Македонско друштво “Илинден”-Тирана член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)
Македонското друштво “Илинден”-Тирана од неодамна стана член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Деновиве на официјалната веб страна на ФУЕН како насловен текст е објавена информација за друштвото. Македонското друштво “Илинден”-Тирана формирано на 6-ти февруари 2009 година во Тирана. Група граѓани со македонско потекло си постави за цел да се заштити македонското малцинство во целата територија на Република Албанија. Главните задачи на Македонското друштво “Илинден”-Тирана се заштитата и промоцијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски и историски идентитет и интеграција на Македонците во политичкиот систем и владини институции во Република Албанија. На 15 октомври 2012 беше основано и огранок на друштвото во Голо Брдо – стои во пригодниот текст.
www.ilinden-tirana.com