Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, избран за член на албанскиот Национален совет за граѓанско општество
Македонците во Албанија за првпат добија свој член во Националниот совет за граѓанско општество, институција формирана од Владата во 2015 година. По гласањето што беше спроведено онлајн доби Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, кој е и единствен претставник од редовите на малцинствата.
Посебна благодарност до сите организации кои гласаа за мене и ме поддржаа јас да бидам член на Советот. Во тригодишниот мандат како припадник на македонското национално малцинство, јас ќе бидам гласот и на другите национални малцинства во Националниот совет за граѓанско општество.
Целта на делување е демократизација, владеење на правото, човековите права и интеграција во ЕУ. Поконретно основната мисија на овој Совет е да гарантира институционална соработка со граѓанските организации во корист и во функција на проширување на демократијата, посочува Ѓурѓај.
Претседателка на Советот е Огерта Манастирлиу, министерка за здравство и социјална заштита а членуваат и други владини претставници.
Иницијативата за формирање и организирање на Националниот совет за граѓанско општество владата ја презеде, како што стои во одлуката од пред шест години, по согледувањето на потребите и намерите за приближување на законодавството, но не само во државните структури, туку за уште попрецизно функционирање на граѓанското општество.