News

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај и градоначалникот на Прилеп, Проданоски разговарале за унапредување на соработката

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средбата со градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски разговарале околу поддршката што оваа општина може да ја даде за друштвото и унапредувањето на соработката во областа на културата.

Чест и задоволство ми беше што со градоначалникот имавме срдечна средба. Непосредно го запознав со проблемите со кои се соочуваат Македонците, како и со активностите на друштвото. Добив цврста поддршка за друштвото, во рамки на можностите на локалната власт, објави Ѓурѓај. Додава дека размениле мислење околу соработката на културен план, со настапи на македонски фолклорни групи од Албанија во Прилеп и обратно.

Му заблагодарив исто така за грижата кон учениците и студентите Македонци од Албанија, кои се школуваат во образовните институции во Прилеп, додава Ѓурѓај.

На Проданоски му донирал примероци од изданијата на македонскиот весник “Илинден”, кој е “главниот и битен гласник кој информира за активностите, проблемите и прашањата на Македонците во Албанија”.

Одземањето на правото на глас на Македонците надвор од Македонија е неприфатливо

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги осудува сите обиди за одземање на правото на глас на Македонците кои живеат надвор од Македонија. Таквиот потег е неприфатлив и претставува израз на длабоко непочитување кон Македонците во дијаспората.

Ние, Македонците надвор од Македонија, сакаме активно да учествуваме во градењето на слободна, демократска и просперитетна држава. Правото на глас ни припаѓа, пред сè, поради нашето потекло, грижата за татковината и нераскинливата врска што ја имаме со Македонија.

Македонците надвор од Македонија се важен партнер на својата татковина и интегрален дел од нејзиниот развој. Нашиот придонес е особено значаен во надворешната политика, економијата, културата и во промоцијата на Македонија во светот.

Поради тоа, Македонците надвор од Македонија мора да продолжат да го уживаат своето уставно и демократско право на глас. Ги повикуваме сите политички субјекти во Македонија да покажат почит и јасна заложба кон Македонците во дијаспората, со единствена цел – заеднички напредок и посилна Македонија.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

 

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува честитки до американскиот народ по повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави

По повод 4 Јули – Денот на независноста на Соединетите Американски Држави, Македонското друштво “Илинден“-Тирана упатува искрени честитки до американскиот народ, со желби за мир, просперитет и благосостојба.

Нека овој значаен празник биде потсетник на трајните вредности на слободата, демократијата и човековите права, кои претставуваат темел на современите демократски општества.

Среќен 4 Јули – Ден на независноста на Соединетите Американски Држави!

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Tирана по повод Свети Наум Охридски

Македонското друштво “Илинден“Тирана упатува искрени честитки по повод празникот Свети Наум Охридски  просветител на македонскиот народ. Да го почитуваме и достоинствено да го славиме овој голем ден, кој нè потсетува на духовното, културното и просветителското наследство што ни го оставил Свети Наум.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана
Претседател Никола Ѓурѓај

Претседателот на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан

Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во својот кабинет, денеска оствари средба  со Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво  “Илинден”-Тирана.

Ми беше задоволство и голема чест, во име на друштвото и македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја врачам благодарницата “Илинден”. Во пријателски и срдечен разговор беше изразена заедничка подготвеност за унапредување на соработката, информираше Ѓурѓај.

Додава дека го информирал за состојбата и предизвиците со кои се соочуваат припадниците на македонското национално малцинство во Албанија, како и за тековните активности и ангажманот на друштво.

Искажав голема благодарност за честа да се сретнам и да поразговарам со г.г. Стефан и во оваа прилика, му подарив и примероци од македонскиот весник “Илинден“ и Брошурата на работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН на македонски јазик, нагласи Ѓурѓај.

