News

Соопштение до медиумите: Лошата состојбата во областа Голо Брдо

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ја изразуваат својата загриженост и посочуваат дека се згрозени од положбата на Македонците во областа Голо Брдо. Поради тоа отворено ја повикуваат Владата на Република Албанија итно да преземи соодветни мерки за подобрувањо на состојбата во оваа обласат. Исто така, сметаме дека досегашното однесување кон областа Голо Брдо и тамошното население значи кршење на основните човекови права според меѓународните конвенции. Досегашниот однос на албанската Влада има и во иднина ќе има долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Како потврда за ваквиот наш став е фактот дека во последните 25 години малку или ништо не е инвестирано во селата во областа Голо Брдо, населена со македонско население. Патната инфраструктура која опфаќа 20 села е во многу лоша состојба, и срамно е во 21. век во една држава да има толку голема област каде се уште нема асфалтирани патишта. Тоа е главната причина за екстремно слабиот економски развој на областа Голо Брдо. Сиромаштијата во обласата Голо Брдо се движи до незамисливи граници, бидејќи 90 % од населението се невработени.

Од друга страна, социјалната помош која ја одредува  владата изнесува 20 евра месечно. На овој начин, македонското население се исселува од  Голо Брдо. Посебен проблем на македонско национално малциство во областа Голо Брдо е со снабдувањето на електрична енергија бидејќи мрежата за нејзина дистрибуција е стара од времето на комунизмот и покрај тоа што жителите редовно ја плаќаат електрична енергија. Во катастрофална состојба е и здравствената заштита во областа Голо Брдо. Имено, во времето на комунизмот имаше здраствен дом во секое село. Денес, после 25 години демократски развој ваквите здравствени институции се бројат на прсти и се во исклучително лоша состојба. Дополнителен проблем за македонслкото малцинство во Албанија е фактот што децата неможат да го изучуваат мајчиниот јазик во училиштата, иако со меѓународните конвенции за човекови права тоа нешто е решено.

Поради сите овие егзистенционални проблеми на македонското малцинство во Република Албанија Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо бараат од Министерството за образование и спорт да преземе соодветни мерки за почитување на правото на македонските деца во училиштата во Голо Брдо да се учи македонски јазик. Ваквото барање на жителите на македонското национално малциство во областа Голо Брдо неколкупати било актуелизирано, но по него ништо не се презема. Македонците од бласта Голо Брдо барат од Министерството за внатрешни работи на Албанија и Македонија и од царините на двете земји, граничниот премин Џепиште -Требиште кој беше отворен во мај 2013 година од локален премин од трета категорија да премини на регионален премин од втора категорија. Со ова ќе му се помогне на населението од областа Голо Брдо бидејќи ќе се зголеми економската соработка меѓу жителите од двете страни на границата, со што економски ќе зајакне и ќе се развива оваа област. Воедно ќе се овозможи на поголем број туристи да ја посетат областа Голо Брдо која изобилува со природни убавини.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо
Претседател Ули Халилај


www.ilinden-tirana.com

Меѓународен ден на мајчиниот јазик

На 21 февруари е прогласен за Меѓународен ден на мајчиниот јазик од страна на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации УНЕСКО на 17 ноември 1999 година на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година.




www.ilinden-tirana.com


Започна изградбата на храмот „Сретение на Господ Исус Христос“ во Скопје, Македонија

Во скопската населба Железара на 15 февруари 2016 година започна изградба на грандиозен храм со конаци на Македонската православна црква посветен на Сретението Господово. Камен темелникот го освети Архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан на денот кога Црквата го чествуваше денот на Сретението Господово. Изгледот на храмот ќе биде во руски стил. На почетокот на изградбата на црквата присуствуваа премиерот на Република Македонија г-дин Емил Димитриев, министерот за финансии г-дин Зоран Ставревски, градоначалникот на град Скопје г-дин Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба г-дин Тони Трајковски, градоначалникот на општина Аеродром г-дин Ивица Коневски, како и повеќемина пратеници и советници. Ова ќе биде прва црква во оваа населба, а воедно и за населбата Автокоманда каде има само една црква “Свети Архангел Михаил“ во којашто претходно Поглаварот на МПЦ, отслужи литургија.


