News

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ – ОА г.г. Стефан и до православните верници. Имам чест од име на македонското национално малцинство во Албанија преку друштвото “Илинден”-Тирана да ја упатам оваа велигденска честитка до Вашето блаженство, до Синодот на нашата македонска Архиепископија, сите митрополии, епископии и епархии, до свештенството и до сите православни верници во Македонија за најголемиот и најзначаен празник Христовото воскресение и Ви посакам честит и благословен Велигден, благосостојба на нашата татковина Македонија и радост во срцата на сите Македонци во земјата, регионот и во светот.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана го поздравува почетокот на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана

Македонско друштво „Илинден“-Тирана го поздравува почетокот на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана. Овие културно-информативни центри ќе ја шират и презентираат македонската култура во Албанија и албанската култура во Македонија преку организирање разни настани, изложби, литературни и научни предавања, филмски проекции, промоција во медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересираните граѓани на двете страни. Ова е можност за сите Македонците од сите делови на Албанија, да го посетат Македонскиот културно-информативен центар во Тирана. Со овој чин се реализира тридеценискиот сон на Македонците во Албанија, кои од падот на комунизмот во Албанија и воспоставувањето на плурализмот, постојано иницираше идеи за отворање на дом на културата. Со отворањето на Македонскиот културно – информативен центар во Тирана, дополнително ќе се зголеми соработката меѓу двете држави, ќе се продлабочи културната соработка и ќе се создадат услови за тоа културните работници и институции на двете држави да ја зголемат взаемната соработка и да го презентираат своето творештво.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана ги повика Македонците во округот Корча масовно да излезат на гласање и да го подржат Васил Стерјовски (ВИДЕО)

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Мала Преспа, Корча, Поградец, Девол и целиот регион на Корча, да излезат масовно и да гласаат за Васил Стерјовски број 12 и СП број 12 на парламентарните избори на 25 април 2021

Македонско друштво “Илинден”-Тирана, oдлуката на Техничкиот комитет на експерти за карантин на секое лице што ќе влезе на територијата на Република Албанија од Македонија е погрешна одлука

Одлуката на Техничкиот комитет на експерти за карантин за период од две недели на секое лице што ќе влезе на територијата на Република Албанија од Македонија е избрзана и погрешна одлука, бидејќи деновиве се намалува бројот на заразени. Оваа одлука економски ги погодува жителите кои живеат на албанско-македонската граница од Преспа до Голо Брдo, кои, искористувајќи ја близина на границата со Македонија своите животи ги имаат поврзано со сезонска работа и други активности во пограничните региони на Македонија. За овие жители, приходот обезбеден со сезонска работа во Македонија за неколку месеци, е единствен приход за нивните семејства. Техничкиот комитет на експерти треба што побрзо ова недела да ја ревидира ова одлука, бидејќи бројот на заразени лица во Македонија се намалува и не ја оправдува одлуката.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го поддржува кандидатот за пратеник Васил Стерјовски

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ја поддржува кандидатурата на Васил Стерјовски и партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори што ќе се одржат на 25 април 2021 година во Република Албанија. Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) е во коалиција со Социјалистичката партија на Албанија (СП). Според договорот за коалиција меѓу МАЕИ и СП, кандидат за пратеник во списокот на СП во регионот Корча е Васил Стерјовски. Македонското друштво „Илинден“ смета дека за доброто на сите Македонци во Албанија треба да го продолжат своето присуство во албанскиот Парламент со свој достоен и достоинствен претставник, како што е м-р Васил Стерјовски. Коалицијата МАЕИ и СП ќе овозможи интеграција на Македонците во владините институции, засилен и брз економски развој на областите каде што живеат Македонци во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник и цела Албанија, како и заштита на македонските јазик, култура и обичаи. Со досегашното присуство во албанскиот Парламент, м-р Васил Стерјовски покажа и докажа дека малцинските права најдобро може да ги одбрани човек кој потекнува од средината на тоа малцинство. Со досегашното присуство, иако во скратен мандат, Васил Стерјовски покажа дека македонското малцинство има достоен претставник на политичката сцена во Албанија, кој сесрдно се залага за правата и добробитта на македонското национално малцинство во Албанија. Поради тоа, Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува сите Македонци во Мала Преспа, Корча, Поградец, Девол и целиот регион на Корча, да излезат масовно и да гласаат за Васил Стерјовски број 12 и СП број 12 на парламентарните избори со цел да имаат свој достоинствен пратеник во Парламентот на Република Албанија.

