News

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Албанија – “Ве молиме останете дома!“

Во врска со пандемијата со коронавирусот, Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Албанија – “Ве молиме останете дома!“. Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува повик до сите Македонци во Албанија да не излегуваат од домовите да се придржуваат кон мерките и превентивите од владата и истите да ги почитуваат! Имајќи го во предвид интензитетот на ширењето на вирусот Ковид-19, не излегувате од дома, со тоа ќе ги спречите сериозните здравствени ризици по Вашето здравје и живот и здравјето и животите на другите! Имајте ја во предвид стапката на заразеност од вирусот! Почитувајте ги официјалните соопштенија и предупредувања на локалните власти во општината каде што живеете, почитувајте ги препораките и мерките на надлежните државни органи, да не го доведете во ризична состојба вашето здравје и здравјето на другите! Ве молиме да ја сочувате смиреноста и да ги почитувате и применувате правилата за хигиена на највисоко ниво! – стои во соопштението на Македонското друштво “Илинден“-Тирана.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана го осудува оркестрираното бугарско негирање на Македонците во Албанија

Деновиве бугарската јавност беше бомбардирана од тврдењата дека не се точни објавите во весникот „Илинден“ издаван од Македонското друштво „Илинден“-Тирана, дека во Албанија нема Бугари, реагираат од ова друштво и велат: ,,Признаваме дека не очекувавме толку оркестрирана „вистина“ од страна на бугарската јавност на вистината за Македонците во Албанија. За да се „докаже“ спротивното низ јавните гласила се јавија наменските „истражувачи“, „научници“ и други потребни кадри кои се обидуваат на Македонците во Албанија да им кажат дека не се Македонци, туку дека се Бугари. Секако, вистината дека не постојат Бугари во Албанија ја знае целата светска јавност. Исто како што е јасно и гласно дека во Пиринска Македонија живее непризнато и понижено македонско население. За читателите е интересно да се каже дека во 2017 година во Албанија беше донесен Закон за малцинствата. Според важечките резултати од последниот попис на населението, нема ниту еден изјаснет како Бугарин во Албанија, но сепак беше признато бугарско малцинство во Албанија. И тоа не би било спорно ако „признавањето“ не се случуваше истовремено со подготовките на Бугарија за преземање на шестмесечното претседавање со ЕУ. Таквата позиција беше нашироко протежирана од бугарската Влада за „објаснување“ до албанскта Влада дека Бугарија ќе „помогне“ за побрзо зачленување на Албанија во ЕУ, доколку во Законот „внесе“ непостоечко бугарско малцинство и тоа во деловите на Албанија каде живеат Македонци. Од 2017 година до денес бројни бугарски „научници“ и емисари бараат и лажираат податоци за Бугари во Албанија. Тогаш, бројот на „Бугарите“ мора да биде надуван до степен до кој бугарските „европејци“ ќе им се закануваат на албанските власти со влезот во ЕУ. Секако, за успех на бугарската политика за нашето однародување како Македонци во Албанија многу помагаат и лица кои лесно и ефтино си го продаваат образот на фамилијата и нацијата. Нека им служи на чест, и ним и на нивните поколенија плукањето по коските на предците. Македонското друштво „Илинден“-Тирана и натаму ќе пишува за вистината, а тоа значи дека ќе објавува документи и текстови за македонската традиција, историја и култура во Албанија. Секако, за македонското чувство на населението во Албанија од кое се барало да признае дека е бугарско, најдобро говори следново видео“-се вели во соопштението на Македонско друштво ,,Илинден“-Тирана.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кон Македонците во Албанија

