Честитка од претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
По повод четвртиот роденден на македонскиот весник “Илинден” од Тирана, претседателот на Македонската Алијанса – господинот Ѓорѓија Џорџ Атанасоски ја упатува следнава честитка: Сакам искрено да го честитам, лично од мое име и од име на Македонската Алијанса, четвртиот роденден на македонскиот весник Илинден од Тирана и да им посакам уште многу години ширење на нивната мисија и визија. За поздрав е упорното залагање на весникот Илинден во зачувување промоција и заштита на македонскиот идентитет, наследство и богатство и македонското население во Албанија, а нивната дејност е она што не обединува и не прави посилни. Битката за остварување на нашите вековни стремежи за обезбедување на достоинствен живот на Македонците кои живеат надвор од границите на Републиката продолжува понатаму. Македонската Алијанса ќе продолжи и понатаму да дава целосна поддршка на македонското друштво “Илинден”-Тирана, како и на сите организации, партии или медиуми на Македонците во Албанија, регионот и светот со кои заеднички ја биеме битката за заштита на Македонскиот идентитет. Основањето Македонски културни центри, фолклорни групи, обезбедување програма на Македонски јазик на Државната Албанска телевизија, правична и пропорционална застапеност во Државните институции, стипендии за Македонските студенти, достапност на образовниот процес и изучување на македонскиот јазик останува предуслов за силна и економски просперитетна Татковина.
Бог да ја чува Татковината!
Македонската Алијанса
Претседател Ѓорѓија Џорџ Атанасоски
www.ilinden-tirana.com