Ознака: <span>Македонско друштво “Илинден”-Тирана</span>

Демант на Македонско друштво “Илинден”-Тирана: Нападите врз Никола Ѓурѓај, Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана се дел од поширока стратегија за замолчување на Македонците во Албанија

Нападите врз Никола Ѓурѓај, Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана се дел од поширока стратегија за замолчување на Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува најостра реакција до така наречен портал burevestnik.bg бидејќи неговите пишувања се дел од медиумската стратегија за притисок врз Македонците во Република Албанија.

Тоа е обид да се замолчи вистината и да се покрие вистинската асимилаторска политика на Софија кон Македонците во Република Албанија од страна на бугарските емисари. Со лажни информации се напаѓа Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Тоа претставува класичен пример на медиумска манипулација во насока на дискредитација на личноста и работата на г-дин Никола Ѓурѓај, а не информација за информирање. Секој кој малку се разбира од ваквите текстови ќе добие одлична прилика да се забавува со хумор напишан во некоја бугарска канцеларија.

Во самиот наспис „Бугарскиот прстен околу Македонија – Македонците во паника – Бугарија го топи нивното население на два фронта“

Текстот е политички памфлет со јасна цел за оцрнување на г-дин Никола Ѓурѓај, како преседател на Македонското друштво “Илинден”-Тирана.

Затоа, најостра го осудуваме вакво однесување на таканаречениот портал кој потекнува од држава членка на ЕУ.

Имајќи ја предвид целта на ЕУ за неширење на лажни информации, цениме дека вакви портали не би можеле да се регистриаат, а камо ли да опстојуваат во ЕУ држава. Но, тоа е Бугарија каде се е можно. Очигледна и јасна е антимакедонска мисија на бугарските емисари сред Македонците во Албанија.

Како заштитници на македонскиот национален идентитет во Република Албанија, Македонското друштво “Илинден”-Тирана ќе ги информира сите релевантни институции и истовремено ги повикува институциите во Република Албанија да преземат конкретни мерки за заштита на албанските државјани со македонско потекло.

Во оваа прилика посочуваме и на фактот, премолчуван од така наречен портал, дека на сите пописи на населението во Република Албанија од нејзината независноста на 28 ноември 1912 година до 2022 госина ниту еден жител на Република Албанија не се декларирал како Бугарин.

Спротивно на сите пописи на населението во Република Албанија то 2017 година со уцени по европската иднина на Република Албанија, беа внесени Бугари во Законот за малцинства.

Истовремено, на така наречениот портал му порачуваме да ги чита и Резолициите на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) каде што се осудуваат обидите на бугарската држава со кои Македонците во Република Албанија се обидува да ги прикаже како Бугари. При тоа и дека Бугарија како држава има пракса не ги почитува меѓународните инситуци.

https://www.fuen.org/fileadmin/user_upload/congress_2018/FUEN_Resolutions_2018.pdf

Бараме меѓународната заедница од својата членка, Бугарија, да побара почитување на нашето основно човеково право да се декларираме како Македонци и да престане со ширењето на лаги и говор на омраза кон сите кои се декларираат како Македонци.

 

Г-дин Незир Меча, потпретседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Г-дин Фатри Фетаху, координатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо

Г-ѓа Сабина Џелили, координатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за Округот Елбасан

Г-дин Ламбе Шатровски, координатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за татковината Македонија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита среќен 26 Септември денот на европските јазици

Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на 26 Септември денот на европските јазици упатува искрена честитка. Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот јазик за децата значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет.  Важноста на јазичната разновидност и повеќејазичноста е нагласена на европскиот ден на јазиците, кој секоја година се слави со разни настани на 26 септември, со иницијатива на Советот на Европа од 2002 година. Советот на Европа, со 800 милиони Европејци претставени од 47 земји, ги повикува сите Европејци да научат повеќе јазици на која било возраст, во училиште или надвор од училиште. Јазичната разновидност е алатка за стекнување поголемо меѓукултурно разбирање и важен дел од богатото наследство на европскиот континент, ја охрабрува повеќејазичноста низ цела Европа.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Честит празник 8-ми септември денот на независноста на татковината Македонија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честитаме 8-ми септември денот на независноста на татковината Македонија се одбележуват 34 години од независноста. Да е вечен да го почитуваме и славиме овој голем ден.

