News

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари работна средба со Амбасадорот на Македонија во Албанија Данчо Марковски

Претседателот на македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај во македонската амбасада во Тирана остврави работна средба со амбасадорот Данчо Марковски. На средбата Ѓурѓај го информирал амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија. При тоа беа актуализирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малциство во Албанија. Секако амбасадорот беше информиран и за активностите на нашето друштво кое со години е активен субјект меѓу македонската заедница, како и за активностите во Федералната Унија на европските националности (ФУЕН), каде што сме рамноправна членка. Додава дека Марковски покажал исклучителен интерес за положбата на Македонците во Република Албанија. Многу отворено разговараме за можни активности за надминување на проблемите на Македонците во оваа држава. Секако, во опсегот на неговите надлежности, амбасадорот, Марковски искажа подготвеност да помогне за подобрување на малцинските права на Македонците, посочува тој. Ѓурѓај искажал голема благодарност, за како што оценува, непосредната и срдечна средба.

Македонското друштво ”Илинден”-Тирана рамноправен партнер во проектот „Тирана – европска младинска престолнина“ за 2022 година

Во рамките на проектот “Европска младинска престолнина“ (European Youth Capital – EYC 2022) и титула со која Тирана се здоби за 2022 година, Националниот младински конгрес од Албанија во соработка со градската власт на  Тирана ја промовираше веб-страницата и програмата за наредната година со широк спектар на можности за младите од сите средини на општеството да ги изнесат своите иновативни идеи и разбирање на европските перспективи и вредности. Минатата година во Амиен, Франција, престижното меѓународно жири едногласно ја прогласи Тирана за Европски младинска престолнина за 2022 година. Македонско друштво ”Илинден”-Тирана e член на Националниот младински конгрес од Албанија од 2015 година и еден од подносителите на апликацијата „Тирана – европска младинска престолнина за 2022 година„ со што рамноправно се смета за еден до иницијаторите за Тирана да стане домаќин и носител на оваа европска титула. На официјалната веб-страница „Тирана – европска младинска престолнина – 2022 година„ покрај другите организации-партнери се наоѓа и логото на македонското друштво ”Илинден”-Тирана со кратка информација за друштвото. Титулата „Европска младинска престолнина“ ( анг. European Youth Capital, или попознат под скратеницата EYC) е проект започнат од 2009 година на предлог-иницијатива од Европскиот младински форум (European Youth Forum) меѓународна невладина организација со седиште во Брисел. Првата титула Европска младинска престолнина (EYC) беше доделена на градот Ротердам од Холандија во 2009 година.

Македонско друштво “Илинден“-Tирана го поздравува говорот на македонски јазик на Васил Стерјовски во Собранието на Република Албанија

Од создавањето на албансктата држава во 1912 година до денес, на нејзина територија живеат илјадници Македонци. Македонското население во Албанија е политички организиран во единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција. Од нејзините редови македонското национално малцинствво во Албанија го претставува Васил Стерјовски, како пратеник во албанскиот Парламент. Според неговите настапи и ефектите од неговата работа, Македонците имаат достоен претставник во албанскиот највисок дом. На 16 март 2021 година, Васил Стерјовски, за прв пат во историјата на албанскот Парламент ги поздрави Македонците во Албанија на нивниот мајчин македонски јазик. Според Македонско друштво “Илинден“-Tирана ова кратко обраќање на Стерјовски, е еден историскимомент за македонското малцинство во Албанија. Македонско друштво “Илинден“-Tирана го поздравува и посакува да биде пракса и во иднина. Воедно, ја изразуваме и нашата желба за тоа, Васил Стерјовски да обезбеди нов мандат за пратеник во албанското Собрание и да продолжи со рабората на подобрување на животните и работните услови на Макеонците во Албанија.

Среќен Летник

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо ви посакуваме среќен Летник

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упатува јавен повик до Македонско национално малциство во  Албанија масовно да се попишат на Пописот на државјаните на татковината Македонија

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо, упатува јавен повик до Македонско национално малциство во Република Албанија масовно да се попишат на Пописот на државјаните на татковината Македонија, што се спроведува во периодот од 1 март – 21 април 2021година. Самопопишувањето се врши преку пописната апликација до која може да се пристапи преку веб-страници:

https://census.stat.gov.mk/mk/

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ви посакува среќен 7- 8 ми Март

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо ви посакува среќен 7- 8 ми Март. – стои во честиткатаа на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”- Огранок Голо Брдо.

Десет години постоење на македонскиот весник „Илинден“

Пред точно десет години, на 1. март 2011 година како двоброј  (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник „Илинден“ како гласило на македонското друштво „Илинден“- Тирана. Изминативе десет години, весникот предизвика голем интерес кај македонската читателска публика во Република Албанија, во татковината Македонија како и меѓу македонската дијаспора во светот.

Според бројните дописи кои пристигнуваат на електронската адреса на редакцијата од „Илинден“ како и комуникацијата преку профилите на весникот на социјалните мрежи со читателите, забележуваме дека во десетгодишниот период весникот прерасна во сериозен медиум од чии вести и теми се напојуваат сѐ поголем и поголем број на корисници од македонското националнo малцинство во Република Албанија.

