Ознака: <span>Македонци во албанија</span>

Македонско друштво „Илинден“-Тирана го осудува оркестрираното бугарско негирање на Македонците во Албанија

Деновиве бугарската јавност беше бомбардирана од тврдењата дека не се точни објавите во весникот „Илинден“ издаван од Македонското друштво „Илинден“-Тирана, дека во Албанија нема Бугари, реагираат од ова друштво и велат: ,,Признаваме дека не очекувавме толку оркестрирана „вистина“ од страна на бугарската јавност на вистината за Македонците во Албанија. За да се „докаже“ спротивното низ јавните гласила се јавија наменските „истражувачи“, „научници“ и други потребни кадри кои се обидуваат на Македонците во Албанија да им кажат дека не се Македонци, туку дека се Бугари. Секако, вистината дека не постојат Бугари во Албанија ја знае целата светска јавност. Исто како што е јасно и гласно дека во Пиринска Македонија живее непризнато и понижено македонско население. За читателите е интересно да се каже дека во 2017 година во Албанија беше донесен Закон за малцинствата. Според важечките резултати од последниот попис на населението, нема ниту еден изјаснет како Бугарин во Албанија, но сепак беше признато бугарско малцинство во Албанија. И тоа не би било спорно ако „признавањето“ не се случуваше истовремено со подготовките на Бугарија за преземање на шестмесечното претседавање со ЕУ. Таквата позиција беше нашироко протежирана од бугарската Влада за „објаснување“ до албанскта Влада дека Бугарија ќе „помогне“ за побрзо зачленување на Албанија во ЕУ, доколку во Законот „внесе“ непостоечко бугарско малцинство и тоа во деловите на Албанија каде живеат Македонци. Од 2017 година до денес бројни бугарски „научници“ и емисари бараат и лажираат податоци за Бугари во Албанија. Тогаш, бројот на „Бугарите“ мора да биде надуван до степен до кој бугарските „европејци“ ќе им се закануваат на албанските власти со влезот во ЕУ. Секако, за успех на бугарската политика за нашето однародување како Македонци во Албанија многу помагаат и лица кои лесно и ефтино си го продаваат образот на фамилијата и нацијата. Нека им служи на чест, и ним и на нивните поколенија плукањето по коските на предците. Македонското друштво „Илинден“-Тирана и натаму ќе пишува за вистината, а тоа значи дека ќе објавува документи и текстови за македонската традиција, историја и култура во Албанија. Секако, за македонското чувство на населението во Албанија од кое се барало да признае дека е бугарско, најдобро говори следново видео“-се вели во соопштението на Македонско друштво ,,Илинден“-Тирана.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кон Македонците во Албанија

Македонско друштво „Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник и потпретседател на европарламентарната група на Европската народна партија Андреј Ковачев и Спас Ташев во Корча, за време на промоцијата на книгата за „Бугарите во Албанија“ од авторот Спас Ташев. Македонско друштво „Илинден”-Тирана за неприфатлива ја смета објавата и промоцијата на книгата “Бугарите во Албанија“ од Спас Ташев, со лого на Европската народна партија, бидејќи шири лаги и невистини за Македонците во Албанија како “Бугари“. Го посетуваме авторот на книгата дека преземал слика без авторски права, истовремено го спомнува Македонско друштво “Илинден”-Тирана како промотор на Македонизмот во Албанија. Македонско друштво „Илинден”-Тирана остро го осудува посетата на бугарскиот европратеник и потпретседател на група на Европската народна партија Андреј Ковачев во областа Мала Преспа во својство на европратеник и потпретседател на европарламентарната група на Европската народна партија, кој на социјалните мрежи информира дека остварил средби со „Бугарите“ во Врбник и Мала Преспа. Македонско друштво „Илинден”-Тирана повторно ги осудува неприфатливите уцени на Софија кон Албанија од која бара права за Македонците како „Бугари“! Македонско друштво „Илинден”-Тирана и уште еднаш прокламира, дека во Албанија не живеат „Бугари“, Македонците во Албанија не се „Бугари“! Македонците во Албанија не може да бидат коалтерална штета заради бугарските уцени и албанските амбиции за членство во Европската Унија, посебно наци-фашистичкиот ултиматум на Софија: Тест за бугарска согласност за започнување на преговори меѓу Брисел и Тирана е обврската Албанија да прокнижи Бугари на престојниот попис во регионите каде што живеат Македонците! Македонско друштво „Илинден”-Тирана ја осудува национал-шовинистичката политика на Софија кон Македонците во Пиринскиот дел на Македонија и во цела Бугарија, како и кон Македонскиот народ во целина, непризнавајќи го неговото универзално неотуѓиво и неотстапно право на самоопределување и самоидентификација на Македонски народ, Македонски јазик и држава Македонија“!.- стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од денес е со обновен веб портал

