Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7 – 8 март
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7 март, Денот на учителот и 8 ми март, Меѓународен ден на жената
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7 март, Денот на учителот и 8 ми март, Меѓународен ден на жената
По смртта на еден од најголемите активисти и борци за правата на Македонците во Република Албанија, Фоте Никола, телеграма со сочувство до семејството испрати, Македонско друштво “Илинден”-Тирана.
Македонско друштво “Илинден”-Tirana со длабока тага го доби вест за смртта на Фото Никола истакнат македонски активист и борец за правата на Македонците во Република Албанија.
Дозволете ми, во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и во свое лично име и во име на македонското национално малцинство во Република Албанија искрени сочувство до вас членовите на фамилијата.
Смрта на Фото Никола е голема загуба за вашето семејство, но и за македонското национално малцинство во Република Албанија.
Македонско друштво “Илинден”-Tирана изразува најискрено сочувство кон членовите на семејството.
Бог да го прости и на неговата душа нека и’ дари Царство небесно каде што почиваат душите на праведниците.
Преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана учествуваше на активност во рамки на проектот „Иднината е во потеклото”, поддржан од Комитетот за национални малцинства при владата на Република Албанија. На настанот организиран од припадниците на грчкото малцинство, кој се одржа на фармата Фустанела-Петрела, претставниците на малцинствата се претставија со традиционална храна и носии.
Македонското национално малциство се претстави со Македонско друштво “Сонце” се престави со традиционалната храна од областа Мала Преспа, тава со крап и со традиционалните носии од Мала Преспа“.
Присутните покажаа забележлив интерес за македонскиот штанд, а добар дел од нив вкусија од храната. На активноста учествуваа и дипломати од дипломатскиот кор и претставници од централната и локалната власт.
Претседателката на Комитетот, Константина Бежани, ги поздрави присутните и вети продолжување на поддршка за активности на малцинствата, во зачувување на нивниот етнички, јазичен, културен идентитет.
На настанот присуствуваше Васил Стерјовски, Претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, вториот човек во Македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, кој ги поздрави присутните, Марјана Костофски, претставник на Македонското национално малциство во Комитетот за национални малцинства, и Васил Јанкула, попознат како преспанскиот херој.
Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред осум години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во конгресот што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, во Република Грција, во организија на Федерацијата на западно тракиски Турци во Европа, Здружение на дипломирани студенти на Западна Тракија и Партијата за пријателство, еднаквост, мир.
Од тогаш до денес, Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.
Покрај тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана редовно учествуваше во овие осум години на сите конгреси на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). На сите конгреси, Македонско друштво “Илинден”-Тирана поднесуваше резолуци чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Република Албанија и сите беа освоени од страна на Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Истите се пратени до сите државните инситуци на Република Албанија и меѓународни институции кои се поврзани со малцинствата. Овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Република Албанија.
Македонското друштво “Илинден“-Тирана во функција на рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и како дел од Работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН), активно го покренува прашањето за Македонците во Република Албанија на меѓунаротната сцена. Македонското друштво “Илинден“-Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до раковоството на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското национално малцинство во Република Албанија.
Истовремено упатуваме искрена благодарност до Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада со Претседател г-дин Бил Николов кое помага на Македонското друштво “Илинден“-Тирана да плати годишната чланарина и да е рамноправен член во Федералната унија на европските националности (ФУЕН). Посакувам да ни се множат јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во Европа“, посака Никола Ѓурѓај, Претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7- 8 ми Март. – стои во честитката на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана го изразува своето жалење затоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора, Република Албанија и во Република Косово, обидувајќи се да ги претстави како “Бугари“.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана, многупати досега се заслага за вистината, според која Македонците во областа Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од Македонскиот народ! Нивната самосвест е македонска, а обидите на бугарската политика да го обезличи и побугарчи ова македонско население се остваруваат со уцени и подведувања за подобрување на нивниот социјален статус и економска положба со делење на бугарски пасоши, со стипендии за студирање на младите Македонци.
Цената на тие бугарски „услуги“ се сведуваат на потпишување изјава дека Македонците се Бугари и дека и нивните предци биле Бугари. Македонците во Република Албанија никогаш не биле, ниту своеволно би биле “Бугари“! Македонско друштво “Илинден”-Тирана апелира Владата на Република Косово да превземат сериозни мерки во грижата за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во Република Косово и да не дозволи признавање на непостоечко бугарското малцинство во Република Косово.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана го потсетува бугарското раководство дека македонската нација е исторски факт и дека нам не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме дека сме тоа што сме.
Оваа година се навршуваат четринаесет години од 6 февруари 2009 година -денот на формирањето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет, на Македонците во Република Албанија.
Македонското друштво “Илинден”-Тирана, за периодот од четринаесет години оствари безброј средби со многу државни институции во извршната и локална власт, а соработката ја проширивме со невладиниот сектор, во земјата и странство.
Македонско друштво “Илинден”- Тирана е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) од 16. мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при ФУЕН. Како активен партиципиент во ФЕУН, членови на Друштвото досега учестува во сите конгреси и поднесува резолуци, што придонесува Македонското друштво “Илинден”-Тирана рамноправен член и силен глас на Македонското национално малциство од Албанија.