Македонско друштво „Илинден“-Тирана посака благословен и лесен рамазански пост

Македонското друштво „Илинден“-Тирана и огранокот за Голо Брдо упатија честитка по повод почетокот на Светиот месец Рамазан. Во честитката се посакува лесен и благословен пост, со желби за потврдување на една од главните карактеристики на рамазанските пости, солидарноста и хуманоста. Чест ни е, од наше и име на друштвото, до Македонците од исламска религија во Албанија и надвор од неа и до сите верници ширум светот да упатиме честитки по повод почетокот на месецот Рамазан, најдрагиот гостин на кој верниците муслимани му се радуваат. Месец во кој молитвите не се одбиваат, и Аллаховата милост е најголема. За многу години, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на огранокот за Голо Брдо, Или Халилај. Се посакува да надвладее чувството на хуманост и солидарност, како „главнит карактеристики на месец Рамазан“. Посакуваме, Светиот месец Рамазан, верниците да го минат во добро здравје и духовна исполнетост и Алах да даде сила да се пребродат актуелните тешки времиња и во среќа и радост да минат рамазанските пости, се наведува во честитката на Македонското друштво „Илинден“-Тирана .

По барањето на Македонското друштво „Илинден“-Тирана поправена јазичната грешка на таблата на институција напишана на македонски јазик

Народниот правобранител на Албанија, позитивно одговори на барањето на Македонското друштво „Илинден“ за коригирање на јазичната грешка на таблата на која стои името на оваа институција на македонски јазик, покрај јазиците на другите етнички заедници. Поради барањето упатено до институцијата Народниот правобранител, во врска со написот на македонски јазик на името на нашата институција во повеќејазичниот знак поставен на главниот влез, ве информираме дека ги превзедовме потребните мерки и ова ненамерна грешка во најкус можен рок ја отстранивме. Се разбра при тоа во предвид го имавме вашето упатство, стои во одговорот на народниот правобранител Елинда Баланца упатено до Никола Ѓурѓај претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Друштвото својата забелешка до албанскиот омбудсман ја достви во петокот, со барање да се коригира јазичната грешка. Македонското друштво „Илинден“- Тирана бара корекција на написот на таблата на институцијата каде стои народен адвокат наместо народен правобранител, како што тоа треба да биде на македонски јазик. Се надеваме дека нашето барање ќе биде разгледано и прифатено. Ви благодариме за разбирањето и соработката, стоеше во барањето. Во исто време „Илинден“, како претставник на македонското национално малцинство во Република Албанија, ја поздравува работата на народниот правобранител и поставувањето повеќејазична табла на објектот каде функционира оваа институција.

Иннтервју за Радио Слободна Европа: Ѓурѓај се очекува Македонците масовно да гласаат на изборите во Албанија

„Во Албанија историски е докажано дека никогаш немамо ниту има бугарско малцинство. Со притисоци врз албанските власти Бугарија се обидува во Албанија да создаде бугарско малцинство и покрај тоа што се знае дека во Република Албанија живеат Македонци“. Ова за Радио Слободна Европа го изјави политичкиот аналитичар од Тирана Никола Ѓурѓај, кој воедно е и главниот уредник на македонскиот весник „Илинден“ кој излегува во албанскиот главен град Тирана.

