News

Македонско друштво „Илинден”-Тирана: Одземањето на правото на глас на мнм и диаспора е неприфатливо

Македонско друштво “Илинден”-Тирана строго ги осудува сите напори кои би го одзеле правото на глас на македонците надвор од Македонија го повикуваме ДИК да овозможи повторна регистрација на гласачите од мнм и дијаспора. За нас, предлогот за одземање на правото на глас на Mакедонците надвор од Македонија претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување на Mакедонците надвор од Македонија. Бидејќи ние Mакедонците надвор од Македонија сакаме да учествуваме во градењето на слободна и демократска држава, имаме право најпрво заради нашето потекло, грижа и нераскинлива врска со татковината. Македонците надвор од Македонија се клучен партнер на татковината Македонија и  интегрален елемент за унапредување на Македонија во сите полиња, особено надворешната политика и економијата. Истовремено, Македонците надвор редовно ја посетуват Македонија и со нивното доаѓање придонесува кон зголемувањето на локалната економија низ Македонија. Затоа Македонците надвор од Македонија мора да го уживат правото на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на Македонија. Македонците надвор од Македонија ги повикуват сите политички субјекти во Македонија, да покажат почит и јасна заложба за Македонците надвор од Македонија со единствена цел за напредок на Македонија и подобра иднина за Македонците.

Петгодишно членство на Македонско друштво “Илинден”-Тирана во Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН)

На денешен ден, пред пет години, Македонското друштво „Илинден“-Тирана, беше примено во семејството на претставниците на европските националности и стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Особена заслуга за нашето членство во ФЕУН има Македонското меѓународно движење за човекови права од Канада со Претседател г-дин Бил Николов кое помогна Македонското друштво „Илинден“-Тирана да стане рамноправен член во ФУЕН, за што изразуваме благодарност. Имено, Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана рамноправен член на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) во конгресот на ФУЕН што се одржа на 15.05. 2015 година во Комотини, во Грција, во организија на Федерацијата на Западно – Тракиски Турци во Европа, Здружение на дипломирани студенти на Западна Тракија Малцинства и Партијата за пријателство, еднаквост, мир. Од тогаш до денес, Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Албанија. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и националните традиции на Македонците во Албанија. Покрај тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана редовно учествуваше во овие пет години на сите конгреси на ФЕУН. Така, бевме присутни и активно партиципиравме во работата на конгрсот во Вроцлав, Полска на 21 мај 2016, потоа во Клуж – Напоча, Романија на 20 мај 2017 година, како и на следниот Леуварден, Холандија, на 23 јуни 2018 година и на последниот конгрес одржан на 15 јуни 2019 година во Братислава, Словачка. На сите конгреси Македонско друштво “Илинден”-Тирана поднесуваше резолуци чија содржина и намера беше подобрување на животот на Македонците во Албанија и сите беа освоени од страна на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН). Истите се пратени до сите меѓународни институции кои се поврзани со малциствките проблеми, како и во државните инситуци на Албанија. Колку и дали овие резолуции придонесуваат за подобрување на положбата на Македонците во Албанија ќе биде следниот чекор кој ќе го преземеме на следниот конгрес на ФЕУН. Македонското друштво „Илинден“-Тирана во функција на рамноправен член во ФУЕН и како дел од работната група на словенските малцинства во Европа, активно го покренува прашањето за Македонците во Албанија на меѓунаротната сцена. Македонското друштво „Илинден“-Тирана во ова прилика упатува искрена благодарност до сите членки на Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) за соработката и разбирањето покажано за интересите на македонското малцинство во Албанија. Истовремено испраќаме искрени честитки до членовите, соработниците и симпатизерите на Македонското друштво „Илинден“-Тирана за петгодишниот јубилеј на членство во највисоката малцинска организација во Европа, со желба и натаму јасно и опстојно да работат на интересот и барањата на Македонците во Албанија. Да ни се множат јубилеите и пријателствата со сите народи и малцинства во светот.
                                             
Со почит
                                             
Никола Ѓурѓај
Претседател на Македонско друштво „Илинден“-Тирана

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најстрого ја осудува нај новата провокацијата на Бугарската академија на науките