Во изминатите четринаесет години како претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, заедно со моите соработници, имавме можност да оствариме бројни работни и официјални посети, да се сретнеме и да соработуваме со владини институции, како во Република Албанија, така и во матичната држава Македонија, како и со меѓународни организации.
При сите реализирани средби со претставниците на државните институции во Република Албанија, во матичната држава Македонија и европските институции ја користевме секоја прилика да размениме мислења за важни прашања за унапредувањето на положбата и правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Иако не секогаш наоѓаме заедничко или задоволително решение за одреден проблем, сепак должна благодарност искажувам на сите државни институции во Албанија, Македонијаи низ светот.
Ја користам оваа прилика да упатам добронамерна критика до Владата на Република Албанија и до надлежните министерства и организации да посветат посебно внимание и позитивно да одговорат на нашето барање за настава на мајчинот македонски јазик за децата во областите Голо Брдо и Гора, и насекаде каде има значителен број Македонци. Идентично како тоа веќе се остварува во областа Мала Преспа.
Бараме Владата да изврши промена на штетната територијална организација на локалната самоуправа и да ги прифати општините во областите Голо Брдо и Гора каде живеат Македонци.
Исто време бараме од Владите на Албанија и Македонија целосна функционалност на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо, кој што е потребен за да може луѓето полесно да комуницираат од двете страни на границата.
Нашите ставови за Законот за националните малцинства во Република Албанија се исти како и пред донесувањето на овој Закон. Неколкупати укажавме, дека Законот треба да ги реши горливите проблеми на националните малцинства, но со новодонесениот Закон се постигна токму спротивен ефект. Донесе дополнителни проблеми, кои се негативни не само за Македонците, туку и за Република Албанија во целина.
Го повикувам Комитетот за национални малциства да покаже поголема активност за македоснкото малциство во Република Албанија, а не да биде во сенка. Комитетот треба да ги воздигне малцинствата и да им помага во борба за опстанок во Република Албанија.
Македонско друштво “Илинден“-Тирана останува посветено на борбата за македонско национално малцинство во Република Албанија, за унапредување на положбата и правата на Македонците врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност.
Сакам да ги повикувам сите државни институции како и сите политички партии и невладиниот сектор во матичната држава Македонија да дадат поддршка на Македонците во Република Албанија, да дават поддршка во контунитет за решавање на горчливите проблеми што се сочуват.
Посебно благодарност сакам да упатам до сите што помогнале на Македонско друштвото “Илинден“-Тирана и големо благодарност до г-дин Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада што овозможува весникот “Илинден“ да стане глас на Македонците во Република Албанија.
Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија се мостови на братство и пријателство меѓу двата народа и двете држави.
Ние не трчаме да победиме, туку да преживееме. Не за нас, туку за идните генерации.
Македонското друштво “Илинден“ денес ја прославува својата четринаесет годишна работа, а за неговите постигнувања оставаме повеќе да каже историјата. Да се вечни Македонците во Република Албанија! Да живее албанското – македонско пријателство – е пораката на претседателот на Македонското друштво “Илинден“- Тирана, Никола Ѓурѓај по повод 14- годишнината од формирањето на друштвото.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски. Македонско друштво “Илинден”-Тирана за фашистичка ја смета изјавата на Џамбаски дека не постојат Македонскиот народ и Македонскиот јазик! Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја отфрла национал-шовинистичката политика на Софија кон Македонскиот народ во целина, непризнавајќи го неговото универзално неотуѓиво и неотстапно право на самоопределување и самоидентификација на држава Македонија!
После девет години од реформата на територијалната организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. Во 2014 година Владата ги укина и општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо, за првите две да ги приклучи кон општина Булќиза, како и општините Шиштевац и Запот во областа Гора кои сега се приклучени кон општина Кукс. Единствена македонска општина во Република Албанија остана општина Пустец во областа Мала Преспа. И покрај барањата на Македонската заедница во 2014 година, Владата не ги удоволи нивните барања за формирање на општините Голо Брдо и Гора!
Македонците во областите Голо Брдо и Гора, укинувањето на општините го сметаат за чекор назад во почитувањето на малцинските права во Република Албанија. Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонското друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо повторно го актуелизираат барањето од пред 2014 година, Владата да предложат изменување и дополнување на Законот за општините со формирање на две општини: општина Голо Брдо и општина Гора. Македонското друштво “Илинден”-Тирана и Македонското друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо сметаат дека градоначалниците не треба да бидат именувани од Владата туку избрани на избори од граѓаните, заради нивната доверба во системот и непосредно решавање на локалните комунални проблеми. – стои во соопштението потпишана од претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо Фатри Фетаху.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа уште не работи. Движењето е посебно тешко во зимскиот период кога и преминот работи од 08:00 до 18:00 ч со оглед на ситуацијата во зимскиот период движењето е повеќе ограничено и од природни околности како што се самите ниски температури и врнежи од снег и создава големи проблеми во комуникацијата во областа Голо Брдо. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара итно да се реши овј голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо. – стои во соопштението потпшано од претседателот Никола Ѓурѓај и на петседеателот на огранокот за Голо Брдо, Фатри Фетаху.