 

 


www.ilinden-tirana.com

Жиците на електрична енергија во Мало Острени – Голо Брдо избегна трагедија

Падот на линијата на електрична енергија во селото Мало Острени, Голо Брдo избегна трагедија. Жителите на селото раскажуват дека жицата паднало понеделник околу 10:30 часот, предизвика штета во стада. Некои овци доаѓале во контакт со жиците и умреле. Според жителите најлошото е избегнато бидејќи ако жицата ако паднало 08:00 часот на утро ќе ги загрозеше животите на децата кои користат истиот пат да одат на училиште. Македонците од Мало Острени, Голо Брдо се жалат на скандалозна мрежа за дистрибуција на електрична енергија, жителите редовно ја плаќаат електрична енергија.


 

www.ilinden-tirana.com

Соопштение: До медиумите

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо најостро ја осудува мерката за приведување по наредба на Специјалното јавно обвинителство на градоначалник на општина Пустец – Мала Преспа, Едмонд Темелко. Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на Едмонд Темелко и бараат итно извинување за повреда на честа и неговиот углед и на Македонците во Република Албанија. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо приведувањето со барање за притвор на Едмонд Темелко го оценува за антимакедонско и со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија! Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо најостро ги осудува и ги смета за срамни коментарите на Јулиан Ангелов генерален секретар на ВМРО-БНД и пратеник во бугарското собрание.


Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо
Претседател Ули Халилај

 

www.ilinden-tirana.com

Честитка од претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

 

По повод четвртиот роденден на македонскиот весник “Илинден” од Тирана, претседателот на Македонската Алијанса – господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ја упатува следнава честитка: Сакам искрено да го честитам, лично од мое име и од име на Македонската Алијанса, четвртиот роденден на македонскиот весник Илинден од Тирана и да им посакам уште многу години ширење на нивната мисија и визија. За поздрав е упорното залагање на весникот Илинден во зачувување промоција и заштита на македонскиот идентитет, наследство и богатство и македонското население во Албанија, а нивната дејност е она што не обединува и не прави посилни. Битката за остварување на нашите вековни стремежи за обезбедување на достоинствен живот на Македонците кои живеат надвор од границите на Републиката продолжува понатаму. Македонската Алијанса ќе продолжи и понатаму да дава целосна поддршка на македонското друштво “Илинден”-Тирана, како и на сите организации, партии или медиуми на Македонците во Албанија, регионот и светот со кои заеднички ја биеме битката за заштита на Македонскиот идентитет. Основањето Македонски културни центри, фолклорни групи, обезбедување програма на Македонски јазик на Државната Албанска телевизија, правична и пропорционална застапеност во Државните институции, стипендии за Македонските студенти, достапност на образовниот процес и изучување на македонскиот јазик останува предуслов за силна и економски просперитетна Татковина.

Бог да ја чува Татковината!

Македонската Алијанса

Претседател Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

 

www.ilinden-tirana.com

Четврти роденден на Mакедонскиот весник “Илинден”


Пред четри година, како двоброј за март и април беше испечатено првото издание од весникот на Македонското друштво “Илинден” од Тирана. Имајќи го предвид фактот што во изминативе две години, весникот предизвика голем интерес кај читателската публика во Република Албанија и сред Mакедонската дијаспора ширум светот. Според бројната дописка, која пристигнува на електронската пошта на Редакцијата на Македонски весник “Илинден” како и од другите преписки со читателите, забележително е дека во двегодишниот период весникот прерасна во медиум кој со сериозноста и пристапот во објавувањето на темите е интересен и корисен за Mакедонското малцинство во Република Албанија, но и за промоција на активностите на Македонската дипломатија во правец на подобрување на животот на Македонското население вон границите на својата држава. Во дел од дописите се истакнува и тоа дека читателите искажуваат особена почит кон Редакцијата која на најдобар можен начин одбра да ја промовира македонштината во овие бурни времиња, преку пишаниот збор. Нивната мисија да го одржуваат и поттикнуваат македонскиот идентитет во Република Албанија, преку културен израз целосно ја остваруваат. Сакаме да веруваме дека ваквата нивна активност ќе биде соодветно поддржана од државните институции како во Република Албанија така и во Република Македонија но и од Македонците ширум светот. По повод четригодишниот јубилеј на Македонски весник “Илинден” од Тирана, Редакцијата има чест да ги поздрави и да им се заблагодари на сите свои соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и визуелната содржина на весникот. Воедно, Редакцијата се заблагодарува и на читателската публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот покажа дека тој навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Република Албанија.


