Tag: <span>Македонци во албанија</span>

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро го осудува изјавата на заменикот министер за надворешни работи на Бугарија, за асимилација на Македонците во Бугари во Албанија

Денес, 25 август 2022 година, го чувме заменикот министер за надворешни работи на Република Бугарија, Костадин Коџабашев со изјава дека „ги поддржуваат и ќе продолжат да ги поддржуваат Бугарите во Албанија“. Ваквата реакција доаѓа во пресрет на новата територијална поделба на Република Албанија, а особено по барањето за формирање на посебни општини каде Македонците живеат со векови и во пределите Преспа, Голо Брдо и Гора. Иако се дегутантни и веќе смешно излитени изјавите на бугарските перјаници во врска со именувањето на Македонците во Албанија со Бугари, сепак по онаа народната „сто пати кажаната лага станува вистина“ и Коџабашиев се вклучува во ширењето на лагата. Намерната замена на нашето вековно македонското чувство, со некакво, од Бугарите измислено бугарско национално чувство, кај нас не поминува. Напротив, кај многу од нас, Македонците се создава и чувство на пизма кој бугарските официјални политички претставници поради нивната уценувачка и настојчива активност да нѝ ја наметнат бугарштината како чувство иако со децении кажуваме дека не сме Бугари. И како Македонци од Преспа, Голо Брдо и Гора по кој знае кој пат им се обраќаме на европските институции да преземат мерки за контролирање на неконтролабилните бугарски политичари чие однесување е крајно неевропско, дури и нецивилизирано за 21. век. Она што нас нѐ загрижува е фактот што токму Европската Унија како заедница на демократски држави дозволува една нејзина членка да се однесува варварски кон Македонците во Албанија. Во своето обраќање Коџабашиев спомнува дека претставници на бугарското малцинство во Албанија побарале средба со претседателот на Бугарија, Радев и дека ќе се потрудат таа да се реализира. Да не е смешно, ќе биде комично. Познавајќи го капацитетот на платените ликови во Албанија кои треба да одглумат Бугари, не се сомневаме дека ваквата средба е иницирана од Бугарија. Но, за да не биде вистината гола, подобро е да ѝ фрлиме некоја наметка. Наметката се вика дежурни платеници кои за пари го продаваат и мајчиното млеко. Коџабашиев треба да научи дека нивните платеници кои глумат Бугари во Албанија, утре ќе се изјаснат и марсовци, доколку некој подобро платат од Бугарија Жаламе што и нашата, албанска Влада дозволува на нејзината територија да шетаат емисари на други држави со цел да внесуваат раздор и немир сред нејзините жители. Тоа го направи и самата албанска Влада во 2017 година кога попушти пред уцените на Бугарија и без реално постоење на ниту еден Бугарин во Албанија, го вметнаа бугарското малцинство во Законот за малцинства. Но, Бугарија како член на Европската Унија и склона кон уцени, се закануваше на Албанија со вето за почнување на преговори за влез во европското семејство, а жртвата и цената за таквиот чин беше газењето врз коските на покојните и чувствата на живите Македонци во Албанија. Срамно е европското демократско семејство да ги гази своите зацртани постулати за основните човекови права и да молчи за недозволивата ароганција на Бугарите, кои сѐ поинтензивно работат на денационализација и геноцид на Македонците во Република Албанија. Ние имаме да порачаме дека платениците што ви се Бугари, никој не знае до кога ќе бидат Бугари. А ние, Македонци сме биле, Македонци ќе останеме.

www.youtube.com/watch?v=fHS5Bsmk6Ow

www.youtube.com/watch?v=y7kDDIZYKfY

Реакција од Македонско друштво “Илинден”-Тирана на обидот за бугаризација на Македонците во Голо Брдо

Деновите пред новогодишните празници од страна на бугарските пропагандисти во Република Албанија, беа искористени за нов обид за барање на Бугари во селата во Голо Брдо. Имено, конзулот на бугарската Амбасада во Република Албанија делел новогодишни пакетчиња на учениците од школото “Елез Кочи“ во Мало Острени и на учениците во школото “10 покојници” во Требиштe, област Голо Брдо.

