Македонско друштво „Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кон Македонија и Македонците
Македонско друштво „Илинден”-Тирана најостро го осудува навредливото однесување на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски кој вели дека „Македонија е бугарска“! Македонско друштво „Илинден”-Тирана за фашистичка ја смета изјавата на Џамбаски дека не постојат Македонскиот народ и Македонскиот јазик! Македонско друштво „Илинден”-Тирана ја отфрла национал-шовинистичката политика на Софија кон Македонскиот народ во целина, непризнавајќи го неговото универзално неотуѓиво и неотстапно право на самоопределување и самоидентификација на држава Македонија!