Македонско друштво „Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник и потпретседател на европарламентарната група на Европската народна партија Андреј Ковачев и Спас Ташев во Корча, за време на промоцијата на книгата за „Бугарите во Албанија“ од авторот Спас Ташев. Македонско друштво „Илинден”-Тирана за неприфатлива ја смета објавата и промоцијата на книгата “Бугарите во Албанија“ од Спас Ташев, со лого на Европската народна партија, бидејќи шири лаги и невистини за Македонците во Албанија како “Бугари“. Го посетуваме авторот на книгата дека преземал слика без авторски права, истовремено го спомнува Македонско друштво “Илинден”-Тирана како промотор на Македонизмот во Албанија. Македонско друштво „Илинден”-Тирана остро го осудува посетата на бугарскиот европратеник и потпретседател на група на Европската народна партија Андреј Ковачев во областа Мала Преспа во својство на европратеник и потпретседател на европарламентарната група на Европската народна партија, кој на социјалните мрежи информира дека остварил средби со „Бугарите“ во Врбник и Мала Преспа. Македонско друштво „Илинден”-Тирана повторно ги осудува неприфатливите уцени на Софија кон Албанија од која бара права за Македонците како „Бугари“! Македонско друштво „Илинден”-Тирана и уште еднаш прокламира, дека во Албанија не живеат „Бугари“, Македонците во Албанија не се „Бугари“! Македонците во Албанија не може да бидат коалтерална штета заради бугарските уцени и албанските амбиции за членство во Европската Унија, посебно наци-фашистичкиот ултиматум на Софија: Тест за бугарска согласност за започнување на преговори меѓу Брисел и Тирана е обврската Албанија да прокнижи Бугари на престојниот попис во регионите каде што живеат Македонците! Македонско друштво „Илинден”-Тирана ја осудува национал-шовинистичката политика на Софија кон Македонците во Пиринскиот дел на Македонија и во цела Бугарија, како и кон Македонскиот народ во целина, непризнавајќи го неговото универзално неотуѓиво и неотстапно право на самоопределување и самоидентификација на Македонски народ, Македонски јазик и држава Македонија“!.- стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана: Министерството за култура на Албанија не подржа ниту еден проект на Македонците

Македонското друштво „Илинден“-Тирана во име на македонските друштва и здруженија во Албанија, реагира поради тоа што Министертвото за култура на Албанија, не прифатило ниту еден проект предложен од асоцијациите на Македонците во Албанија. „Македонците во Албанија, преку Македонското друштво Илинден -Тирана, реагираат за несовесниот и крајно дискриминаторски однос на Министерството за култура и истакнуваат дека треба да добијат финансиска поддршка од државата за реализирање на нивни проекти. Покрај тоа, Македонците истакнуваат дека се лојални граѓани и ги плаќаат сите даноци кон државата, но пари за културни активности на лојалните граѓани со македонско етничко потекло, нема, стои во реакцијата. Посебно се нагласува дека Друштвото на конкурсот аплицирало со проектот „Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Албанија“, што е исклучително значаен проект за македонската заедница во Албанија,но оти истиот не е подржан. Македонците имаат потреба од финансиска поддршка на проектите од страна на Министерството за култура кои се однесуваат на негување на традициите на Македонците кои живеат во Албанија. Во овој случај, државата преку Министерството за култура покажува дека само декларативно се залага за демократска Албанија и за почитување на правата на малцинствата кои живеат на нејзина територија,се наведува во реакцијата. Се додава дека повикот бил објавен од Министертвото за култура на 16 јануари и траел до 14 февруари, но „за жал Македонците беа само бројка во апликациите кои беа испратени на конкурсот.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од денес е со обновен веб портал

Македонското друштво “Илинден”-Тирана од денес е со обновен веб портал www.ilinden-tirana.com. Веб платформата е создадена во почетокот на 2013 година и обезбедува информации за Македонското друштво “Илинден”-Тирана и за Македонците во цела Албанија. Содржината на веб порталот е обновена со повеќе информации. Македонското друштво “Илинден”-Тирана е друштво на македонското национално малцинство во Албанија, формирано на 6 февруари 2009 година во Тирана. Друштвото се грижи за унапредување на положбата и правата на Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво „Илинден”-Тирана и Васил Стерјовски обезбедија донација во ИТ опрема за гимназијата во Пустец

Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана во соработка со Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција – МАЕИ и пратеник во aлбанското собрание Васил Стерјовски обезбедија донација во ИТ опрема ( 6 комплет компјутери), школски маси и столови и детски списанија на македонски јазик. Оваа донација ќе биде предадена на директорот на гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, Трајан Ванѓеловски кој ќе ја прераспредели според потребите на учениците со цел тие да добијат поквалитетна настава на часовите по информатика. Согласно потребите на учениците во иднина ќе продолжи овој тренд на донирање ИТ опрема за учениците во областа Мала Преспа.

