Ознака: <span>Македонско друштво “Илинден”-Тирана</span>

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во Општина Пустец

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во Општина Пустец.

На 25 – 26 септември 2026 повторно се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна амбуланта во Пустец. Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонците во Република Албанија.

И на Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана изразува жалење што Општина Пустец дозволува да биде дел од ова политика на уценување од бугарските политички лица за сметка на македонците во Република Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените од Софија, ја плаќа македонско национално малциство во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонците во Република Албанија.

Напомнуваме, дека досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените државиани, доведува асимилација на македонско национално малциство во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Ѓурѓај на Конгресот на Федералната Унија на европските националности (ФУЕН): Ги застапуваме интересите на македонското национално малцинство во Албанија

Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја претставува организацијата на Конгресот на Федералната Унија на европските националности (ФУЕН), што се одржува од денеска до 20 септември во Хелсинки, Финска, каде ги застапува интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја претставува организацијата на Конгресот на Федералната Унија на европските националности (ФУЕН), што се одржува од денеска до 20 септември во Хелсинки, Финска, каде ги застапува интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Чест и привилегија ми е, како претседател на Македонското здружение „Илинден“-Тирана, да ја претставувам организацијата на Конгресот на Федералната Унија на европските националности (ФУЕН), одржан во Хелсинки, Финска, од 17 до 20 септември 2026 Веќе единаесет години како рамноправна членка на Федералната Унија на европските националности (ФУЕН), активно учествуваме во работата на оваа европска организација и ги застапуваме интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија, пишува во својата објава на Фејсбук Ѓурѓај.

Ова, додава тој, служи како можност за стекнување нови искуства, зајакнување на соработката со малцинствата низ Европа и промовирање на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиции. -Гордо го претставуваме македонското национално малцинство од Република Албанија на европско ниво, пишува во објавата на ФБ Ѓурѓај.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа.

На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна амбуланта во Пустец. Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонците во Република Албанија.

И на Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана изразува жалење што највисоките личности на албанската држава, и Општина Пустец дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политички лица за сметка на македонците во Република Албанија и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените од Софија, врз политичкиот врв на нашата држава ја плаќа македонско национално малциство.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува албанските и европските институции, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари врз македонците во Република Албанија.

Напомнуваме, дека досегашното нереагирање од страна на државните институции за заштита на сопствените државиани, доведува асимилација на македонско национално малциство во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Одземањето на правото на глас на Македонците надвор од Македонија е неприфатливо

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги осудува сите обиди за одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија. Таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците во дијаспората.

Ние, Македонците надвор од Македонија, сакаме активно да учествуваме во градењето на слободна, демократска и просперитетна држава. Правото на глас ни припаѓа, пред сè, поради нашето потекло, грижата за татковината и нераскинливата врска што ја имаме со Македонија.

Македонците надвор од Македонија се важен партнер на својата татковина и интегрален дел од нејзиниот развој. Нашиот придонес е особено значаен во надворешната политика, економијата, културата и во промоцијата на Македонија во светот.

Поради тоа, Македонците надвор од Македонија мора да продолжат да го уживаат своето уставно и демократско право на глас. Ги повикуваме сите политички субјекти во Македонија да покажат почит и јасна заложба кон Македонците во дијаспората, со единствена цел – заеднички напредок и посилна Македонија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува честитки до американскиот народ по повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави

По повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува искрени честитки до американскиот народ, со желби за мир, просперитет и благосостојба.

Нека овој значаен празник биде потсетник на трајните вредности на слободата, демократијата и човековите права, кои претставуваат темел на современите демократски општества.

Среќен 4 Јули – Ден на независноста на Соединетите Американски Држави!

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

Честит Курбан Бајрмам на верниците од исламска вероисповед

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Курбан Бајрам. Големи празници како Курбан Бајрмам не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба.

Слика: Џамија во село Големо Острени областа Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

Фатри Фетаху

Kоординатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара 21 мај во Република Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бара 21 мај во Република Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства, 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа го сметаме за најсоодветен датум.

За таа цел друштвото во 2022 година испрати барање до претседателката на парламентот Линдита Никола.

Националните малцинства во Република Албанија се национално богатство и со неговото прогласување за државен празник во Република Албанија, сметаме дека е чекор напред за да се обезбеди видливост за националните малцинства и да се препознае нивната додадена вредност за нашите општества.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана единаесет години рамноправен член на Федералната унија на европските националности

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред единаесет години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во конгресот што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, Грција.

Од тогаш до денес, Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.

Покрај тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана редовно учествуваше во овие единаесет години на сите конгреси на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

На сите конгреси, Македонско друштво “Илинден”-Тирана поднесуваше резолуци чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите беа освоени од страна на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Истите се пратени до сите државните инситуци на Република Албанија и меѓународни институции кои се поврзани со малцинствата. Овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во функција на рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и како дел од Работната група на словенските малцинства (АГСМ ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН), активно го покренува прашањето за Македонците во Република Албанија на меѓунаротната сцена.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до раковоството на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и Работната група на словенските малцинства (АГСМ ) за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Истовремено упатуваме искрена благодарност до Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада со претседател г-дин Бил Николов кое помага на Македонско друштво “Илинден“-Тирана да е рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Да ни се множат јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во европа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

 

 

Честитка од Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик

Македонско друштво “Илинден”-Тирана по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик упатува искрена честитка до сите Македонци.

Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални, културни и верски традиции, образованието на мајчин македонски јазик е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ.

Македонците во Албанија ги има во четири области: Голо Брдо, Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови – Тирана, Елбасан, Драч, Каваја, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос.

Бројноста на Македонците во Република Албанија е над 120.000 според процена на македонските организации но за жал во 21 век само во Преспа имаат право на овразование на мајчин македонски јазик.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од 2009 година бара образование на мајчин македонски јазик за децата Голо Брдо, каде настава на македонски, имало до 1950 годинa потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но нема позитивен одговор.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува денешната акција на албанската полиција во општина Булќиза, при што беа уапсени функционери инволвирани во издавање лажни потврди за бугарско потекло

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздравува денешната акција на полицијата во општина Булќиза, при што беа уапсени функционери инволвирани во издавање лажни потврди за бугарско потекло во административната единица Острени, областа Голо Брдо.

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи и сите надлежни органи да ја прошират истрагата и во другите општини каде што постојат сомнежи за слични незаконски активности, како и да се разбие целосната мрежа што стои зад овој организиран криминал поврзан со издавањето бугарски пасоши.

Воедно, бараме надлежните институции да ја прошират истрагата не само за незаконското издавање лажни потврди за бугарско потекло, туку и за влијанието што мрежата на посредници за бугарски пасоши го имала за време на пописот во 2023 година на целата територија на Албанија. Постојат сериозни индикации дека преку злоупотреба на позицијата и влијанието биле инсталирани свои попишувачи, а врз граѓаните бил вршен притисок, закани и поткуп со цел да се изјаснат како Бугари, што претставува класичен пример на пописен инженеринг.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана останува цврсто посветена на заштитата на идентитет на македонското малцинство во Албанија и на почитувањето на законите и европските вредности.