Македонскиот весник „Илинден” досега има испечатено 45 изданија, а почнувајќи од март 2017 година, покрај печатената верзија весникот може да се следи и преку своето интернет-издание: www.vesnik-ilinden.com

На тој начин нашиот весник стана достапен за целокупната јавност: за сите Македонци во Албанија, регионот и цел свет. Истата година, од септември 2017 македонскиот весник „Илинден“е стандардизиран според меѓународните норми за печатени и електронски периодични списанија со ISSN 2522-6282 (online) и ISSN 2522-4514 (print) и дел од двата најголеми читачи на вести и клиентска датотека во Македонија: grid.mk и daily.mk

Мисијата на нашиот весник и понатаму останува да го поттикнува и одржува во континуитет македонскиот јазик и идентитет во Република Албанија. И понатаму остануваме со вербата дека нашите активности ќе бидат соодветно поддржани од државните институции на Албанија и на Македонија, како и од Македонците ширум светот.

Редакцијата на „Илинден” ја користи оваа прилика да им се заблагодари на сите свои соработници, кои несебично помогнаа во конципирање на тематската и визуелната содржина на весникот. Од тогаш до денес, весникот „Илинден“ дава голем придонес во евидентирањето и надминувањето на голем број прашања од интерес на Македонците во Република Албанија, и континуирано работи на заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен и културен идентитет и националните традиции на Македонците во Република Албанија.

Воедно, Редакцијата се заблагодарува и на верната читателска публика, која со покажаниот интерес кон содржините што ги понуди весникот покажа дека тој навистина ја допре сржта на проблемите на Македонците во Република Албанија и го приближи македонскиот литературен јазик за нивна комуникација, изразување и творење.

Да нѝ се множат јубилеите и понатаму.

Со почит,

Никола Ѓурѓај

Главен и одговорен уредник на македонскиот весник „Илинден“

Честитка од Македонското друштво „Илинден“-Тирана по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Македонското друштво „Илинден”-Тирана по повод одбележувањето на Меѓународен ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, упати честитка до припадниците на македонскато национално малцинство во Република Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. Честитајќи ви го денешниот ден, сакаме да го истакнеме знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонскато национално малцинство во Република Албанија. Негувањето на мајчинот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални, културни и верски традиции,стои во честитката. Се нагласува и значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи, како што стои, тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Македонците во Албанија ги има во четири етнички области: Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, Врбник, како и во најголемите градови  – Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Билишта, Подградец, Скадар, Кукс, Берат, Либражд, Валона, Фиер, Патос. Бројноста на Македонците во Албанија е над 120.000 според проценка на македонските организации во земјата, но за жал во 21 век, само во Мала Преспа, имаат право на овразование на мајчин јазик, наведува друштвото. Потсетува дека веќе три децении од сите албански влади барале обрзование на мајчин јазик за децата од Голо Брдо, каде настава на македонски имало до педесеттите години од минатиот век, потоа во Гора, како и во другите делови каде концентрацијата на Македонците е поголема, но позитивен одговор нема.

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со Амбасадорот на Македонија во Албанија Данчо Марковски

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓа јимаше средба со Македонскиот амбасадор Данчо Марковски во амбасадата во Тирана. На почеток на средбата, Ѓурѓај на амбасадорот Марковски му го честитал превземањето на функцијата амбасадор и му посакал успех на високата дипломатска должност. Исто така го информирав амбасадорот за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во  Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско национално малцинство во Албанија. Исто така го запознав и со активностите на друштвото кое со години е активен субјект меѓу македоската заедница во Албанија,изјави Ѓурѓај за МИА. Додава дека во текот на срдбата амбасадорот Марковски, покажал исклучителен интерес за положбата на Македонците во Албанија. Многу отворено и искрено разговаравме за можни активности кои би помогнале за надминување на проблемите на Македонците во Албанија на повеќе полиња. Секако, во опсегот на надлежностите, амбасадорот искажа подготвеност да помогне за подобрување и унапредување на малциските права на Македонците во Албанија, нагласи Ѓурѓај. Посочува дека со надеж дека амбасадорот Марковски сесрдно ќе помогне во подобрување на положбата на Македонците во Албанија, топло се заблагодарил за срдечната средба.

Политичката партија Демократи со честитка за 12 – годишнината основањето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана

Македонските Демократи со честитка за 12 – годишнината основањето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Искрено се заблагодаруваме и ја искажуваме подготвеноста за натамошна соработка.

Од мое име и името на членовите на Политичката партија Демократи ја честитам 12-годишнината од формирањето и успешната работа на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Со особено задоволство соработуваме и ќе соработуваме со сите Македонци во Албанија, а ние како Демократи, секогаш ќе бидеме присутни и подготвени за продлабочување на нашите заеднички цели за зачувување и афирмација на македонската национална самобитност, историја и култура. – стои во честитката потпишано од претседателот на Политичка партија Демократи, Јорго Огненовски.