News

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај освари средба со Максим Макарцев

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај осварија средба со Максим Макарцев, истражувач од Институтот за славистика при Руската Академија на Науки во Москва Руска Федерација гостинот се информира за состојбата на Македонското национално малцинство во Република Албанија. Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана на Максим Макартсев, му подари книга “Етнографијата на Голо Брдо” и го информира за активностите на друштвото.


 

www.ilinden-tirana.com

Регионална конференција “Дијалог за отворено владино партнерство во Западен Балкан 2015 година”

Од 10-11.09.2015 во хотелот Тирана Интернационал се одржа регионалната конференција “Дијалог за отворено владино партнерството во Западен Балкан 2015”.Таа беше иницирана од страна на државниот министер за јавна администрација и иновација, Милена Харито и Институтот за демократија и медијација од Тирана. На конференцијата се анализираше и дебатираше потребата за отворена власт, која треба да биде на прво место во секоја држава во регионот на Западен Балкан доколку се почитува принципот на демократија и отчетност на политичките елити. На конференцијата учествуваат високи претставници на владите и парламентите на земјите од Западен Балкан, високи претставници на амбасадите на САД и ЕУ во Тирана, претставници на граѓански организации од Македонија, Албанија, Србија, Хрватска, Косово, Романија, Црна Гора. Македонското друштво “Илинден“-Тирана исто така имаше забележително учество на оваа регионална конференција насловена “Дијалог за отворено владино партнерство во Западен Балкан“ а нејзиниот преседателот Никола Ѓурѓај воедно беше и претставник на македонското малциство во Република Албанија.

 


 

www.ilinden-tirana.com

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај освари средба со Сашо Цветковски

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај на 29.08.2015 година во Струга, Македонија освари средба со Проф.Сашо Цветковски автор на книгата “Иконите на Динчо Зограф од црквите во Дебар и Мала Река”. Цел на средбата беше во индина проф. Сашо Цветковски да се запознае со дијалектот, обичаите, традицијата, фолклорот на Македонците во Република Албанија.


 

www.ilinden-tirana.com

Честит 8 ми септември денот на независноста на Република Македонија

Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви го честитаме 8-ми септември денот на независноста на Република Македонија, да го почитуваме и славиме овој голем ден.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо 
Претседател Ули Халилај


www.ilinden-tirana.com

Македонски Економски Самит

 

Од 18 до 20 ноември 2015 година во Скопје, Република Македонија ќе се одржи Македонскиот економски самит во организација на Македонија 2025. Фокусот на овогодинешниот Самит е како да се поврзе Македонија со поширокиот регион имајќи ги предвид глобалните движења и нивните влијанија на економиите во развој. Самитот претставува платформа за воспоставување комуникација помеѓу македонската деловна заедница и гостите од странство, со цел да се трасира патот на развојот на домашната економија. Самитот е наменет за сите компании, организации и поединци кои се засегнати со темата одржлив развој на економијата на Македонија, но и воспоставување деловни односи со меѓународни партнери. Дел од говорниците на Самитот се Хери Кремер,професор по стратегии на Школата за менаџмент Келог од САД и автор на бестселери за лидерство засновано на вредности; Џејмс Логан Џонс поранешен советник за безбедност на Претседателот на САД, Гуру Банавар, Извршен директор за технологии на IBM, претставници на Одборот на директори на Македонија 2025 и светски реномирани економисти и менаџери. Во изминатиот период, Македонија 2025 успешно организираше два самити во Охрид како и два бизнис форуми во Торонто и Париз.

 

www.ilinden-tirana.com

Учесниците на шестата Школа за млади лидери ја посетија Општина Пустец

Учесниците на шестата Школа за млади лидери на иницијатива на претседателот на Република Македонија Д-Р Ѓорге Иванов на 22.08.2015 година ја посетија Општина Пустец. Пред младите лидери беше претставена работата на општината предизвиците со коишто оваа локална самоуправа се соочува во својата работа, предностите и недостатоците, но и потенцијалот со којшто располага. По одржаните презентација младите лидери преку практична работилница, заедно со своите ментори ќе предложат одржливи решенија за претставените проблеми а предлог-проектите ќе бидат доставени до општина Пустец.


 

www.ilinden-tirana.com

Македонците во Албанија го одбележаа големиот Христиjански празник Преображение

Македонците во Република Албанија во село Ербеле, Маќелара на 18-19.08.2015 година го одбележаа големиот Христиjански празник Преображение кај црквата Св.Преображение која датира од 12 век. На прослава за празникот Преображение присуствуваа Македонци со потекло од Ербеле кои што живат во Тирана, Драч, Елбасан, Маќелара, Горно Крчиште, Дебар и од Македонија. Меѓу присутните беа и преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Пред неколку години на овој празник во селото Ербеле започна да се воведува обичај, да се меси погача во која има паричка. Карактеристично за овој обичај е оној на кој ќе му се падне паричката од погачата да го преземе кумството за наредната година.

 

Св.Преображение Ербеле, Маќелара која датира од 12 век

 

 

www.ilinden-tirana.com

Македонија во Топ 10 дестинации кои треба да се посетат според “Њујорк Тајмс“

Престижниот весник “Њујорк Тајмс“ објави листа со 52 земји како дестинации за посета во 2015 година, а Македонија се најде на високотo 10 место. Според весникот, тоа се должи на фактот што Македонија е богата со планински предели, манастири, а го има и прекрасното Охридското езеро. Во текстот е наведено и дека во земјата се произведува најубавото вино, а мора да се вкуси и вкусната традиционална кујна, издвојувајќи ги чорбата и пастрмајлијата. Во првите 10 места на оваа листа се најдоа Италија, Куба, Филадејфија, Сингапур, Јужна Африка и многу други светски локалитети.


 

 

www.ilinden-tirana.com

25 Годишно генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес

Светскиот Македонски Конгрес денеска одржа своето јубилејно Дваесет и петто годишно Генерално Собрание во големата сала на Советот на Град Скопје, Македонија. Македонско друштво “Илинден“-Тирана учестува на Годишно генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес со преставник на друштвото г-дин Ламбе Шатровси. Македонско друштво “Илинден“-Тирана од 2009 година е член во Светскиот Македонски Конгрес. На Годишно генерално собрание присуствуваа иселенички организации од четири континенти и гости. Македонската дијаспора без разлика на сите предизвици никогаш не ги заборавила своите корени, својот македонски јазик, својата вера, својот фолклор, никогаш не го заборавила својот национален идентитет. Генералното Собрание на СМК го одбележи јубилејот 25 години од возобновувањето на СМК, формиран во 1899 година во Женева, Швајцарија.


 

www.ilinden-tirana.com

Манифестација “Голо Брдо фест 2015“

Во организација на здружението “Голо Брдо“ од Џепиште Дебар, со поддршка на Министерството за култура на Македонија се одржа првото издание на музичката манифестација “Голо Брдо фест 2015“. Фестивалот го поздрави преседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај и Едмонд Османи пресавник на МАЕИ. На манифестацијата учествуваа ансамбли и музички секции од општините Дебар, Центар Жупа, Струга и Вевчани, настанот го следеа, покрај жителите на дебарските села, и Македнци од Голо Брдо Албанија. Поздравувајќи го фестивалот во име на организаторот, Атиф Бајрамовски нагласи дека овој фестивал се одржа во двете Голобрдски села кои се во Македонија но него го следат и голем број Македонци од областа Голо Брдо во Албанија. Тие се наши браќа и сестри, и наредната година ќе има учество и на фолклорна секција на македонски јазик од селото Требиште, Голо Брдо во Албанија“, изјави претседателот на здружението “Голо Брдо“ од Џепиште, Ернес Амзоски, и нагласи дека овој фестивал ќе биде традиционален и ќе го претставува македонскиот фолклор од областа Голо Брдо.


Преседателот на Македонско друштво “Илинден” Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај


Благодрница за Македонско друштво “Илинден” Тирана

 

www.ilinden-tirana.com