Македонското друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува најновата провокација на Бугарската академија на науките со новата книга “За официјалниот јазик на Северна Македонија” да се нарекува Северно македонски бугарски јазик. Ниту Македонците се Бугари, ниту Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик! Македонското друштво “Илинден”-Тирана со индигнација го отфрла антимакедонизмот на Владата во Софија и Бугарската академија на науките со вакви книги, во кои повторно пласира една небулозна теза, дека не постои Македонскиот јазик! Со своите скандалозни книги, Бугарската академија на науките потврдува дека воопшто не го заслужува местото во европските академи за науки. Однесувањето на Бугарската академија на науките кон Македонскиот народ и Македонците воопшто е доказ за шовинистичкото однесување на бугарската политика од времето на Санстефанска Бугарија од 1878 година. Иронијата да биде поголема, Софија денес “се бори” против руското влијание во Бугарија, заборавајќи дека и државата Бугарија и “Санстефанска Бугарија” се производ на Руската Федерација! Македонците во Албанија отсекогаш биле Македонци, Македонците во Албанија никогаш не биле и нема да бидат Бугари!

Македонско друштво „Илинден“-Тирана најостра осуда на изјавите на Каракачанов и Ковачев

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува најновите провокација на Красимир Каракачанов вицепремиер и министер за одбрана во Владата на Република Бугарија од ВМРО-БНД и Андреј Ковачев европратеник од ГЕРБ како и бугарската амбасада во Тирана, бидејќи со делење на пасоши сака да купи “бугари” во Албанија како “доказ” дека не постои Македонскиот јазик. Македонците во Албанија со индигнација го отфрлаат антимакедонизмот на власта во Софија и го сметаат за несериозно и смешно повторното пласирање на една небулозна теза, дека не постои Македонскиот јазик. Македонското друштво “Илинден“-Тирана го повикува Европскиот парламент да преземе мерки против Андреј Ковачев од ГЕРБ кој од позиција на европратеник врши притисок врз Македонците во Албанија. Македонското друштво “Илинден“-Тирана ја осудува Владата во Софија за дискриминаторските, расистичките и наци-фашистичките барања за непостоење на Македонскиот народ во целина! – стои во соопштението потпишано од Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.

5 Мај – Денот на македонскиот јазик

На денешен ден 5 мај 1945 година со решение на Народната влада на Федерална Република Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик. Развојот на денешната македонска азбука датира уште со појавата на глаголицата и потоа со замената на глаголицата со кирилица и со постепено развивање и усовршување на гласовно-графичкиот систем. До 10 век македонскиот јазик користел различни други писма, како што е грчкото писмо или некои сè уште недешифрирани писма, но со појавата на глаголицата се стандардизирала писменоста. Така, од 10 па се до 19 век македонскиот јазик ги користел следните азбуки: глаголица, кирилица, црковно-македонско писмо, илинденска азбука. Нашиот великан Блаже Конески, чијшто заслуги за создавањето на македонската азбука и кодификацијата на македонскиот јазик се огромни, во една пригода рекол дека „Јазикот е нашата најкомплетна татковина“. Со решение на АСНОМ од 2 август 1944 година, донесено во манастирот Прохор Пчински, македонскиот јазик беше заведен како службен јазик на македонската држава. Усовршувањето и приспособувањето на македонскиот пишан систем и постепено поедноставување на црковномакедонското писмо започнало во XIX век со појавата на поедноставната илинденска азбука, која, пак, довела до оформување на македонската преродбеничка азбука за на крај да се создаде стандардната македонска азбука. Во XX век имало и обид за запишување на македонскиот јазик и со латинична азбука, т.н. македонска абецедарска азбука, која не зела широки размери и останала на локално ниво во Егејска Македонија. Најбогатиот период во поглед на развојот на стандардната македонска азбука е периодот на преродбата, поточно од средината на XIX век до почетокот на XX век. Во овој период голем број македонски интелектуалци вршеле реформи за поедноставување на македонската илинденска азбука и со тоа стандардизирање на македонскиот правопис.

Се одбележуваат 117 години од смртта на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско, Егејска Македонија во борби со османлиската војска која го опколила селото. Посмртните останки на Гоце Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, Македонија во црквата “Свети Спас“ каде и денес се наоѓаат.