Ѓурѓај нагласува дека „во сите пописи кои се реализирани во времето на кралот, никој не се изјаснил како Бугарин, туку дека имало Македонци. Има лица кои имаат земано бугарски пасоши од областите Гора, Мала Преспа и Голо Брдо, но тоа е поради економски причини, нагласува тој.

Во врска со местото и улогата на Македонците во Албанија на престојуните парламентарни избори во Албанија кои се закажани за 25 април, Ѓурѓај за РСЕ вели дека ,,Македонците се очекува масовно да излезат на гласање во округот Корча и повторно за пратеник да го изберат Васил Стерјовски, лидерот на партијата на Македонците – Македонска Алијанса за европска иднина. Македонската партија е во колиција со Социјалистичката партија на премиерот Еди Рама која според Ѓурѓај повторно ќе ја предводи власта.

Првиот човек на македонскиот весник ,,Илинден” исто така смета дека Стерјовски и досега во актуелниот состав на Собранието на Албанија достојно ги бранел интересите на Македонците во Албанија. Ѓурѓај додава дека со македонски пратеник во Собранието се докажува дека Македонците во Албанија постојат. Покрај Стерјовски на парламантарните избори во Албанија има уште ден Македонец на листата на партијата – Движење за Социјалистичка интеграција на сопругата на претседателот на државата Илир Мета, Моника Криемади./www.slobodnaevropa.mk

Македонското друштво „Илинден“-Тирана го поздрави функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана

Македонското друштво „Илинден“-Тирана го поздрави функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана, оценувајќи дека е одлична можност Македонците во Албанија да се информираат за активностите на амбасадата. Поздравувајќи го овој потег на македонската амбасада во Тирана, ги повикуваме сите Македонци во Република Албанија да ја искористат можноста за брзо и навремено информирање со активностите на амбасадата, стои во соопштението на друштвото, во кое се наведува и адресата https://www.facebook.com/MKembassyALB/. Се додава дека ова е можност Македонците, од сите делови на Албанија, да го информираат амбасадорот за проблемите и прашањата со кои се соочуваат. Исто така апелираме, преку оваа страна на амбасадата да го информирате македонскиот амбасадор за сите важни прашања за животот и потребите на Македонците раселени низ албанската држава. Тоа со цел од негова страна да се помогне во надминување на нашите проблеми, посочува во своето соопштение Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Реакцјата на друштвото следува откако за почетокот на функционирањето на Фејсбук страна на македонската амбасада во Тирана, информираше амбасадорот Дaнчо Марковски, со обраќање до сите заинтересирани за ангажманот на амбасада. Драги пријатели, со особено задоволство сакам да ве информирам дека започна да функционира Фејсбук страната на македонската амбасада во Тирана. Корисна алатка преку која ќе можете да ги следите најинтересните случувања и активности од нашата работа, информираше амбасадорот Марковски преку објава на македонски, албански и англиски јазик. Додава дека во исто време страната ќе биде „ваш hotspot на информации и сервисни услуги за прашања од сферата на економијата, трговската соработка, културата, образованието и туризмот“.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ги повикува Македонците во Албанија да помогнат за лекување на малиот Василиј со потекло од областа Мала Преспа

Македонското друштво „Илинден“-Тирана упатува апел до сите хумани луѓе да го помогнат лекувањето на Василиј, по потекло од областа Мала Преспа. Сите хумани луѓе имаат можност да ја покажат својата хуманост на дело. Кој колку што може да донирa, да помогниме за лекување на малиот Васил со потекло од Мала Преспа, Албанија. Срествата може да се уплатат преку Гофундме на следниот линк https://www.gofundme.com/f/gib-vasilij-eine-chance… Молиме активно да се вклучите во акцијата за лекување на малиот Василиј, Вие, вашите пријатели, колеги и пријатели. На тој начин ќе ми дадеме поддршка на Васил безгрижно да го мине детството и да ги оствари своите соништа.