News

Наставникот пијан ги претепал учениците на III одделение во селото Оржаново – Голо Брдо

Децата од основното училиште во селото Оржаново Голо Брдо завршиа во болница откако беа претепан од страна  наставник Агим Муча. Децата  раскажа како наставникот му ги трескаше главите  во клупите и ги тепаше со стап. Учителот 63-годишен беше уапсен од страна на полицијата. Децата кои беа во училница кажа дека учителот Агим Муча ги претапа  деца во училница. Инцидентот се случил во основното училиште во село Оржаново Голо Брдо полицијата уапси 63-годишниот Агим Муча деца завршиa во болница. Ова не е прв пат наставникот Агим Муча да тепа деца. Четири од децата биле оштетени  многу, по добивањето на третман во болница Булќиза три од нив беа испратени дома, едниот е во болница во Пешкопеја.


 

 

www.ilinden-tirana.com

Соопштение: Лошата состојбата во село Врбник, Билишта

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја изразува својата загриженост за положбата на Македонците во единствено егејското село во Република Албанија, Врбник отворено ја повикуваме Владата и општина Девол итно да преземи соодветни мерки за подобрувањо на состојбата. Исто така сметаме дека досегашното однесување кон селото Врбник и тамошното население значи кршење на основните човекови права според меѓународните конвенции. Како потврда за ваквиот наш став е фактот дека во последните 25 години малку е инвестирано во село Врбник населена со македонско население. Патната инфраструктура е во лоша состојба и срамно е во 21. век да нема асфалтиран пат од Билишта до село Врбник. Тоа е главната причина за слабиот економски развој на село Врбник. На овој начин, македонското население се иселува од село Врбник поради лошата состојба. Друг посебен проблем немаме водовод и канализација среќа што повеќето имаме бунари а некои на раце мора да ја пренесат секоја капка вода од селската чешма. Во катастрофална состојба е и здравствената заштита нема здраствен дома. Имено, во времето на комунизмот имаше здраствен дом во селото после 25 години демократски развој селото уште нема здраствен дом. Дополнителен проблем за македонслкото малцинство во Албанија е фактот што децата неможат да го изучуваат мајчиниот јазик во училиште, иако со меѓународните конвенции за човекови права тоа нешто е решено. Поради сите овие егзистенционални проблеми на македонското малцинство во село Врбник, Македонско друштво “Илинден”-Тирана бараат од владата и општината да преземе соодветни мерки да се подобри ситуацијата.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

 

www.ilinden-tirana.com

Калиопи со “Дона“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија

Република Македонија ќе биде претставена од Калиопи со песната “ДОНА” на годинешната манифестација Евровизија 2016 што ќе се одржи во Стоколм, Шведска на 10 и 12 мај полуфиналиња на 14 мај финале. Калиопи по втор пат ќе настапи на најголемиот музички фестивал, во 2012 година со песната “Црно и бело“ настапи на Евровизија во Баку, Азербејџан и се пласираше на 13 место.


 

Линк на песната  https://www.youtube.com/watch?v=prFFRzy_X6o

 

www.ilinden-tirana.com

Честит 7- 8 ми март

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви посакува среќен 7-8 ми Март!

 


Shoqata Maqedonase “Ilinden”-Tiranë dhe Shoqata Maqedonase “Ilinden”-Tiranë Dega Gollobordë ju uron gëzuar 7-8 Marsin!

 