Нека е честит 8-ми септември денот на независноста на татковината Македонија!

Да живее македонскиот народ!

Да живеат Македонците во Албанија!

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци на годишната средба во село Ербеле кај црквата Св. Преображение

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите добронамерници, сите Македонци од Албанија годишната средба во село Ербеле – Маќелара, Албанија кај црквата Св. Преображение која датира од 12 век ќе се одржи на 18-19.08.2025 година. Сите сте добредојдени.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поздрави историската одлука за отворање македонски генерален конзулат во Корча

Вчера донесената одлука на македонската влада, за отворање генерален конзулат во Корча, за Македонците во Албанија претставува историски чин.

Во мое и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонците во Република Албанија упатувам честитки до Владата на Република Македонија која на предлог на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, донесе одлука за отворање генерален конзулат на Македонија во Корча, историски ден за Македонците во Албанија, се наведува во соопштението потпишано од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува бугарската провокација за непостоење на македонскиот јазик и македонски идентитет

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ја осудува најавата на бугарската држава дека во Извештајот за напредокот на Македонија на Европскиот парламент (ЕП) македонскиот јазик и идентитет ќе бидат целосно избришани.

Вековните македонски јазик и македонски идентитет претходно се споменуваа на неколку места во Извештајот на Вајц, кој беше изгласан со мнозинство на гласови од претставниците на европските држави во Комитетот за надворешни прашања на ЕУ.

По изгласувањето на експертскиот Извештај, започна бугарска офанзива сред претставниците на државите од ЕУ, се бара целосно да бидат избришани овие термини.

Македонците од Република Албанија најостро го осудуваат ставот на бугарската држава и нејзината провокација со која повторно се пласира една небулозна теза, дека не постојат македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана не се сомнева во злоупотребата на Софија на нејзиното членство во ЕУ кои со децении се пласирани за пласирање на нејзините дискриминаторски и расистички барања за непостоење на македонскиот јазик и македонскиот идентитет.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги потсетува бугарското раководство дека македонскиот јазик и македонскиот идентитет се исторски факт и дека нам, како Македонци, не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме што сме и кои сме.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонските друштва “Илинден” и “Сонце” на Саемот за разновидност во Тирана

Македонските друштва “Илинден” и “Сонце” учествуваа на Саемот за разновидност,  уметност, храна и дијалог во Тирана.

Македонското малцинство се претстави со три македонски традиционални јадења: пита со грав, позната како „Грашалник“ вкусно традиционално јадење што се подготвува во домовите на македонците од регионите Голо Брдо и Преспа и вкусната десерт познат како „Реванија“ се подготвува во Голо Брдо и „попарена тришка“ во Преспа. На трпезата не изостанаа ниту сушените циронки, познато и употребувано јадење на македонците во Преспа. Подготовката на рецептите беа од македонките г-ѓа Елса Џелили, претставник на македонското друштво “Илинден”-Тирана и г-ѓа Тодорка Костофски.

Се претставивме со свој штанд со македонско јадење од областа на Голо Брдо и Преспа, како и со дел од македонски носии, ракотворби, брошури и разгледници. Како во секоја ваква активност и овој пат она што го презентиравме побуди голем интерес кај посетителите, рече за Васил Стерјовски претседател на Македонско друштво  “Сонце”.

Настанот беше во организација од “Фустанела гартен” поддржан од страна на Комитетот за националните малцинства. Во овој владин орган свои претставници имаат сите малцинства, Марјана Костофски е претставник на македонското национално малцинство.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана побара од европратеникот Винче и од ЕФА да го поддржат Извештајот за Македонија

Македонското друштво “Илинден”-Тирана побара од Лорант Винче, европратеник на Унгарскиот демократски сојуз од Романија и претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН), да го поддржи Извештајот за Македонија во Европскиот парламент.

