Македонско друштво „Илинден“-Тирана со поддршка на Нов Контакт – Македонија реализираше заедничка донација на училишен материјал во Мала Преспа

Македонското друштво „Илинден“-Тирана донираше училишен материјал за училиштата во Општина Пустец, Мала Преспа. Донацијата ја достави претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, кој другаруваше и со учениците. Посебно здоволство ми е што за Македончињата во општина Пустец донирав училишен материјал,што е во соработка со Центарот за информативна поддршка – Нов Контакт -Македонија од Скопје, преставувано од д-р Златко Николоски и донаторите од Швајцарија преставувани од г-дин Александар Пасков. Тоа врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка со цел заедничка промоција на македонските национални, традиционални и историски вредности (македонска култура, јазик, традиции, фолклор) на национално и меѓународно ниво, изјави Ѓурѓај за Македонски весник “Илинден”. Додава дека училишен материјал е дониран за учениците во гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, деветолетката „Отпорот на Горичаните” во Долна Горица, како и првачињата во селата Туминец, Шулин и Пустец. Објаснува дека донацијата се состои во македонска литература и граматика, лектири од македонски автори, букварки, боенки за помладите, македонски приказни, училишни ранци, пластични моливи, фломастери, тетратки, географски карти, читанки по македонски јазик и други училишни помагала.