Во црквата Свети.Никола во село Стеблево областа Голо Брдо ќе се одбележаа празникот Свети.Ѓорѓи – Ѓурѓовден

На 6 мај 2020 година (среда) со почеток во 9 часот, во црква “Свети Никола“ во село Стеблево, областа Голо Брдо, ќе се одбележи големиот христијанки празник Свети Ѓорѓи – Ѓурѓовден. Богослужба ќе одржи свештеникот Хелидон Демири од Елбасанската митрополија на Албанска Православна Црква. Во селото Стеблево живеат Македонци.

Свети Великомаченик Георгиј Победоносец (во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните.

Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар. Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пратеник. Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашните, а робовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: “Слуга сум на Христ, мојот Бог… До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се! Христ е единствениот Бог!”

Царот наредил Свети Георгиј да биде фрлен во затвор, изложен на најтешки мачења. Во жестоката борба меѓу доброто и злото – победа му подари, издржа натчовечки мачења и стана Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се’!

Пострадал на 23 април / по нов стил на 6 мај 303 година, кога во негова чест се слави празникот Ѓурѓовден.

На иконата Свети Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја, под копитата на коњот.

И според легендата Свети Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.

Во Македонија постојат многу цркви посветени на Свети Ѓорѓија, од кој најстара е онаа во преспанскиот регион, близу до живописното село Курбиново, во пазувите на планината Пелистер. Според времето на живописување, забележано на натписот на северната страна со грчка сигнатура, се претпоставува дека црквата била подигната во 1191 година. Она што импресионира и восхитува во оваа црква е нејзиниот живопис, што заедно со оној од црквата Свети Пантелејмон крај Скопје, претставува врвно и оригинално остварување од периодот на Комненската уметност во Македонија.

Во Албанија, до 1912 година Македонија, црква посветена на Свети Ѓорѓија се наоѓа во село Стеблево, Голо Брдо! Македонците ја сочувале до денес за во неа да го слават името и делото на овој Светител и Великомаченик!

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ја осудува бугарската провокација за непостоење на Македонскиот јазик и Македнското малциство

Македонското друштво „Илинден“-Тирана ја осудува најнова провокација на Бугарската влада за Македонскиот јазик и македонското малцинство. Македонците во Албанија со индигнација го отфрлаат ставот на Бугарската влада со кој повторно се пласира една небулозна теза, дека не постои Македонски јазик и македонското малцинство. Барањето на Бугарската влада, Македонија да се откаже од грижата за македонското малцинство и во ЕУ наместо Македонски јазик да се користи терминот “службен јазик на Република Северна Македонија“ е неприфатливо, геноцидно и претставува злосторството против човештвото! Македонското друштво „Илинден“-Тирана смета дека иако Советот на ЕУ донесе одлука за Македонија да почне преговори и оти изјавите на земјите-членки не можат да ја променат одлуката, загрижувачко е токму правото на вето на Владата во Софија на секое поглавје од триесет и трите. Македонското друштво „Илинден“-Тирана не се сомнева во злоупотребата на Софија на нејзините дискриминаторски и расистички барања за непостоење на Македонскиот јазик и македонското малцинство, приложени во финалниот заклучок на ЕУ што ја отсликуваат намерата на Софија и солидарноста на ЕУ во продолжението на бугарскиот наци-фашизам за непостоење на Македонскиот народ во целина! – стои во соопштението потпишано од Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати четитка по повод почетокот на месец Рамазан

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. До Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа и до сите верници ширум светот честитки по повод почетокот на месецот Рамазан, најдрагиот гостин на кој верниците муслимани му се радуваат. Месец во кој молитвите не се одбиваат, и Аллаховата милост е најголема. Нека надвладее чувство на хуманост и солидарност,главните карактеристики на месец Рамазан. За многу години, стои во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај. Се посакува месецот верниците да го минат во добро здравје и духовна исполнетост и „Алах да даде сила да се пребродат актуелните тешки времиња и во среќа и радост да минат рамазанските пости“.

Честитка од Македонско друштво „Илинден“-Тирана по повод големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден

Претседателот на Македонското друштво „Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска упати честитка по повод верскиот празник Велигден до г.г. Стефан, Архиепископ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и до православните верници. Дозволете ми во мое лично име, во име на Македонското друштво „Илинден“ и на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Воскресението Христово – Велигден. Радувајќи се на Воскреснието Христово – Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат и да се постојано со нас и оваа година, – се вели во честитката од македонското друштво „Илинден” од Тирана. Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскрсение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство,стои во честитката и се додава дека празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските.