Македонско друштво “Илинден“-Тирана го поздравува приемот на Македонска алијанса за европска интеграција во Европската слободна алијанса

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ја поздравува одлуката на Генералното Собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА) за прием на Македонска алијанса за европска интеграција, како полноправен член исклучително важна за Македонска алијанса за европска интеграција и за Македонците во Република Албанија. Тоа што делегатите на Конгресот оваа одлука ја донеле едногласно, дава уште поголема тежина на фактот дека Македонска алијанса за европска интеграција оваа одлука треба да биде искористена како дополнителен мотив кај сите Македонци во Република Албанија.

Полноправното членство на Македонска алијанса за европска интеграција во Европската слободна алијанса (ЕФА) е најдобра потврда дека борбата за остварувањето на основните права на Македонците во Република Албанија е чесна, праведна и остварлива. Тоа е силна порака и до политичките елити во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе продолжи и понатаму да дава целосна подршка на Македонска алијанса за европска интеграција заедно ја биеме битката за заштита на Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај