News

Решението за укинување на изборите во странство се скандалозно!

 

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо решението за укинување на пратениците и изборните единици во странство го смета за скандалозно, затоа што претставува продолжение на негативниот развој на односите на државата кон македонските државјани и Македонците во светот. Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо со загриженост ги следи активностите и ставовите на главните политички партии во Република Македонија, на некои невладини организации и јавни личности, кои го нарушуваат демократскиот капацитет на државата. Дијаспората е значаен засебен фактор во македонското општество и тој не смее да биде маргинализиран или припоен по било која основа. Гласот на дијаспората како ентитет по ова прашање не смее да биде занемарен и игнориран. Без македонците од дијаспората, Македонија како држава нема да има темелен просперитет. Историски гледано, дијаспората има значителен придонес за меѓународниот углед и економскиот развој на државата. Дијаспората е дел од семејството кое се вика Македонија. Совеста, припадноста кон нацијата и патриотизмост во ништо не се помали од Македонците кои живеат во матичната држава. Пратениците во Собранието, и пратеничките групи, а не политичките партиски лидери и неколкумина околу нив, кои делуваат под менторство и влијание на меѓународно посредништво кое го доведува во прашање независниот статус на државата, треба да одлучат кој изборен модел ќе се употреби. Секој сериозен одговорен политички субјект кој и мисли добро на државата и се залага за развој на демократија треба да се залага за современ изборен модел. Најавите за укинување на гласот на граѓаните кој живеат надвор од Републиката не се државнички интерес и одразува политичка незрелост. Македонскиот граѓанин во странство се залага за афирмација на матичната држава, за економски напредок, за силен демократски политички амбиент, силни владини институции базирани на владеење на правото, модерно образование, здравство, слободни медиуми, меѓусебно почитување, мир, соживот и толеранција. Македонците надвор од Македонија ги повикуват сите политички субјекти во Македонија, да покажат почит и јасна заложба за Македонците надвор од Република Македонија со единствена цел за напредок на Македонија и подобра иднина за Македонците.

 

www.ilinden.tirana.com

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и „Калуѓерица“ потпишаа меморандум за соработка

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Здружение за заштита и негување на културата вредностите на рурален развој на село Џепиште “Калуѓерица” Џепиште-Дебар, Република Македонија на 09.10.2015 година, во Скопје Република Македонија потпишаа Меморандум за соработка. Според документот, договорена е имплементација на програмските цели на двете организации, односно изготвување на заеднички проекти од образовен, едукативен и друг карактер. За двете организации, исто така, од исклучително значење е употребата и заштита на националните обележја, како и почитувањето и развивањето на традициите во областа Голо Брдо. Значајно место во активностите за остварување на соработката зазема и идно организирање трибини, прослави и свечености со учество на културно-уметнички друштва од двете земји, потоа активирањето едукативни центри, ангажирањето на високостручен кадар во образовниот систем, културата, спортот и друго. Размената пак на кадри во едукативните процеси, размената на деца и младинци, како учесници во разни манифестации и работилници, исто така, имаат клучно место во соработката.


Никола Ѓурѓај претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Џеват Мерсоски претседател на Здружение за заштита и негување на културата вредностите на рурален развој на село Џепиште “Калуѓерица” Дебар


 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана рамноправен член на Волонтеуропе (Volonteurope)

Македонско друштво “Илинден“-Тирана станa рапновправен член на Волонтеуропе (Volonteurope). Волонтеуропе е основана на 21 мај 1981 година како меѓународна невладина организација, во согласност со холандското право. Волонтеуропе е со седиште во Холандија, но неговиот Секретаријат е во Лондон Велика Британија. Волонтеуропе  е меѓународна мрежа за промовирање на волонтерството, активно граѓанство и социјална правда во Европа и пошироко. Волонтеуропе работи на сите нивоа, од локално до меѓународно ниво. Волонтеуропе има 50 членови од 20 земји од цела Европа. На тој начин Македонско друштво “Илинден“-Тирана стана прво друштво на Македонци надвор од матичната држава како и од Република Македонија што стана член на Волонтеуропе (Volonteurope).



www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од неодамна стана член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Деновиве на официјалната веб страна на ФУЕН како насловен текст е објавена информација за друштвото. Македонското друштво “Илинден”-Тирана формирано на 6-ти февруари 2009 година во Тирана. Група граѓани со македонско потекло си постави за цел да се заштити македонското малцинство во целата територија на Република Албанија. Главните задачи на Македонското друштво “Илинден”-Тирана се заштитата и промоцијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски и историски идентитет и интеграција на Македонците во политичкиот систем и владини институции во Република Албанија. На 15 октомври 2012 беше основано и огранок на друштвото во Голо Брдо – стои во пригодниот текст.