www.ilinden-tirana.com

Соопштение: Лошата состојбата во областа Гора

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја изразуваат својата загриженост и посочуваат дека положбата на Македонците во областа Гора е лоша и отворено ја повикуваме Владата на Албанија итно да преземи соодветни мерки за подобрувањо на состојбата во оваа обласат. Исто така, сметаме дека досегашното однесување кон областа Гоra и тамошното население значи кршење на основните човекови права според меѓународните конвенции. Како потврда за ваквиот наш став е фактот дека во последните 25 години малку е инвестирано во селата во областа Гора населена со македонско население. Патната инфраструктура која опфаќа 9 села е во лоша состојба, и срамно е во 21 век да има толку голема област каде се уште нема асфалтирани патишта. Тоа е главната причина за слабиот економски развој на областа Гора, сиромаштијата во обласата Гора се движи до незамисливи граници, бидејќи 95 % од населението се невработени. На овој начин, македонското население се исселува од Гора поради лошата состојба. Посебен проблем на македонско национално малциство во областа Гора е со снабдувањето на електрична енергија бидејќи мрежата за нејзина дистрибуција е стара од времето на комунизмот и покрај тоа што жителите редовно ја плаќаат електрична енергија.

Во катастрофална состојба е и здравствената заштита во областа Гора. Имено, во времето на комунизмот имаше здраствен дом во секое село. Денес, после 25 години демократски развој ваквите здравствени институции се бројат на прсти и се во лоша состојба. Дополнителен проблем за македонслкото малцинство во Албанија е фактот што децата неможат да го изучуваат мајчиниот јазик во училиштата, иако со меѓународните конвенции за човекови права тоа нешто е решено. Поради сите овие егзистенционални проблеми на македонското малцинство во облсата Гора, Македонско друштво “Илинден”-Тирана бараат од владата да преземе соодветни мерки да се подобри ситуацијата.

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 
Претседател Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com

Ученици Македонци по потекло од Голо Брдо образованието го продолжуваат во Охрид, Македонија

Ученици, етнички Македонци со завршено основно образование, а кои се по потекло од Голо Брдо во се поголем број средното образованието го продолжуваат во Охрид, Република Македонија. Некои тука продолжуваат и на факултет а други се запишуваат во Битола, Штип, Прилеп и Скопје. Оваа училишна година, средношколците Бриланд Кадриу, Микел Уручи, Хајдар Ценај, Ерлинд Тафај и Леонард Алуши ја посетуваат наставата во економското, медицинското и во угостителското училиште. Велат дека се многу задоволни од учењето и од однесувањето на професорите. Учениците ги посети претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Огранок Голо Брдо Ули Халилај кој разговараше за проблемите со кои се соочуват во текот на учењето, за тоа како ги совладуваат методолошките единици во училиштата, но и како се интегрираат меѓу врсниците во Охрид. И во ова пригода ја нагласивме заложбата што повеќе деца да бидат испраќани во Република Македонија за да се образуваат во матичната држава – вели Ули Халилај.


 

www.ilinden-tirana.com

Македонците од Врбник пијат од чешма од 1928 год живеме бес водовод, учител лекар и компјутери, но

Ма каков компјутер или интернет та ние живееме без водовод и канализација во селото веќе со децении, а немаме со години лекар ниту учител па децата од поодамна не може да учат на мајчиниот македонски јазик кој ќе се закине. Вака не пречекаа жителите во Врбник, Албанија  село распослано на 50-ина километри од Пустец, Мала Преспа а на 300 од Скопје, Македонија. Kога ќе се најдете таму помислувате како времето да застанало на крајот од 19 век и како да сте дошле на крајот од светот. Само што стасавме во селото по 6 часа возење, од кои последните 5 километри од Билишта ги возевме повеќе од половина час по земјен пат, брзо се расчу дека некој од другата страна на границата дошол да види како живеат овие 100-ина Македонци на тромеѓата со Македонија и Грција. Надвор беше минус 10 степени, а во „клубот“ каде што не сместија, стоплен од ќумбето што баботеше, атмосферата многу брзо се загреа кога почнаа да пристигнуваат другите соселани, кои во просторијата каде што е и продавницата, едвај чекаа да ни раскажат како живеат. Да напишете се дека немаме водовод, канализација. А каков е патот до селото сега и самите се уверивте. Среќа што повеќето имаме бунари, а некои од соседите што немаат на раце мора да ја пренесат секоја капка вода од селската чешма.


