Ознака: <span>Македонци во албанија</span>

Македонците во Албанија целосно го поддржуваат барањето на МАЕИ за загарантирани места за малцинства во парламентот

Во име на сите Македонци во Албанија, нивните друштва предводени од Заедницата на Македонците, преку заедничко соопштение искажаа целосна подршка за барањето на единствената македонска партија во оваа земја, Македонска алијанса за европска интеграција и иницијативата на пратеникот Васил Стерјовски, во Изборната реформа малцинствата да имаат загарантирани места во парламентот на Албанија. Искажуваме целосна и безрезевна подршка, зашто никој подобро не може да ги претставува малцинските етнички заедници во законодавниот дом на Албанија, како што тоа ќе го прават нивните пратеници. И никој не може подобро да ги брани и адресира проблемите на малцинските етнички заедници во албанското општество од самите нив, стои во заедничкото соопштение. Очекуваат Парламентот на Албанија да ја прифати иницијативата за гарантирани пратенички мандати на малцинските етнички заедници и во таа смисла ги поздравуваат напорите на пратениците за постигнување на таа цел. Сметаат дека Македонците во Албанија треба да имаат пратеник во Парламентот и министер или заменик министер во Владата на Албанија. Исто така сметаме дека македонско – албанските билатерални односи треба да се градат на основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира взаемно разбирање и почитување, соработка по сите прашања од заеднички интерес. Што за Албанците во Македонија, тоа за Македонците во Албанија како гаранција за еднакви меѓу еднаквите и рамноправни со рамноправните, се наведува во заедничкото соопштение. Соопштението е потпишано од Заедницата на Македонците, македонско друштво „Илинден“-Тиранa, организацијата за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа”, етно-културното друштво “Гора” ,политичко – културното друштво “Мир”, како и македонските друштва „МЕД“ (Македонско – егејско друштво), „Мост”- Требиште, област Голо Брдо и „Прегор”-Подградец.

Ѓурѓај: Учестуваше на работен состнаок преку Интернет на работната група на словенските малцинства во ФУЕН 

Работната група на словенските малцинства во Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) ја одржа својата прва средба преку Интернет. Бидејќи РГСМ не успеа да се сретне уште од семинарот на словенските малцинства во Блејбург / Плиберк, Австрија, во ноември 2019 година, поради пандемијата COVID-19, беше организирана и онлајн состанок. Речиси половина од сите членови ја прифатија поканата, така што 13 организации членки беа присутни преку нивните претставници. Ангелика Млинар, претседател на работната група на словенските малцинства (РГСМ) во ФУЕН и потпретседател на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) ја отвори средбата со поздравување и презентација на тековната состојба. На агендата беше размената на мислења за актуелната состојба во време на коронавирус и ефектите врз словенските малцинства, како и за тековните и идните активности на РГСМ. Покрај другите, во работа на состнаокот преку интернет учестуваше и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај. Македонското друштво “Илинден“-Тирана како членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН), истовремено е и дел на работната група на словенските малцинства во ФУЕН. Новата брошура и почетната страница на РГСМ беа подетално презентирани, како и плановите за претстојниот Семинар на словенските малцинства и ФУЕН Конгрес 2020 (доколку ситуацијата СОВИД-19 ги ​​дозволи овие настани). Генералниот секретар на ФУЕН, Ева Пензес, подетално ги објасни можностите и предизвиците. Некои малцинства објавија исклучително тешка состојба како последица на пандемијата COVID-19, што веќе го покажа истражувањето на ФУЕН? ФУЕН и РГСМ би сакале да го коментираат ова во иднина. Сите со нетрпение го очекуваме следното (се надеваме лично) обединување! Македонско друштво ”Илинден” од Тирана е член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) од 16. мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при ФУЕН.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара итно од Владата на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште областа Голо Брдо да работи 24 часа

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо бара од Влада на Албанија граничниот премин Џепиште – Требиште во областа Голо Брдо кој беше отворен во мај 2013 година да работи 24 часа. Владите на Македонија и Албнија на заедничката седница одржена во Поградец на 15 декември 2017 година донесоја одлука граничниот премин Џепиште -Требиште да работи 24 часа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо бара итно да се реши овј голем проблем за Македонците во областа Голо Брдо пред да почнат врнежите од снег. Бидејќи граничниот премин работи со ограничено време и им создаваше големи проблеми во комуникацијата.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо барат од владата на Албанија и Македонија да се отворри граничниот премин Стеблево – Лакајца

