Започна изградбата на храмот „Сретение на Господ Исус Христос“ во Скопје, Македонија
Во скопската населба Железара на 15 февруари 2016 година започна изградба на грандиозен храм со конаци на Македонската православна црква посветен на Сретението Господово. Камен темелникот го освети Архиепископот охридски и македонски г.г.Стефан на денот кога Црквата го чествуваше денот на Сретението Господово. Изгледот на храмот ќе биде во руски стил. На почетокот на изградбата на црквата присуствуваа премиерот на Република Македонија г-дин Емил Димитриев, министерот за финансии г-дин Зоран Ставревски, градоначалникот на град Скопје г-дин Коце Трајановски, градоначалникот на општина Гази Баба г-дин Тони Трајковски, градоначалникот на општина Аеродром г-дин Ивица Коневски, како и повеќемина пратеници и советници. Ова ќе биде прва црква во оваа населба, а воедно и за населбата Автокоманда каде има само една црква “Свети Архангел Михаил“ во којашто претходно Поглаварот на МПЦ, отслужи литургија.
www.ilinden-tirana.com