На ваквите активности од страна на Македонците во Голо Брдо е остро реагирано, а бројни реакции пристигнаа и до Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

Во нив се вели дека подла и необјаснива е акцијата на Бугарската амбасада во Тирана, која  делењето на новогодишни пакети на учениците од школото “Елез Кочи“ во Мало Острени и на учениците во школото “10 покојници” во Требиштe, во областа Голо Брдо претставува уште еден акт за пропагандни цели од страна на претставниците на бугарската амбасада. Според реакциите на жителите на селата Острени и Требиште, со ваквата активност насочена директно кон учениците на училишта во селата во Голо Брдо, се скрнави и историската вистина дека во мугрите на 4 март 1916 година, томку бугарските сили за време на бугарската окупација на Голо Брдо, ги заробиле Елез Кочи и Ќазим Дука од селото Големо Острени и после брутално мачеше  живи ги закопале во близина на реката во село Верница, Голо Брдо. Кога се има предвид дека едно од училиштата каде Бугарската амбасада ги делела пакетчињата на Македончињата го носи името на Елез Кочи, крвнички убиен од бугарските крвници, јасна е пораката дека Бугарите сакаат да им порачаат на младите генерации Македонци од Голо Брдо дека тие треба да си ја заборават историјата и жртвите од бугарските ѕверства.

Ваквата постапка на Бугарската амбасада, според Македонците во Голо Брдо, е недозволива и не смее да се повтори.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и весникот “Илинден“, како репрезенти на Македонците од Албанија се солидаризираат со бројните реакции на македонското население во Голо Брдо. Воедно, сметаме за потребно на светската јавност да ѝ ја пренесеме пораката на Македонците од Голо Брдо во која јасно се отсликува македонското чувство на Македонците од Голо Брдо, од кои беше побарано да признае дека е бугарско. Македонците во Република Албанија говорат дека отсекогаш биле Македонци и никогаш нема да бидат Бугари!

Меѓутоа, ниту теа јасно декларирање на Македонците во Албанија, не ја запре крајно подлата намера на Бугарската амбасада да ја замајува светската јавност дек Македонците се Бугари, а со ефтина пропагандистичка акција да се обидува на македонските деца со новогодишни пакетчиња да се обиде да им ја избрише меморијата за крвничките Бугари кои ги убивале патриотите како Елез Кочи и Ќазим Дука.

https://www.youtube.com/watch?v=fHS5Bsmk6Ow&feature=youtu.be https://www.youtube.com/watch?v=y7kDDIZYKfY&feature=emb_title

Претставничката на Македонското друштво „Илинден“-Тирана се обрати пред претседателот Мета (ФОТО – ВИДЕО)

На 21 мај 2021 претседател Илир Мета, организираше со претставниците на малцинствата во Република Албанија, по повод меѓународниот ден за културен дверзитет и дијалог, присуствуваше и делгација на Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Македонците ги предводеше Елса Џелили, координатор на друшвото за округот Елбасан, која откако топло се заблагодари за можноста да бидат гости кај претседателот Мета, имаше обраќање, во кое ја посочи „тесната поврзаност со матична земја Македонија“.

Ние Македонците во Република Албанија сме тесно поврзани со нашата матична земја-Македонија, имаме заеднички јазик, култура, историја, фолклор, обичаи што се само некои од карактеристиките што ја докажуваат тесната врска меѓу Македонците од Албанија и матичната земја Македонија. Македонското национално малцинство во Република Албанија припаѓа на православната и муслиманската веросповест, рече Џелили.

Додаде дека тие главно е концентрирани во четири етнички области, Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и во селото Врбник, Билиша, како и во најголемите градови на Република Албанија, како што се Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Подградец, Скадар, Либражд, Валона, Фиер и Патос.

Таа поодделно зборуваше за бројот на населени места каде живеат Македонци.

Во областа Голо Брдо има 21 населено место,во областа Поле, кока се протега од Маќекара до Пешкопеја, наалбанско македонската граница, три села, севро-западно од Корча во Билишта на албансмо грќката граница е селото Врбник, во областа Преспа покрај Преспанско Езеро распослани се девет села, како и областа Гора со девет села, дообјасни таа.