www.ilinden-tirana.com

Честитка од претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

По повод доделената Благодарница од Македонското друштво “Илинден“ од Тирана кое со ваков свечен чин, овој викенд ја одбележа 7 годишнината од основањето, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски кој во моментов се наоѓа во САД, го соопштува следното:

 

Почитувани Браќа и Сестри Македонци,

Дозволете од мое лично име и од името на Македонска Алијанса да Ви ја честитам 7-годишнината од основањето на ова многу значајно Македонско друштво “Илинден“-Тирана. Искрено жалам што не можев да присуствувам на доделувањето но Ве уверувам дека со целото мое срце и душа сум заедно со Вас и со Вашите идеи, активности и иницијативи за продолжување на нашата заедничка борба за унапредување на основните човекови права на Македонците кои живеат во Албанија. Оваа Благодарница за мене претставува дополнителен мотив и понатаму да продолжам да го користам својот углед, знаење и енергија за мобилизирање на сите Македонци во светот, кои во рамките на своите можности, мора да се вклучат и да помагаат во промоцијата и заштитата на најсветото – Македонското име и Македонскиот национален идентитет. Повеќе од две децении или сум директен основач или тесно соработувам со речиси сите Македонски организации во светот. Несебично го вложувам сиот свој кредибилитет, углед и финансиски ресурси во заедничката борба за остварување на универзалните човекови права и цивилизациски придобивки за Македонците во Албанија, Бугарија и Грција, на кои за жал, и во 21 век, им се оспорува идентитетот. Македонците во Албанија се маргинализирани, нивните права активно да учествуваат во општествено-политичкиот живот, се ограничени и постои тенденција за нивно дополнително ограничување. Доказ за тоа е новата територијална организација и уредување на Општините во Албанија, заради која Македонците останаа со само со Општината Пустец, во која живее доминантно Македонско население и единствено таму нашите браќа и сестри го имаат правото да избираат кои ќе ги води на локално ниво. За жал не беше прифатено барањето на Македонците трите Општини од подрачјето на Голо Брдо и трите од регионот на Гора да не се припојуваат кон доминантно Албански Општини, туку да се формираат самостојни Општини Голо Брдо и Гора. Нашите браќа и сестри кои живеат во Албанија имаат право да бараат основањето на Македонски културни центри, фолклорни групи, обезбедување на програма на Македонски јазик на Државната Албанска телевизија, правична и пропорционална застапеност во Државните институции, стипендии за Македонските студенти, достапност на образовниот процес и изучување на Македонскиот јазик. Остварувањето на овие права е предуслов за силна и економски просперитетна Татковина. Ја користам оваа прилика да ја изразам јавно својата благодарност до Претседателот на Македонското друштво “Илинден“ од Тирана Никола Ѓурѓај кој и покрај сите предизвици останува посветен на Македонската борба. Битката за остварување на нашите вековни стремежи за обезбедување на достоинствен живот за Македонците кои живеат надвор од границите на Републиката продолжува.

Претседател на Македонска Алијанса г-дин Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

 

 


www.ilinden-tirana.com

Нова песна на Тоше Проески

Новата песна на македонската музичка легенда Тоше Проески е насловена “Евта пуране иконе“ и е на ромски јазик. Песната е авторска и не е некаква преработка, oва ќе биде првпат да го слушнеме Тоше со своја песна на ромски јазик “Евта пуране иконе“ во превод значи “Седум стари икони” а нејзин автор е познатиот Емир Кустурица.


 

Линк кај можите да погледните: www.youtube.com/watch?v=yFkKz6u0diY


www.ilinden-tirana.com

Благодарници “Илинден” по повод седугодишнината од основањето на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана

Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај, по повод седумгодишнината од основањето и плодната работа на друштвото, донесе одлука да додели Благодарници “Илинден”. Благодарницата се дава на лица за нивните особени заслуги за научниот и стручниот ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Предложените лица за добивање на Благодарница “Илинден” покажале особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција во албанија. Со тоа помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на Mакедонското друштво “Илинден“-Тирана. Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана од неговото формирање на 06.02.2009 година во Тирана континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија. Една од задачите на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана е и таа да ги следи и забележува значајните активности и ангажмани на одделни лица во поглед на создавање на благосостојба средд населението во Албанија. Според сознанијата што ги поседува Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана се изготви листа на кандидати за добитници на Благодарница “Илинден” од која се искристализираа неколку имиња. Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:

– Вело Цфарку роден на 1935 година во село Ѓиновец, Голо Брдо. Основно образование има завршено во родното село, потоа и средно, како и Педагошки факултет. Во тек на 15 години работел како учител по селата во Голо Брдо. Автор на книги, стати за македонското малцинство во Голо Брдо Република Албанија. Авторот Вело Цфарку има значаен придонес за зачувување на македонскиот фолклор од областа Голо Брдо. Книгите ќе помогнат многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традиција за помладите генерации на Македонците во Република Албанија. Книгите на авторот Вело Цфарку се “Голо Брдо во оптиката ан времето” 2007 година “Еден живот со Дибраните” 2011 година “Голобрдски Фоклор 1” 2009 година помогнал “Словенските Малциства во Албанија“ од авторите Клаус Штеинке од Германија и Џелал Ули,помогнал за книгата монографија за “Врница” и “Врница оптиката на времет” на автор Павли Никола, “Втор дел Голо Брдо Ербеле Грно Крчиште” издавач Ото Сагнер Минхен Германија 2008 година.

– Проф. д-р Илинден Спасе е син на познатиот албански писател од македонско потекло Стерјо Спасе.Тој е роден во 1942 година во Глобочани, Мала Преспа каде го завршил основното образование, а дипломирал на филологија  на универзитетот во Тирана. Работел како учител, редактор, издавач на педагошкото списание на албански јазик (1970-2001), главен редактор на Издавачкиот Совет на Институтот за Педагошки Студии во Тирана, научен работник во Училишниот Департмен (сектор за историја на образование) во Институт за Педагошки Студии. Илинден Спaсе пишува на македонски јазик и албански  јазик. Автор е на две збирки раскази. Тој е почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.  

– Г-дин Ѓорѓија Атанасоски е роден на 18 февруари 1952 година во селото Марул, Прилеп Македонија од татко Алексо и мајка Спасија во 1970 година Џорџ Атанасоски заминува за САД, кај својот постар брат Јосиф, тој е еден од најуспешните македонски бизнисмени во светот и претседател на Македонската алијанса во Македонија сопственик на Тв Сонце. По само пет години сложните браќа формирале своја фирма што подоцна ќе прерасне во голема компанија седиштето на „Микрофлекс инк“ е во Ормонд Бич Флорида. Ѓорѓија Џорџ Атанасоски долги години работи за Македонија, за Македонците и македонското прашање обединувајќи ги македонските иселеници и Македонците во соседните земји со спонзорирање на социокултуролошки настани, вклучувајќи и фолк-фестивали, спортски настани и друго. Тој особено се грижи за Македонците во егејскиот и пиринскиот дел на Македонија и Македонците во Албанија.

– Проф. д-р Васил Дрвошанов е лингвист, критичар и поет. Роден е на 13 јули 1951 година во село Моноспитово, Струмичко каде што го завршил основното училиште. Гимназија завршил во Струмица во 1970 година. На Филолошкиот факултет дипломирал во 1974, магистрирал во 1981, а докторирал во 1989 година. Сега е научен советник и редовен професор во Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” Скопје, Република Македонија. Добитник е на Плакета од Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” по повод 50 годишнината од сопственото постоење за значаен придонес во истражувањата од областа на македонскиот јазик и за постигнати резултати во збогатувањето и во унапредувањето на целокупната дејност на Институтот за македонски јазик (2003).

– Г-дин Фатри Фетаху активист во областа Голо Брдо: член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо

– Г-дин Арманд Мија активист во Тирана член на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана

– Здружение Илинденски Марш Христо Узунов – Охрид Република Македонија


г-дин Арманд Мија, г-дин Незир Меча,  г-дин Вело Цфарку, г-дин Никола Ѓурѓај


Проф. д-р Васил Дрвошанов и г-дин Никола Ѓурѓај


г-дин Ули Халилај и г-дин Фатри Фетаху

 

г-дин Ули Халилај и г-дин Игор Јовески

 

www.ilinden-tirana.com