News

Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за страотната несреќа во модуларниот ковид – центар во болницата во Тетово

Македонско друштво “Илинден“-Тирана изразува длабоко жалење за страотната несреќа во модуларниот ковид – центар во болницата во Тетово, Македонија сочуство до семејствата на 14 загинати од трагичниот пожар и длабоко жалење за несреќа. Македонско друштво “Илинден“-Тирана посакува брзо заздравување на повредените.

Македонско друштво ”Илинден”-Тирана

Претседателот Никола Ѓурѓај

Gëzuar 8 Shtatorin, ditën e Pavarësisë së atdheut Maqedoni

Shoqata Maqedonase “Ilinden” -Tiranë ju uron gëzuar 8 Shtatorin, ditën e pavarësisë së atdheut Maqedonia shënohen 30 vjet nga pavarësia një jubile i madh. Ta nderojmë dhe festojmë përgjithmonë këtë ditë të madhe.

Shoqata Maqedonase “Ilinden” -Tiranë

Kryetar Z. Nikolla Gjurgaj

 

 

Честит празник 8-ми септември денот на независноста на татковината Македонија

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви го честитаме 8-ми септември денот на независноста на татковината Македонија се одбележуват 30 години од независноста голем јубилеј. Да е вечен да го почитуваме и славиме овој голем ден.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

Честитка од Македонското друштво “Илинден“-Тирана по повод Успение на Пресвета Богородица

Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица, до Погаварот на МПЦ – ОА, неговото блаженство Архипископ охридски и македонски, г.г. Стефан и сите Македонци и припадници на православната вероисповед. Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, и во името на македонско национално малциство во Република Албанија, Вам лично, на вашето свештенство, на сите Македонци каде и да се во светот и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник Успение на Пресвета Богородица, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај. Се посакува  пред се добро здравје, душевен мир, семејна среќа и топлина. Празнувањето на  споменот на сечесното Успение на Пресветата Владичица наша Богородица и Приснодева Марија, значи празнување и почитување на семејството и семејните вредности, на разбирањето и љубовта кон ближните и подготвеноста за надминување на искушенијата. Со силата на светото име на мајката Божја во нашите молитви да се помолиме за здравје, љубов, благодет, душевен мир, среќа и топлина во нашите семејства. Ваше Блаженство, Ви ги упатам изразите на моето највисоко почитување, се наведува во честитката. Се посочува дека негувајќи ја традицијата го славиме денот на Мајката и заштитничката, молитвеницата и закрилницата на сите христијани, следејќи ги начелата кои нè прават човечни и се извор на нашата духовна сила.

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден

Почитувани Македонци и Македонки во Албанија, татковината Македонија и насекаде во светот, Македонско друштво “Илинден“- Тирана ви го честита најголемиот македонски празник Илинден. Да го почитуваме и славиме овој голем ден во чест на Илинденско востание од 1903 – та година. Исто така големитот Илинден 1944 – та година.

Честитка по повод Курбан Бајрам од Македонско друштво “Илинден“-Tирана

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Огранок Голо Брдо ви честита Курбан Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана дава целосна подршка за Резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ

Македонско друштво “Илинден”- Тирана дава целосна подршка за Резолуцијата за македонските црвени линии предложена од ВМРО-ДПМНЕ со кој се штити идентитетот. Резолуцијата е плод на заедничките ставови на МАНУ, УКИМ и МПЦ – ОА ќе ги заштити националните црвени линии, околу кои не смее да има компромиси. Македонско друштво “Илинден”- Тирана ги повикува сите политички партии во татковината Македонија сите македонски организаци во светот ги повикува да ја подржат ова Резолуција. Македонскиот јазик, идентитет и историја и национална посебност не смеат да бидат дел од никакви преговори.

Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, избран за член на албанскиот Национален совет за граѓанско општество

Македонците во Албанија за првпат добија свој член во Националниот совет за граѓанско општество, институција формирана од Владата во 2015 година. По гласањето што беше спроведено онлајн доби Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кој е и единствен претставник од редовите на малцинствата.

Посебна благодарност до сите организации кои гласаа за мене и ме поддржаа јас да бидам член на Советот. Во тригодишниот мандат како припадник на македонското национално малцинство, јас ќе бидам гласот и на другите национални малцинства во Националниот совет за граѓанско општество.

Целта на делување е демократизација, владеење на правото, човековите права и интеграција во ЕУ. Поконретно основната мисија на овој Совет е да гарантира институционална соработка со граѓанските организации во корист и во функција на проширување на демократијата, посочува Ѓурѓај.

Претседателка на Советот е Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и социјална заштита а членуваат и други владини претставници.

Иницијативата за формирање и организирање на Националниот совет за граѓанско општество владата ја презеде, како што стои во одлуката од пред шест години,  по согледувањето на потребите и намерите за приближување на законодавството, но не само во државните структури, туку за уште попрецизно функционирање на граѓанското општество.

Македонско друштво „Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кон Македонија и Македонците

Македонско друштво „Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој вели дека „Македонија е бугарска“! Македонско друштво „Илинден”-Тирана за фашистичка ја смета изјавата на Џамбаски дека не постојат Македонскиот народ и Македонскиот јазик! Македонско друштво „Илинден”-Тирана ја отфрла национал-шовинистичката политика на Софија кон Македонскиот народ во целина, непризнавајќи го неговото универзално неотуѓиво и неотстапно право на самоопределување и самоидентификација на држава Македонија!