Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно од Владата на Албанија и Македонија граничните премини со Голо Брдо и Мала Преспа да се отвараат
Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара итно од Владата на Албанија и Македонија граничните премини со Голо Брдо и Мала Преспа да се отварат македонците во тие области се во лоша економска состојба порати пандемијата Ковид-19. Македонците од Голо Бро и Мала Преспа но и сопствениците на објекти од трговска, угостителска и другата услужна дејност, апелират до Владата на Албанија и на Македонија за отворање на границата. Македонците од областа Голо Брдо и Мала Преспа поради близината редовно одат во Македонија за сите потреби. Отворањето на границата секако ќе придонесе повторно да заживее трговијата и услужната дејност во областите. Како што сите знаеме, затворањето на границите им наштети на сите албански граѓани, но особено македонската заедница економски е многу оштетена затоа што, како што знаеме, македонската заедница традиционално живее во пограничните области со Македонија. Конкретно, повеќето жители на македонската заедница не се вработени и повеќето се занимаваат со сезонска работа, особено во Македонија. Областа Голо Брдо и Мала Преспа поминаа три месеци како се затворени границите и луѓето се невработени. Со отварањето ќе му помогне на областа Голо Брдо и Мала Преспа бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакне и ќе се развива областа Голо Брдо и Мала Преспа.