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од денес е со обновен веб портал www.ilinden-tirana.com. Веб платформата е создадена во почетокот на 2013 година и обезбедува информации за Македонското друштво “Илинден”-Тирана и за Македонците во цела Албанија. Содржината на веб порталот е обновена со повеќе информации. Македонското друштво “Илинден”-Тирана е друштво на македонското национално малцинство во Албанија, формирано на 6 февруари 2009 година во Тирана. Друштвото се грижи за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија.

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана Ѓурѓај и јa врачи почесната награда „Илинден” на професорката Тодороска

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај се сретнал со Професор доктор Катерина Тодороска, научен советник во Институт за Национална Историја во Скопје и лично и ја врачил почесната награда „Илинден”. Чест ми беше да се сретнам со професорката Тодоровска со која имавме срдечна средба. Ја врачив наградата „Илинден“ што годинава,по повод 11-есет годишнината од формирањето на друштвото и ја доделивме,изјави Ѓурѓај за Македонски весник Илинден. Додаде дека наградата и се доделува за нејзиното научно творештво поврзано со историјата и катадневниот живот на македонското национално малциство во Албанија. Пријатно ме изненади веста за вашата Одлука да ми ја доделите годинешната награда „Илинден“ за особен придонес за македонското национално малцинствово Република Албанија. Со оглед на мојот професионален ангажман во кој е вклучено истражувањето на историјата, традицијата и културата на Македонците во Албанија, неизбежен беше и мојот напор за постојано следење на современите состојби во Албанија меѓу македонското малцинство. Наградава предизвикува вистинско задоволство и среќа за секој кој несебично се вложил во истражување на корените и практикувањето на македонската традиција во Албанија. Искрено се заблагодарувам за укажаната чест, рекла Тодоровска. Наградата „Илинден”, е воведена минатата година по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото а се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија. Лани наградата им беше доделена на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и игуменот на Бигорскиот манастир,Архимандрит Партениј. Годинава наградата освен Тодоровска ја доби и Васил Стерјовски.

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана освари средба со градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски

Претседатлот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на 13.02.2020 оствари средба со Пали Колефски Градоначалник на Општина Пустец, Областа Мала Преспа го запознал својот соговорник со работата и моментните активности на друштвото во правец на заштита и унапрдување на правата на припадниците на Македонците во Албанија. Разговаравме за проблемите со кои се соочуваат Македоцните во областа Мала Преспа. Ветив дека македонското друштво „Илинден“-Тирана со искуството што го има со меѓународните организации ќе помогне за подобрување на условите во областа,- рече Ѓурѓај. Додава дека е договорена поголема соработка на друштвото и локалната власт а од страна на Колефски бил запознат со прокетите кои општината ќе ги реалзира за подобрување на условите за живот во оваа областа Мала Преспа.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана имаше средба со ученици Македонци од Голо Брдо што учат во Охрид

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај имаше средба со ученици, етнички Македонци од Голо Брдо што учат во Охрид, со завршено основно образование, во Голо Брдо во се поголем број средното образованието го продолжуваат во татковината Македонија. Некои тука продолжуваат и на факултет а други се запишуваат во Битола, Штип, Прилеп и Скопје. Учениците ги посети претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај кој разговараше за проблемите со кои се соочуват во текот на учењето, за тоа како ги совладуваат методолошките единици во училиштата. Во ова пригода беше истакната заложбата што повеќе деца да бидат испраќани во татковината Македонија со цел да се образуваат во матичната држава за иден кадар на Македонците во Република Албанија.