 

Тежок е животот и за постарите, а камоли за помладите работа нема, па се разбегаа во Македонија, Грција, Тирана, Kорча, но и по целиот свет  и во Kанада, Америка. Останавме стотина, а бевме над 300-400 сите сме Македонци од егејскиот дел – раскажува еден од најстарите врничани, Ванчо Николовски (78). Тој прима пензија од 70 евра месечно, што ја заработил во кооперација, која, како што нагласува Ванчо, се расипа кога влезе демократијата. Селската чешма досега не ги изневерила А една од ретките работи што досега не се расипала е селската Долна чешма, која блика и од која вода за пиење со децении полнат врничани. Таа е една од ретките што не ги изневерила сите овие години. Водата е многу добра за пиење, а наша среќа е што изворот е многу богат, па не паметиме водата да пресушила. Но политичарите и другите моќници кои треба да ги подобрат условите за живот тука се губат како да залутале некаде по лошиот пат, па никаде ги нема да ги остварат нашите барања. Се сеќаваат на нас само кога се бараат гласови. Петте километри од посакуваниот асфалтен пат со години го ветуваат пред секои избори, но се уште мора да се вози по стариот земјен пат вели една од помладите жителки, Маријана Поповска (50). Врничани пред една година ги посетил и амбасадорот на Македонија во Албанија, на кој исто така му ги раскажале проблемите со кои се соочуваат. Им ветил дека повторно ќе дојде. Токму кога и ние се затекнавме до селската чешма, и 80-годишната жителка Софија ги полнеше шишињата за како што рече, да однесе вода дома за синот. Нејзината пријателка Донка ни призна: „Не го сакам веќе Еди Рама зашто не ни го направи патот, иако гласавме за него“. Во лепчето на Бадник леки или евра А ете токму тука – на селската чешма по крстот скокале и неколку дечиња од селото, но не во вторникот на 19, туку на 6 јануари годинава. Тогаш ги одбележавме Водици зашто црковните празници ние ги славиме по грчкиот, новиот календар, а не по стариот како што е во Македонија. Си ги тераме сите адети кршевме и лепче на Бадник, а во тестото ставаме или леки или ситни евра. За Велигден селото е полно  доаѓаат и нашинците од странство и тие да се помолат во нашата црква „Свети Ѓорѓи“ – вели сопругот на Маријана, Kољо Поповски. Но, за жал, многу години веќе нема крштевки во црквата во Врник. Заборавивме како е да се чуе бебешки плач. Бебе не се родило тука повеќе од пет години. И сега едвај неколку деца се собраа за да го фатат крстот за Водици – додава Маријана.


Црква „Свети Ѓорѓи“ село Врбник

 

