Македонско друштво “Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кон Македонците во Албанија

Македонско друштво „Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник и потпретседател на европарламентарната група на Европската народна партија Андреј Ковачев и Спас Ташев во Корча, за време на промоцијата на книгата за „Бугарите во Албанија“ од авторот Спас Ташев. Македонско друштво „Илинден”-Тирана за неприфатлива ја смета објавата и промоцијата на книгата “Бугарите во Албанија“ од Спас Ташев, со лого на Европската народна партија, бидејќи шири лаги и невистини за Македонците во Албанија како “Бугари“. Го посетуваме авторот на книгата дека преземал слика без авторски права, истовремено го спомнува Македонско друштво “Илинден”-Тирана како промотор на Македонизмот во Албанија. Македонско друштво „Илинден”-Тирана остро го осудува посетата на бугарскиот европратеник и потпретседател на група на Европската народна партија Андреј Ковачев во областа Мала Преспа во својство на европратеник и потпретседател на европарламентарната група на Европската народна партија, кој на социјалните мрежи информира дека остварил средби со „Бугарите“ во Врбник и Мала Преспа. Македонско друштво „Илинден”-Тирана повторно ги осудува неприфатливите уцени на Софија кон Албанија од која бара права за Македонците како „Бугари“! Македонско друштво „Илинден”-Тирана и уште еднаш прокламира, дека во Албанија не живеат „Бугари“, Македонците во Албанија не се „Бугари“! Македонците во Албанија не може да бидат коалтерална штета заради бугарските уцени и албанските амбиции за членство во Европската Унија, посебно наци-фашистичкиот ултиматум на Софија: Тест за бугарска согласност за започнување на преговори меѓу Брисел и Тирана е обврската Албанија да прокнижи Бугари на престојниот попис во регионите каде што живеат Македонците! Македонско друштво „Илинден”-Тирана ја осудува национал-шовинистичката политика на Софија кон Македонците во Пиринскиот дел на Македонија и во цела Бугарија, како и кон Македонскиот народ во целина, непризнавајќи го неговото универзално неотуѓиво и неотстапно право на самоопределување и самоидентификација на Македонски народ, Македонски јазик и држава Македонија“!.- стои во соопштението на Македонско друштво “Илинден”-Тирана.