Македонците од Стеблево областа Голо Брдо барат од властите во двете држави да го реализираат ветувањето и да го отворат граничниот премин Стеблево – Лакајца. Да беше границата многу поубаво ќе беше за Македонците во областа Голо Брдо бидеќи секогаш на пазар одат во Струга, Охрид и затоа многу подобро ќе беше да беше границата. Патот е многу лош жителите преку Ќафасан или преку новиот премин Требиште – Џепиште. Во 1949 година жителите кажуват одеа на работа во Струга и стоката ја носеле таму. После се затвори преминот. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо отварањето на граничниот премин Стеблево – Лакајца ќе им помогне на Македонците во Стеблево како и целата област Голо Брдо, ќе ја развие областа, од двете страни на границата.

Македонското друштво „Илинден”-Тирана бара од албанската влада финансиска подршка за граѓанските организации

Македонското друштво „Илинден”-Тирана побара во економските мерки на Владата на премиерот Еди Рама, за ублажување на последиците од од пандемијата со Ковид-19, да бидат опфатени и граѓанските организации. Исто така се бара и ослободување од плаќање локални даноци и други давачки. Во писмото доставено до Комитетот на експерти за справување со Ковид-19, кое доставува предлози до владата, друштвото наведува дека,се наоѓа во финансиски потешкотии поради пандемија и бара од Комитетот на експерти во Министерството за здравство да го разгледа ова барање. „Македонско друштво „Илинден”-Тирана бара од Министерството за здравство и социјална заштита и Техничкиот комитет на експерти за мерки против Ковид-19 да ги вклучат и граѓанските асоцијации во економски пакети на Владата и ослободување од плаќање на локалните даноци, бидејќи како резултат на пандемијата граѓанските организации имаат финансиски проблеми. Во врска со горенаведеното, бараме разгледување на ова барање на првиот состанок на техничкиот комитет на експерти и очекуваме разбирање и позитивен одговор, стои во барањето на Македонското друштво „Илинден”-Тирана. Македонското друштво „Илинден”-Тирана и органокот во Требиште, Голо Борд главната мисија е заштита на етничкиот, културниот, верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија, како и зачувувањето на јазикот и образованието на мајчин јазик на македонското малцинство.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно од Владата на Албанија и Македонија граничните премини со Голо Брдо и Мала Преспа да се отвараат

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно од Владата на Албанија и Македонија граничните премини со Голо Брдо и Мала Преспа да се отварат македонците во тие области се во лоша економска состојба порати пандемијата Ковид-19. Македонците од Голо Бро и Мала Преспа но и сопствениците на објекти од трговска, угостителска и другата услужна дејност, апелират до Владата на Албанија и на Македонија за отворање на границата. Македонците од областа Голо Брдо и Мала Преспа поради близината редовно одат во Македонија за сите потреби. Отворањето на границата секако ќе придонесе повторно да заживее трговијата и услужната дејност во областите. Како што сите знаеме, затворањето на границите им наштети на сите албански граѓани, но особено македонската заедница економски е многу оштетена затоа што, како што знаеме, македонската заедница традиционално живее во пограничните области со Македонија. Конкретно, повеќето жители на македонската заедница не се вработени и повеќето се занимаваат со сезонска работа, особено во Македонија. Областа Голо Брдо и Мала Преспа поминаа три месеци како се затворени границите и луѓето се невработени. Со отварањето ќе му помогне на областа Голо Брдо и Мала Преспа бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакне и ќе се развива областа Голо Брдо и Мала Преспа. 