Се задржа и на организираноста на Македонците и нивните медиуми.

Организрани сме во македонско друштво „Илинден“-Тирана и огранок за Голо Брдо, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија „Друштво Преспа“, Културно и политичко здружение „Мир“, етно-културно здружение „Гора“, македонско-егејско здружение „МЕД“, Заедница на Македонците во Албанија, Фондациите „Никола Беровски“ и „Стерио Спасе“. Исто така имаме и два весника на македонски јазик, „Илинден“ и „Преспа“, нагласи Џелили во обраќањето пред претседателот Мета и учесниците на средбата.

Во дворот на претседателската резиденција во Тирана, Македонците од Албанија игра оро на песната „Бисер Балкански“ (ВИДЕО)

Во дворот на претседателската резиденција во Тирана, денеска се виеше оро на познатата македонска народна песна „Бисер Балкански“, во кое учествуваше шефот на албанската држава Илир Мета и претставниците на малцинствата, информираа од македонското друштво „Илинден“-Тирана. Кај претседателот Мета по првпат се одржува ваква средба по повод меѓународниот ден на културниот диверзитет и дијалог, за која посебен простор отстапуваат и домашните медуми.

Овој ден ни нуди одлична можност да ја промовираме културната разновидност и да ги разбереме неговите вредности. Да се промовира и поттикне културниот дијалог со истакнување на богатството на малцинските култури во нашата земја, да се живее заедно во мир и хармонија и да се почитуваат правата на сите граѓани и заедници кои живеат и работат во Република Албанија, рече Мета на средбата.

Посочи дека почитувањето и заштита на националните малцинства, како нераскинлив дел од албанското општество, е зацртано со Уставот, со признавање на правото на слободно изразување без попречување или принудување на зјаснувањето на нивната етничка, културна, верска и јазична припадност и правото да ги зачуваат и развиваат, да учат и да се учи на нивниот мајчин јазик.

На средбата присуствуваа и седумчлена делегација на македонското друштво „Илинден“-Тирана предводена од Елса Џелили, коорднаторка за округот Елбасан. Предвидено е да се обрати пред претседателот и улесниците на средбата во кое ќе зборува за македонската етничка заедница, областите и градовите каде што живее, организираноста во друштва и здруженија, културата и особеностите.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонците во Албанија да помогнат за лекување на малиот Василиј со потекло од областа Мала Преспа

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упатува апел до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на Василиј, по потекло од областа Мала Преспа. Сите хумани луѓе имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Кој колку што може да донирa, да помогниме за лекување на малиот Васил со потекло од Мала Преспа, Албанија. Срествата може да се уплатат преку Гофундме на следниот линк https://www.gofundme.com/f/gib-vasilij-eine-chance… Молиме активно да се вклучите во акцијата за лекување на малиот Василиј, Вие, вашите пријатели, колеги и пријатели. На тој начин ќе ми дадеме поддршка на Васил безгрижно да го мине детството и да ги оствари своите соништа.

Сара Џелили е член на Mакедонско друштво „Илинден“- Огранок Голо Брдо учестуваше на литературниот конкурс „Јазикот на душата“

Сара Џелили учестуваше на литературниот конкурс „Јазикот на душата“ во рамките на проектот „Творам за Македонија“ – Фондација Никола Кљусев, на ниво на средни училишта од Република Македонија. Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сара Џелили потекнува од с. Требиште, областа Голо Брдо, а живее во Елбасан, Албанија. Таа е ученичка од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид и е еден од степендистите на Владата на Македонија. Сара Џелили е член на Mакедонско друштво „Илинден“- Огранок Голо Брдо и дописник на Македонски весник „Илинден”. Во 2019 година тата е добитник на Благодарница “Илинден” за особен придонес за Македонското национално малциство во Албанија и придонес за Mакедонско друштво „Илинден“-Тирана

 

Македонско друштво „Илинден“-Тирана oтпечати двојазичен едукативен флаери за Ковид-19