Во име на македонското национално малцинство во Република Албанија, македонското друштво „Илинден“-Тирана бара да го усвоите Извештајот за напредокот на Македонија кон Европската Унија во Европскиот парламент, кој го содржи долгоочекуваното признавање на македонскиот јазик и македонскиот идентитет – се наведува во дописот.

Се додава дека „македонскиот јазик и македонскиот идентитет претставуваат рамноправен дел од културното и јазичното милениумско богатство на Европа”.

Исто така се нагласува дека македонскиот идентитет и македонскиот јазик се историски факт во континуитет од пред новата ера до денес и дека „Европскиот парламент има историска должност и одговорност да ја прифати историската вистина како цивилизациска придобивка”.

Македонците во Република Албанија убедени се во вашата поддршка и искажуваат голема благодарност за вашето внимание и одлука. Завршувајќи го овој  кус допис-барање, уште еднаш ви го искажуваме нашето највисоко почитување – се посочува во дописот потпишан од Никола Ѓурѓај претседател на друштвото.

Идентично барање Македонско друштво “Илинден”-Тирана испрати и до Европска слободна алијанса (ЕФА).

Македонско друштво “Илинден”-Тирана апелира до новата Владата предводена од премиерот Еди Рама да посвети внимание на положбата и условите за живот на Македонците во Голо Брдо, Преспа, Гора и Врбник

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, на новата Владата предводена од премиерот Еди Рама му посакувa успех и исполнување на предизвици.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бара од новата влада да посвети внимание на положбата и условите за живот на Македонците во областа Голо Брдо, Преспа, Гора и Врбник се соочуват со сериозни економски и социјални потешкотии и заслужува конкретна и континуирана поддршка од новата Владата.

Проблемот со граничниот премин Требиште – Џепиште, областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година и на седница на владите на Албанија и Македонија одржана во Поградец на 15 декември 2017 година, донесена била одлука овој премин да работи 24 часа и оти тоа сè уште не е реализирана.Сметаме дека е крајно време овој граничен премин да премине во режим на целодневно 24-часовно функционирање, со што значително би се олеснила комуникацијата на жителите од Голо Брдо со Македонија, со која тие секојдневно имаат лични, здравствени, образовни и економски потреби.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бараме Владата и министерства да посветат посебно внимание и позитивно да одговорат на нашето барање за настава на мајчинот македонски јазик за децата во областите Голо Брдо и Гора, и насекаде каде има значителен број.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бараме Владата да изврши промена на територијална организација на локалната самоуправа и да ги прифати општините во областите Голо Брдо и Гора каде живеат Македонци.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го изразува своето жалење затоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Голо Брдо, Преспа, Гора и Врбник, обидувајќи се да ги претстави како “Бугари“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана апелира до Владата да превземе сериозни мерки во насока на грижа за положбата и правата на македонскиот народ во Република Албанија.

Бараме од Владата, Комитетот за национални малцинства од консултативно тело на Владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Република Албанија. Затоа, сметаме дека Комитетот за националните малцинства треба да биде активен глас на малцинствата во Република Албанија.

Истовремено, веруваме дека новата Влада предводена од премиерот Еди Рама ќе работи да се подобрат правата на Македонците во Република Албанија. Ви посакувам успех во работата и во реализацијата на програмата.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај

Kоординатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара 21 мај во Република Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бара 21 мај во Република Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства,  21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа го сметаме за најсоодветен датум.

За таа цел друштвото во 2022 година испрати барање до претседателката на парламентот Линдита Никола.

Националните малцинства во Република Албанија се национално богатство и со неговото прогласување за државен празник во Република Албанија, сметаме дека е чекор напред за да се обезбеди видливост за националните малцинства и да се препознае нивната додадена вредност за нашите општества.