Младите ги спакуваа куферите Kољо Поповски раскажува како нивните деца, и синот и ќерката, се обидувале да останат на родната грутка, но безуспешно – и тие решиле да ги спакуваат куферите. Цели 3 години синот Димитар ги носеше двете деца на училиште во Билишт и повеќе не издржаа  избегаа во Kорча со снаата. Замислете по овој пат да мора да возите двапати во денот?! Иако и таму нема работа  син ми се уште не е вработен, а снаата работи во италијанска фабрика за чевли. Иако тие потоа и се извезуваат во странство, платите на вработените не се како на Запад – како во земјите на Европската Унија, туку едвај примаат по 200 евра, а и тие тешко ги заработуваат зашто се на норма. Им помагаме со храна оттука  им праќаме сирење месо зеленчук – вели Kољо, чија ќерка исто така живее во Kорча. Тој ни откри дека, иако е во години, и на него понекогаш му недостига компјутер. Внуците ни доаѓаат за распуст  секое лето се тука, но почнаа малку да негодуваат зашто кај нас немаат игри на компјутер зашто нема ниту интернет во селото. Ова се нови модерни времиња, а и овие современи технологии се далеку од нас, што е и добро за децата барем кога се кај нас да одморат очи од компјутерските екрани. Настојуваме да ги преокупираме со други работи со тоа што го немаат во градот па ги учиме и да се грижат за домашните животни – раскажува Kољо. И Ералдо (22) е еден од ретките млади луѓе што ги затекнавме во селото. Тој во недостиг од таблет или компјутер беше зафатен со мобилниот телефон, кој му е прозорец кон светот. Неговиот другар Александар Шемко учел основно во селото, а за средно училиште морал да оди во Битола каде што стекнал техничко образование. Тој не продолжил да живее во Македонија, туку се вратил во селото, но таму не можел да го примени знаењето што го добил. За да може да преживее, тој вели дека секое лето оди да работи во Грција барем по 3 месеци. Александар има 27 години и се уште не е женет.  Нема девојки во селото, а и рано ми е за женидба. Kога сум во селото, не можам да се логирам ниту на „Фејсбук“ туку само кога одам во градот, а и тоа ми е начин да запознам некого – вели тој. Kомпир и домат без пестициди Додека разговаравме со жителите на ова село, забележавме дека освен водата од изворот, иако живеат тежок живот  блескаат и нивните лица, па кај повеќето сигурно дека ќе згрешите во процената колку години имаат. На прашањето дали можеби тајната, освен чистиот воздух, е и што самите произведуваат храна, тие со потврден одговор: – Да – погодивте! Ние не користиме пестициди кога садиме зеленчук, а одгледуваме патлиџан, пиперки, компир. Од јаболка успева само еден вид, од оние што порано зреат. Единствено во пченицата ставаме средство против плевел тоа е хемијата која е присутна на нашите ниви и бавчи го откриваат врничани можниот рецепт за младешки изглед и релативно доброто здравје. Ни лекар ни учител здравјето секако мора добро да го чуваат зашто немаат ниту лекар во селото! Медицинска грижа во селото им укажува единствено медицински брат, како што на шега го нарекуваат, односно техничарот. Тој им се наоѓа за мерење на крвниот притисок, кога некоја итна поситна повреда треба да се санира или за помали преврски. Не успеавме да дознаеме која е најсложената интервенција со која успеал да им укаже помош на овие жители зашто не беше на работното место – заминал во градот. На вратата од куќичката каде што е сместена оваа импровизирана ординација стои известување на кој број да се јават во случај да им треба итна помош. За сите други здравствени услуги мора да одиме во најблискиот Билишта каде што има амбуланта и болница. Најлошо е кога треба итна услуга – пред некоја година соседот едвај спаси жива глава доби големи болки во стомакот, но, за среќа, брзо најдовме кола и го пренесовме до градот. Инаку, и ние страдаме од стресот, иако живееме во здрава средина. Најмногу поради тоа што нема работа ни за младите ни за постарите – па тоа ни е и една од најголемите грижи – вели пензионерот Ванчо.


ЌЕ СЕ ИЗГУБИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК!

 

Освен за комуналните и егзистенцијалните проблеми, жителите на ова место се загрижени и за опстанокот на мајчиниот, македонски јазик. Штета е што немаме училиште, ниту учител во селото, еве повеќе години, па и да има деца во селото нема кој да ги научи литературно да пишуваат и читаат македонски. Тие од родителите ќе научат да го зборуваат македонскиот јазик, но нема да знаат да пишуваат ако нема даскал да ги научи. Се плашиме дека ќе се изгуби јазикот зашто веќе не може да ги гледаме програмите на Македонската телевизија како порано. Само додека работеше училиштето во селото, децата го учеа мајчиниот јазик, секако и албанскиот, а оние што потоа мораа да одат на училиште во Билишта, учеа само на албански предупредува Алберт Шемко (51). Од некогашното основно училиште е останата само руинирана зграда во селото, без прозорци и покрив, која на жителите им личи, како што велат, како на тие во Авганистан.


САКАМЕ И НОВИ МАКЕДОНСКИ ПАСОШИ


Имаме само стари македонски пасоши, кои одамна не важат, па сакаме што поскоро да добиеме нови, биометриски пасоши. Ние сме државјани и на Македонија, на секој попис во Албанија така и се изјаснуваме – како Македонци а пасошот ни треба и да можеме полесно и поевтино да се лекуваме во Ресен, Битола, Охрид. А секако и за да може да гласаме кој сака може да оди во Ресен и да гласа – порачува Kољо заедно со другите Македонци од Врбник.