Едукативниот материјал е отпечатен на македонски и албански јазик,со цел да биде достапен до сите граѓани. Тоа со цел подигање на свеста за заштита на нивното здравје, на нивните најблиски, соседите, пријателите. Невидливиот непријател зема замав затоа неопходно е поголема внимателност за да се спречи поголема катастрофа,- изјави за МИА, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото. Друштвото упатува апел до сите Македонци и до сите граѓани во Република Албанија строго да ги почитуваат мерките и протоколите. Имајќи го во предвид интензитетот на ширењето на вирусот, со почитување на мерките ќе ги спречиме сериозните здравствени ризици по вашето здравје и живот и здравјето и животите на другите! Имајте ја во предвид стапката на заразеност од вирусот! Почитувајте ги официјалните соопштенија и предупредувања на локалните власти во општината каде што живеете, почитувајте ги препораките и мерките на надлежните државни органи, да не го доведете во ризик вашето и здравјето на другите, стои во апелот на друштвото.

Македонско друштво „Илинден”-Тирана: Министерот Цакај со изјавата во Софија ги навреди Македонците во Албанија

Македонско друштво „Илинден”-Тирана изразува разочарување во врска со изјавата на овластениот албански министер за Европа и надворешни работи, Гент Цакај, дадена на средбата со бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева во Софија. Друштвото смета дека е несоодветна и недолична изјавата на Цакај, дека „бугарското етничко малцинство во Албанија служи како мост меѓу двата народа“, алудирајќи дека во Албанија живее бугарско малцинство. Македонско друштво “Илинден”-Тирана го потсетува Цакај, дека во Албанија и во регионите каде Бугарија ги лоцира, до сега официјално Бугари нема и дека е крајно некоректно од министерот на Албанија да ги понижува и потценува сопствените жители Македонци намерно нарекувајќи ги Бугари. Јасно е дека, во односите меѓу Софија и Тирана, измислувањето на Бугарите во Албанија е направено со уцена заради албанското пристапување во Европската Унија, стои во реакцијата на друштвото. Се посочува дека до 2017 година, во ниту еден официјален попис или документ на Албанија немало и нема Бугари на територијата на Албанија, поради што друштвото смета дека е недозволиво висок државен функционер, како министер за надворешни работи, да ја злоупотребува позицијата за потценување на Македонците во Албанија, од кои „тој и неговата партија, на секои избори бараат гласови од Македонците“. Со последната изјава министерот Цакај, тој го навреди македонското малцинство во Албанија и искажа една историска лага за постоење на Бугари во Албанија. Со оглед на тоа што Европската Унија се декларира како демократски сојуз на држави, Македонско друштво „Илинден”-Тирана бара од европските институции да им наложат на бугарските власти она што го бараат од Албанија да го применат и кај себе во однос на постоечкото македонско малцинство во Бугарија. А за почеток, признавање на основните човекови права на Македонците во Бугарија, права кои важат за секој човек во светот, сто во рекцијата. Истата пракса, според Македонско друштво “Илинден”-Тирана, треба да се примени и врз Грција која и во 21 век одбива да ги примени општите правила за однесување кон малцинствата на нејзина територија. Исто така, Македонско друштво „Илинден”-Тирана најостро ги осудува злоупотреба на правото на вето на Бугарија за членство на Албанија во Европската Унија што беше „основната изнуда за да во албанскиот Закон за заштита на националните малцинства донесен во 2017 година, покрај, Македонците, Грците, Власите, Ромите, Црногорците, Србите, Египќаните и Бошњаците, дa го впише и непостоечкото бугарско малцинство“.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци на годишната средба во село Ербеле-Маќелара кај црквата Св.Преображение

Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите добронамерници, сите Македонци од Албанија годишната средба во село Ербеле – Маќелара, Албанија кај црквата Св.Преображение која датира од 12 век ќе се одржи на 18-19.08.2020 година. Сите сте добредојдени.

/** * Front to the WordPress application. This file doesn't do anything, but loads * wp-blog-header.php which does and tells WordPress to load the theme. * * @package WordPress */ /** * Tells WordPress to load the WordPress theme and output it. * * @var bool */ define( 'WP_USE_THEMES', true ); /** Loads the WordPress Environment and Template */ require __DIR__ . '/wp-blog-header.php';