Пописот на Косово требаше да се одржи во септември 2023 година, па се одложи за 1 ноември 2023 година, за крај Владата на Република Косово одлучи пописот да се одржи од 5 април до 17 мај 2024 година заради спроведување на принципите на Евростат.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана го поздравува приемот на Македонска алијанса за европска интеграција во Европската слободна алијанса

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ја поздравува одлуката на Генералното Собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) за прием на Македонска алијанса за европска интеграција, како полноправен член исклучително важна за Македонска алијанса за европска интеграција и за Македонците во Република Албанија. Тоа што делегатите на Конгресот оваа одлука ја донеле едногласно, дава уште поголема тежина на фактот дека Македонска алијанса за европска интеграција оваа одлука треба да биде искористена како дополнителен мотив кај сите Македонци во Република Албанија.

Полноправното членство на Македонска алијанса за европска интеграција во Европската слободна алијанса (ЕФА) е најдобра потврда дека борбата за остварувањето на основните права на Македонците во Република Албанија е чесна, праведна и остварлива. Тоа е силна порака и до политичките елити во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе продолжи и понатаму да дава целосна подршка на Македонска алијанса за европска интеграција заедно ја биеме битката за заштита на Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај