
Нико Китани е етнички Македонец, роден на 07.12.1986 година во Долна Горица, Мала Преспа, Република Албанија. Основно образование има завршено во неговото родно место, додека во 2005 завршил средно образование во гимназијата во Битола, Република Македонија. Виското образование го завршил на Педагошкиот факултет при Универзитетот св. Климент Охридски во Битола каде студирал како степендист на Владата на Република Македонија. Своето образование го продолжил во 2011 година кога се запушал на магистерски студии на истиот факултет, насока: Менаџмент во образование. Подоцна, во 2013 година се запишува и на втори магистерски студии на Правниот факултет при Универзитетот “Гоце Делчев”- Штип на насоката: Применета политика и и дипломатија. Моментално работи на привршување на магистерскиот труд на тема Независноста на медиумите во Република Албанија. Преседател од 2006 до 2010 на Студенското друштво на Владини степендисти со македонско потекло од Балканот (Албанија, Србија, Бугарија, Грција) во рамките на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Битола). Во периодот од 2007 до 2010 год. Бил член на Студентскиот парламент на УКЛО во рамките на Универзитетот Свети Климент Охридски Битола. Потоа, од 2010 до 2012 год. Бил потпретседател на Студенското Друштво на владини степендисти со македонско потекло од Балканот ( Албанија, Србија, Бугарија, Грција) при Универзитеот “Св. Кирил и Методиј”- Скопје, “Св. Климент Охридски”- Битола, “Гоце Делчев”- Штип. Од 2014 година е преставник на македонското малцинство во Државниот комитет на малцинства во Република Албанија.
Весник Илинден: Како ја оценувате положба на македонското национално малциство во Република Албанија
Од периодот на Вторта светска војна наваму има неколку случувања кои придонесоа за прогонот и асимилација на македонската заедница. Тука, пред се, би го спомнал комунистичкиот режим т.е. енверовиот период во Албанија, а подоцна и последниот попис на населението во Албанија кој беше спроведен во 2011 година, а не помалку важен настан е и новата територијалната поделба. Тоа се основните случување во Албанија кои влијаеја на процесот на емигрирање на македонското население, настани кои оставија длабоки и трајни последици врз македоснката заедница во Албанија. Тоа придонесе и за тоа денеска да немаме податоци на точна бројка, но и за положбата на македонското национално малциство во Република Албанија. Овде ќе спомнеме и еден друг факт. Македонско малцинство од страна на албанската држава е признато само во областа на Преспа, која остана единствената македонска општина согласно најновата територијалната поделба на Албанија. Македонското малцинство од албанската држава, освен во облатса на Преспа, се признава и во село Врбник во областа Девол. Од 1991 година, кога Албанија станува демокраска држава па се до ден денес очекувавме дека и Македонците од Голо Брдо, Гора како и во градовите низ Албанија каде што живеат Македонци ќе бидаат признати и ќе им биде овозможена настава на македонски јазик, согласно со меѓународните конвенции.

Весник Илинден: Сметате ли дека државни институции во Албанија се достапни за припадниците на македонското национално малциство
Македононец можеме да сретнеме речиси во сите државни институции, но за жал не како преставници од Македонската партија, туку како преставници на поголемите албански политички патрии. Преставниците на македонското малцинство во државните институци можам да кажам дека се бројаат на прсти, за жал.
Весник Илинден: Со кои проблеми се соочува македонското национално малциство во Република Албанија
Искрено нема проблеми со кои не се сочуваме, еден од поголемите проблеми е недостатокот на изучувањето на мајчиниот јазик во Голо Брдо и Гора, процес кој за нас како малцинство е од големо значење. Еднинствено, македонскиот јазик се изучува во училиштата во целата област на општината Пустец. Според актуелните законски прописи 60% од наставата треба да се одвива на македонски јазик, но за жал и тоа не се почитува последните дестина години бидејќи има недостаток на учебници по повеќе предмети кои треба да бидат на македонски јазик. Други позначајни проблеми со кои се сочува македонската заедница се: непризнавњето на македонската заедница во Голо Брдо, Гора како и во градовите низ Албанија каде што живеат голем број на Македонци. Декларирање на етничката припадност, за малцинствата треба да содржи одредби со кои се гарантира слободата на декларација. Исто така, Албанија нема јасна дефиниција на терминот “националност” или терминот “национално малцинство”. Немаме никакава поддршка од Министерството за култура кое треба да одвојува посебен фонд кој ќе биде наменет за малцинставта за подршка на нивната култура. Се уште немаме емисија на македонски јазик на Државната националната телевизија. За тоа е потребно да се донесе Закон за малцинствата со кој ќе се регулира не само признавањето на македонското и на другите малцинства на целата територија на Р. Албанија, а би се решиле и другите горе наведени проблеми.
www.ilinden-tirana.com