Семинар NGO- connection Day
Фондацијата Метаморфозис од Скопје, Македонија во соработка со Движењето Доста од Тирана рганизираа собир посветен на невладиниот сектор “NGO Connection Day”. Настанот се одржа на 18 септември 2015 година во хотелот „Тирана Интернационал“ во Тирана. На овој собир на претставниците на граѓанскиот сектор им беше овозможено да дознаат повеќе за можностите како да аплицираат за софтверски донации од програмата “TechSoup Balkans”. На настанот беа презентирани достапните технологии кои можат да придонесе за подобрување на работата на граѓанските организации. На семинарот забележително учество имаа и претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо, Ули Халилај. Заклучокот од одржаниот “NGO Connection Day” беше дека со вакви преентации ним ќе им се овозможи да ги подобрат своите вештини во користење на ИКТ преку интерактивни програми. А тоа, воголема мера ја олеснува комуникацијата со соодветни организации и изработка на проекти.
Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај и претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај
www.ilinden-tirana.com