ГО НОСИ СОПРУГОТ НА КАРДИОЛОГ ВО ОХРИД, НО ЗА СЕБЕ НЕМА ПАРИ ЗА ГИНЕКОЛОГ!


Но некогаш од Врбник доаѓаат на лекар и во Македонија. Го носам сопругот еднаш годишно на кардиолог во болницата во Охрид зашто е срцев болен. Само патот ме чини 50 евра, плус 70 за контролите, па не стасуваат пари и јас да се прегледам. Не сум била на лекар со години – вели 55-годишната Фанија. Соселаните појаснуваат дека во Албанија еднаш годишно им следуваат бесплатни прегледи на оние од 40 до 65 години, а тоа велат дека и повеќето од нив го практикуваат и одат во соседниот Билишта за да си го проверат здравјето. Kога станува збор за гинеколошкото здравје, жените од ова село како да не ни слушнале за мамографски прегледи на дојките, ниту за ПАП-тест. Неколкуте жителки на селото со кои разговаравме, а не сретнавме помлада од 50 години, велат дека не паметат кога биле на гинеколошки преглед, не знаеја дури ниту што е мамографско снимање на дојките со цел рано откривање на ракот, кое е задолжително за жените постари од 40 години.


Репортажа од Љубица Балабан за Дневник

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го осудува нападот врз г-дин Тодор Петров

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо се шокирани од вчерашното бруталното насилство врз претседателот на Светскиот македонски конгрес г-дин Тодор Петров. Нападот врз г-дин Тодор Петров е напад врз сите Македонци каде и да се наоѓаат и бараме од надлежните институции на Република Македонија да ги пронајдат насилниците и напаѓачите и соодветно да ги казнат. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо како и Македонското национално малциство во Република Албанија му посакуваат на г-дин Тодор Петров побрзо оздравување и закрепнување.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо


www.ilinden-tirana.com

Со македонскиот пасош без виза може да се патува во 107 земји во светот

Според традиционалната ранг листа на американската консултантска фирма “Хенли партнерс“ (Henley & Partners) според визните ограничувања на секоја држава. Mакедонскиот пасош е на 46 место од рангирани 199 држави. На првите места на оваа ранг листа се Германија, Велика Британија, Финска, Шведска и САД. Во споредба со лани Македонија е за едно место погоре. Со македонски пасош без виза може да се патува во 107 земји. Од соседството, пред нас се пасошите на Грција 7 место, Словенија 11, Хрватска 22, Србија 43. Позади нас на оваа ранг листа се пасошите на Црна Гора, Русија, Босна и Херцеговина, Турција, Албанија. На дното на оваа табела се пасошите на Сирија, Пакистан, Сомалија, Ирак и Авганистан.


 

www.ilinden-tirana.com

Главниот град на Република Македонија Скопје на листата најдобри градови за живеење во светот

На овогодинешната анализа на компанијата “Mercec” која според неколку критериуми ги рангира најдобрите места за живот се најде и град од Македонија. Од вкупно 230 градови, градот Скопје е рангиран на 159-то место на листата за квалитет на живот. За најдобар град и оваа година беше избрана Виена а главни критерируми според кои се рангирани градовите се економските услови, здравството, образованието домувањето и животната средина. Во топ седум најдобри градови за живот влегуваат Виена, Цирих, Минхен, Дизелдорф и Франкфурт. Од нашиот регион на 76-то место се најде Словенија. На 115 место се вброи Бугарија, Србија со главниот град Белград се најде на 141 место и една позиција пред Скопје се најде Босна и Херцеговина односно на 158 место. Од рангираните градови во регионот најнизок квалитет за живот има Тирана која се најде на 179 место.Според истражувањето, најлош град за живеење е Багдад.


 

www.ilinden-tirana.com