Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко разочарување за Измените на Изборниот законик
Македонско друштво “Илинден“-Тирана, изразува длабоко разочарување на одлуката на парламентот да ги одобри измените на Изборниот законик без да се земат предвид барањето на националните малцинства за загарантирани места во парламентот.
Македонско друштво “Илинден“-Тирана до Федералната унија на европските националности (ФУЕН) поднесе резолуција и каде бараше загарантирано места во парламентот за Македонско национално малциство во Република Албанија, во својот Конгрес во Леуварден, Холандија во 2018, https://fuen.org/assets/upload/editor/FUEN_Resolutions_2018.pdf Федералната унија на европските националности препорача Република Албанија да гаранитра гарантирани места во парламентот тоа резолуција беше пратнео сите албански институци и во меѓународните инситуци.
Исто и Советодавниот комитет за Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства на Советот на Европа, во својот петти мониторинг извештај за Република Албанија објавено во 2023 година, препорача нашата земја да креира позитивни политики за застапеност на малцинствата со загарантирани места во парламентот.
Сегашниот регионален пропорционален изборен систем е дискриминаторски и не гарантира правична застапеност на малцинствата. Географската распространетост на националните малцинствата низ целата територијата на Република Албанија го отежнува ефективно застапување на нивните интереси во парламентот.
Малцинствата се богатство на една земја застапеноста на малцинствата во парламентот ќе ја подобреше демократската застапеност и ќе ја покажеше посветеноста кон европските стандарди за заштита на националните малцинства.
Македонско друштво “Илинден“-Тирана ќе продолжи да се бори за правата и за изборен систем кој гарантира правична и еднаква застапеност за сите граѓани.
Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Претседател Никола Ѓурѓај