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај оствари средба со Проф. Мишко Џидров Проректор за настава во Универзитет „Гоце Делчев“-Штип

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 14.02.2020 година во Ректоратот на Универзитет „Гоце Делчев“-Штип оствари средба со Проф. Мишко Џидров, Проректор за настава и студенти. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, ја информираше Проф. Мишко Џидров за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија. Воедно, Проф. Мишко Џидров беше информирана и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, кое со години е активен субјект сред македоската заедница во Албанија. На средбата, многу отворено, се разговараше за можни активности кои би помогнала за надминување на проблемите на студентите Македонците од Албанија што учат во Универзитет „Гоце Делчев“-Штип. Секако, во опсегот на надлежностите, Проф. Мишко Џидров искажа подготвеност да помогне за подобрување на соработката меѓу Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и Универзитет „Гоце Делчев“-Штип, претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана топло и се заблагодарува за срдечна средба.

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана Ѓурѓај и јa врачи почесната награда „Илинден” на професорката Тодороска

Претседателот на македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај се сретнал со Професор доктор Катерина Тодороска, научен советник во Институт за Национална Историја во Скопје и лично и ја врачил почесната награда „Илинден”. Чест ми беше да се сретнам со професорката Тодоровска со која имавме срдечна средба. Ја врачив наградата „Илинден“ што годинава,по повод 11-есет годишнината од формирањето на друштвото и ја доделивме,изјави Ѓурѓај за Македонски весник Илинден. Додаде дека наградата и се доделува за нејзиното научно творештво поврзано со историјата и катадневниот живот на македонското национално малциство во Албанија. Пријатно ме изненади веста за вашата Одлука да ми ја доделите годинешната награда „Илинден“ за особен придонес за македонското национално малцинствово Република Албанија. Со оглед на мојот професионален ангажман во кој е вклучено истражувањето на историјата, традицијата и културата на Македонците во Албанија, неизбежен беше и мојот напор за постојано следење на современите состојби во Албанија меѓу македонското малцинство. Наградава предизвикува вистинско задоволство и среќа за секој кој несебично се вложил во истражување на корените и практикувањето на македонската традиција во Албанија. Искрено се заблагодарувам за укажаната чест, рекла Тодоровска. Наградата „Илинден”, е воведена минатата година по повод јубилејот 10 години постоење на друштвото а се доделува на личности кои дале посебен придонес за животот, историјата, културата и зачувувањето на автентичните традиции на Македонците во Република Албнија. Лани наградата им беше доделена на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и игуменот на Бигорскиот манастир,Архимандрит Партениј. Годинава наградата освен Тодоровска ја доби и Васил Стерјовски.

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана освари средба со градоначалникот на Општина Пустец Пали Колефски

Претседатлот на македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на 13.02.2020 оствари средба со Пали Колефски Градоначалник на Општина Пустец, Областа Мала Преспа го запознал својот соговорник со работата и моментните активности на друштвото во правец на заштита и унапрдување на правата на припадниците на Македонците во Албанија. Разговаравме за проблемите со кои се соочуваат Македоцните во областа Мала Преспа. Ветив дека македонското друштво „Илинден“-Тирана со искуството што го има со меѓународните организации ќе помогне за подобрување на условите во областа,- рече Ѓурѓај. Додава дека е договорена поголема соработка на друштвото и локалната власт а од страна на Колефски бил запознат со прокетите кои општината ќе ги реалзира за подобрување на условите за живот во оваа областа Мала Преспа.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана со поддршка на Нов Контакт – Македонија реализираше заедничка донација на училишен материјал во Мала Преспа

Македонското друштво „Илинден“-Тирана донираше училишен материјал за училиштата во Општина Пустец, Мала Преспа. Донацијата ја достави претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, кој другаруваше и со учениците. Посебно здоволство ми е што за Македончињата во општина Пустец донирав училишен материјал,што е во соработка со Центарот за информативна поддршка – Нов Контакт -Македонија од Скопје, преставувано од д-р Златко Николоски и донаторите од Швајцарија преставувани од г-дин Александар Пасков. Тоа врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка со цел заедничка промоција на македонските национални, традиционални и историски вредности (македонска култура, јазик, традиции, фолклор) на национално и меѓународно ниво, изјави Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”. Додава дека училишен материјал е дониран за учениците во гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, деветолетката „Отпорот на Горичаните” во Долна Горица, како и првачињата во селата Туминец, Шулин и Пустец. Објаснува дека донацијата се состои во македонска литература и граматика, лектири од македонски автори, букварки, боенки за помладите, македонски приказни, училишни ранци, пластични моливи, фломастери, тетратки, географски карти, читанки по македонски јазик и други училишни помагала.