ФУЕН оптечати брошура за словенските малцинства, меѓу нив и за македонското во Албанија

Федералната унија на европските националности, ФУЕН отпечати нова брошура во соработка со АГСМ (AGSM) во која се претставени словенските малцинства, со цел пошироката јавност да дознае повеќе за сите нив кои живеат низ цела Европа. Опфатени се 28 малцинства од словенската група кои членуваат во ФУЕН, меѓу нив и македонското во Албанија ,за кое се прави приказ каде живее, какви се неговите права, за неговите друштва, одбележувањето празници и слично. Со независноста и воспоставувањето на кралството Албанија во 1912 година, во денешните актуелни граници на земјата, македонското малцинство се најде во пограничните региони на земјата . Тука спаѓаат населбите во Голо Брдо, Пешкопеја или Долни Дебар (дебарско поле), Мала Преспа и Гора, а денес ги има и во најголеми градови во земјата. На територијата на Република Албанија живеат околу 120.000 припадници на македонското национално малциство,стои во брошурата. Се нагласува дека тоа е официјално признато, само во Мала Преспа и Врбник, но „ не соодветно заштитено“. Настава на на мајчин јазик нема во Голо Брдо, Гора и Врбник, меѓу другите, а македонскиот не се користи официјално и во поголемите градови, каде живеат многу Македонци. Националното малцинство е исто така застапено во медиуми, но обемот во никој случај не е доволен за да се задоволат потребите. Весниците „Илинден“ и „Преспа“ се објавуваат еднаш месечно, а македонското здружение „Сонце“ работи двојазичен онлајн портал „Македониум“. Македонска радио програма во ТВ Корча се емитува од 1991 година. Од 2017 година, постои емисија на македонски јазик на државната телевизија, што се емитува пет дена во неделата, се наведува понатаму. Исто така стои дека фолклорните и музичките групи во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врбник го негуваат богатиот македонски фолклор. Се споменуваат македонските друштва и празниците кои Македонците ги одбележуваат. Постојат друштвото „Илинден“ со седиште во Тирана, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија „Преспанско друштво“, политичко-културното здружение „Мир“, етнокултурното здружение „Гора“ и друштвото „МЕД“ (Македонско Егејско друштво). Најважните празници на македонското малцинство во Албанија се православните празници според стариот календар: покрај Божик, Велигден, Василица, Водици, свети Кирил и Методиј, свети Климент Охридски, свети Наум Охридски, свето Преображение, како и Курбан Бајрам, Фитр Бајрам и Летник и историските празници, како што се 2 август, во чест на Илинденското востание на македонскиот народ, 8 септември Ден на независноста на Македонија и 23 октомври како Ден на македонската независност, се споменува во брошурата. Посебно место е отстапено за македонското друштво „Илинден“-Тирана основано во 2009 година а член на ФУЕН е од 2015 година, чиј претседател е Никола Ѓурѓај. „Основни задачи на друштвото се зачувување и зајакнување на етничкиот, лингвистичкиот, културниот, религискиот, како и историскиот и државниот идентитет. Постојаното постоење и интеграцијата на Македонците во политичкиот систем и институциите на Албанија исто така ја одредуваат и дејноста. Овие цели треба да се постигнат пред се преку работата на печатот и медиумите, со публикации, како и преку културната и едукативната работа,сепосочува во брошурата. Цела брошура можете да го симнете во ПДФ формат Тука.

Федералната Унија на Европските Националности: Зборувате ли корона? Македонците во Албанија се соочени со низа проблеми поради Ковид-19

