Македонско друштво “Илинден“-Тирана и „Калуѓерица“ потпишаа меморандум за соработка
Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Здружение за заштита и негување на културата вредностите на рурален развој на село Џепиште “Калуѓерица” Џепиште-Дебар, Република Македонија на 09.10.2015 година, во Скопје Република Македонија потпишаа Меморандум за соработка. Според документот, договорена е имплементација на програмските цели на двете организации, односно изготвување на заеднички проекти од образовен, едукативен и друг карактер. За двете организации, исто така, од исклучително значење е употребата и заштита на националните обележја, како и почитувањето и развивањето на традициите во областа Голо Брдо. Значајно место во активностите за остварување на соработката зазема и идно организирање трибини, прослави и свечености со учество на културно-уметнички друштва од двете земји, потоа активирањето едукативни центри, ангажирањето на високостручен кадар во образовниот систем, културата, спортот и друго. Размената пак на кадри во едукативните процеси, размената на деца и младинци, како учесници во разни манифестации и работилници, исто така, имаат клучно место во соработката.
Никола Ѓурѓај претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Џеват Мерсоски претседател на Здружение за заштита и негување на културата вредностите на рурален развој на село Џепиште “Калуѓерица” Дебар
www.ilinden-tirana.com