 

www.ilinden-tirana.com

Европскиот Ден на Јазиците

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви честита Европскиот Ден на Јазиците 26 Септемвир


 

Shoqata maqedonase “Ilinden” Tiranë јu uron Gëzuar Ditën Evropiane të Gjuhëve 26 Shtatorin


www.ilinden-tirana.com

Честитка до верниците со Исламска Вероисповед

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“ – Тирана и Македонско друштво “Илинден” – Тирана Огранок Голо Брдо честит Курбан Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година.


 

www.ilinden-tirana.com

Претседателот на Македонско друштво” Илинден”-Тирана освари средба со градоначалник на Општина Бр.1

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај денска оствари средба со, градоначалник на Општина Бр.1. Тирана Тренделина Јаку. Претседател на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и го информира за активностите на друштвото,на средбата се нагласи потребата за соработка меѓу, Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и Општина Бр.1. Тирана бидеќи кај ова единица живе Македонско малциство.

 

www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана член на ФУЕН го подржава, изјавата на ФУЕН за бегалската криза

Македонско друштво “Илинден”-Тирана член на ФУЕН го подржава, изјавата на ФУЕН за бегалската криза во Европа

The Macedonian association “Ilinden”-Tirana, a member of FUEN, supports the statement of FUEN for the refugee crisis in Europe

Shoqata Maqedonase “Ilinden”-Tiranë antare е FUEN mbështet deklaratën e FUEN për krizën e refugjatëve në Evropë

 

 

 

 

 

 

 

https://www.fuen.org/news/single/article/the-wave-of-refugees-requires-serious-efforts-towards-creating-peace/



www.ilinden-tirana.com

 

 

Промовирана книгата “Заштита на малцинствата и нивниот третман во Република Албанија”

Дниве беше промовирана книгата “Заштита на малцинствата и нивниот третман во Република Албанија” од авторот Јонлинда Хада. Во книгата се говори за малцинствата во Република Албанија како македонското , грчкото, потоа србо-црногорците, ромското и влашкото. Исто така, се зборува и за непризнатите Бошњаци и Еѓипќани. Авторката ги пренесува сопствените истражувања околку малцинствата во Албанија, нивната состојба и нивните барања. Исто така, во книгата се анализира и законската рамка во Република Албанија за малциствата. Според промоторите, овaа книгa многу ќе помогне за осознавање на состојбата на малциствата во Албанија и нивна промоција, а со самото тоа и на македонското малцинство во Република Албанија.

Биографија на авторот:

Јонлинда Хада, е родена во 1986 година во Тепелена. Основно образование завршила во родното село, а во периодот од 2004-2008 година студирала на Универзитетот Тирана насока „албански јазик и литература“. Во 2009-2012 година во Европскиот Унверзитет во Тирана заврши Правен Факултет. Работи како помлад експерт во Парламентот на Република Албанија.


 

www.ilinden-tirana.com

Семинар NGO- connection Day

Фондацијата Метаморфозис од Скопје, Македонија во соработка со Движењето Доста од Тирана рганизираа собир посветен на невладиниот сектор “NGO Connection Day”. Настанот  се одржа на 18 септември 2015 година во хотелот „Тирана Интернационал“ во Тирана. На овој собир на претставниците на граѓанскиот сектор им беше овозможено да дознаат повеќе за можностите како да аплицираат за софтверски донации од програмата “TechSoup Balkans”. На настанот беа презентирани достапните технологии кои можат да придонесе за подобрување на работата на граѓанските организации. На семинарот забележително учество имаа и претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо, Ули Халилај. Заклучокот од одржаниот “NGO Connection Day” беше дека со вакви преентации ним ќе им се овозможи да ги подобрат своите вештини во користење на ИКТ преку интерактивни програми. А тоа, воголема мера ја олеснува комуникацијата со соодветни организации и изработка на проекти.


Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај

 

www.ilinden-tirana.com