„Бевме среќи што во деловите на Албанија каде што живеат најголемиот број Македонци, досега немаше случаи на лица заразени од корона вирусот. Македонците од Голо Брдо, Мала Преспа и Гора ги почитуваа мерките за претпазливост воведени од албанската Влада за да се спречи ширењето на Ковид – 19, вели Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, организација која веќе пет години е членка на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Никола и неговата сопруга Лизбет не информираа за проблемите со кои се соочува нивната заедница за време на пандемијата на Ковид – 19. Еден од проблемите со кои се соочени е што скоро ниту страница од материјалот за болеста и за совети за лична заштита што го делат албанските власти не беше преведен на македонски јазик. Македонското друштво „Илинден“-Тирана постојано ги информира Македонците во Албанија за состојбата со вирусот во Албанија, и во матичната земја Македонија. Канцеларијата на Советот на Европа во Тирана исто така изработи брошура за вирусот на малцинските јазици – на македонски, влашки, босански, грчки, ромски и српски. Но ударот врз економијата кој беше предизвикан од мерките за спречување на ширењето на вирусот станува се поголем проблем. Дури и пред епидемијата, Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, кои се некои од регионите каде што Македонците живеат во Албанија, беа меѓу најсиромашните делови во земјата. Поради ова, тие се сега и најтешко погодени од невработеноста, како и од недостиг на храна и лекови. „Нашиот главен проблем во моментов е снабдувањето со храна. Има многу малку помош на располагање“, велат Никола и Лизбет. Македонците се официјално признато малцинство во Албанија. Според официјалната статистика, има 5.500 Македонци во Албанија, но неофицијално, бројките се многу повисоки, дури до 120.000. Во април 2020 година ФУЕН изврши анкета насловена „Дали зборувате корона?“ за состојбата со малцинствата во Европа за време на пандемијата. Оваа интернет анкета се фокусираше на тоа дали малцинските народи имаат доволно информативен материјал за Ковид – 19, како и за здравствените прашања воопшто, за достапноста на итната помош, на нивниот мајчин јазик, како и дали државите нудат образование на мајчин јазик преку интернет за време на епидемијата. Резултатите од овој извештај се достапни тука, а целиот извештај можете да го симнете во ПДФ формат тука. Серијата истражувања е дел од проектот Дали зборувате корона?

Во црквата Свети.Никола во село Стеблево областа Голо Брдо ќе се одбележаа празникот Свети.Ѓорѓи – Ѓурѓовден

На 6 мај 2020 година (среда) со почеток во 9 часот, во црква “Свети Никола“ во село Стеблево, областа Голо Брдо, ќе се одбележи големиот христијанки празник Свети Ѓорѓи – Ѓурѓовден. Богослужба ќе одржи свештеникот Хелидон Демири од Елбасанската митрополија на Албанска Православна Црква. Во селото Стеблево живеат Македонци.

Свети Великомаченик Георгиј Победоносец (во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните.

Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар. Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пратеник. Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашните, а робовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: “Слуга сум на Христ, мојот Бог… До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се! Христ е единствениот Бог!”

Царот наредил Свети Георгиј да биде фрлен во затвор, изложен на најтешки мачења. Во жестоката борба меѓу доброто и злото – победа му подари, издржа натчовечки мачења и стана Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се’!

Пострадал на 23 април / по нов стил на 6 мај 303 година, кога во негова чест се слави празникот Ѓурѓовден.

На иконата Свети Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја, под копитата на коњот.

И според легендата Свети Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.

Во Македонија постојат многу цркви посветени на Свети Ѓорѓија, од кој најстара е онаа во преспанскиот регион, близу до живописното село Курбиново, во пазувите на планината Пелистер. Според времето на живописување, забележано на натписот на северната страна со грчка сигнатура, се претпоставува дека црквата била подигната во 1191 година. Она што импресионира и восхитува во оваа црква е нејзиниот живопис, што заедно со оној од црквата Свети Пантелејмон крај Скопје, претставува врвно и оригинално остварување од периодот на Комненската уметност во Македонија.

Во Албанија, до 1912 година Македонија, црква посветена на Свети Ѓорѓија се наоѓа во село Стеблево, Голо Брдо! Македонците ја сочувале до денес за во неа да го слават името и делото на овој Светител и Великомаченик!

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Албанија – “Ве молиме останете дома!“

Во врска со пандемијата со коронавирусот, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Албанија – “Ве молиме останете дома!“. Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува повик до сите Македонци во Албанија да не излегуваат од домовите да се придржуваат кон мерките и превентивите од владата и истите да ги почитуваат! Имајќи го во предвид интензитетот на ширењето на вирусот Ковид-19, не излегувате од дома, со тоа ќе ги спречите сериозните здравствени ризици по Вашето здравје и живот и здравјето и животите на другите! Имајте ја во предвид стапката на заразеност од вирусот! Почитувајте ги официјалните соопштенија и предупредувања на локалните власти во општината каде што живеете, почитувајте ги препораките и мерките на надлежните државни органи, да не го доведете во ризична состојба вашето здравје и здравјето на другите! Ве молиме да ја сочувате смиреноста и да ги почитувате и применувате правилата за хигиена на највисоко ниво! – стои во соопштението на Македонското друштво “Илинден“-Тирана.