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му ја врачи Благодарницата “Илинден“ на Љупчо Златев, уредник на Лидер

По повод 17-годишнината од формирањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, лично му ја врачи Благодарницата “Илинден“ за 2026 година на Љупчо Златев, уредник на Лидер, во просториите на Радио Лидер во Скопје, Македонија.

„Ми претставуваше посебна чест, во име на Македонското друштво “Илинден“-Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја врачам Благодарницата “Илинден“ за 2026 година на Љупчо Златев, уредник на Лидер од Скопје“, изјави Ѓурѓај.

Благодарницата “Илинден“ ја доделува Македонското друштво “Илинден“-Тирана како признание за особен придонес во афирмацијата и поддршката на Македонското национално малцинство во Република Албанија и на активностите на друштвото.

Во образложението се истакнува дека со својата професионална работа, ангажман и посветеност во информирањето на јавноста за прашањата и предизвиците со кои се соочува Македонското национално малцинство во Република Албанија, Љупчо Златев дал значаен придонес во зачувувањето, промоцијата и унапредувањето на македонскиот национален идентитет, јазик, култура и традиција.

Од Македонското друштво “Илинден“-Тирана му ја честитаа наградата на Златев, посакувајќи му добро здравје, многу успех и уште поголеми достигнувања во неговата понатамошна професионална и општествена дејност.

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај присуствуваше на свеченото отворање на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“ во Скопје

На 23 јуни 2026 година, по покана на Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите, претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, присуствуваше на свеченото отворање на меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026“, која се одржа во Скопје.

Конференцијата беше организирана од Кабинетот на поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите  и Алумни асоцијацијата на Школата за млади лидери на претседателот Иванов.

Настанот претставуваше значајна платформа за промоција на дијалогот, меѓусебното разбирање, единството и мирот, преку размена на идеи и искуства меѓу учесници од различни земји и области.

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“–Тирана, Никола Ѓурѓај оствари средба со Димитар Богески, директор на Државниот архив на Македонија

Претседателот на Македонското друштво “Илинден“–Тирана, во рамки на програмските активности, оствари средба со Димитар Богески, директор на Државниот архив на Македонија.

На средбата разговаравме за улогата и значењето на архивската дејност, како и за можностите за понатамошна соработка во насока на зачувување, афирмација и промоција на македонското историско и културно наследство на Мaкедонците во Република Албанија.

Додава дека средбата минала во конструктивна и пријателска атмосфера, со заедничка определба за продлабочување на соработката од заемен интерес. Посочува дека Друштвото е формирано на 6 февруари 2009 година и регистрирано во Основниот суд во Тирана, со цел заштита и афирмација на етничкиот, јазичен, културен, верски, историски идентитет на Македонците во Албанија, мисија која продолжува со несмалена динамика.

Семинарот на АГСМ во Тирана се фокусира на состојбата на Македонската заедница во Албанија

Од 4 до 7 јуни, во Тирана се одржа 29-тиот семинар на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН за прв пат во Албанија и во годината кога се одбележува 30-годишнината од АГСМ. Учествуваа околу 40 претставници на словенските малцинства од цела Европа. Настанот беше организиран заедно со Македонското друштво “Илинден“-Тирана, кое го претставува Македонското малцинство во Албанија.

Фокусот беше ставен на состојбата на Македонската заедница во Албанија, прашањата за јазикот, образованието, културниот идентитет, политичкото учество и институционалното признавање, како и улогата на националните малцинства во Западен Балкан на патот кон Европската Унија.

Портпаролот на АГСМ и потпретседател на ФУЕН, д-р Хартмут Лајпнер, го опиша семинарот како „пресвртница“. Состанокот во годината на јубилејот го истакна растечкиот дострел на АГСМ, кој денес обединува 32 организации-членки од 11 земји и е најголемата работна група во рамките на ФУЕН. Тој, исто така, ја нагласи важноста на правата на малцинствата во процесот на ЕУ: тие се централен дел од владеењето на правото и демократскиот развој.

На отворањето, АГСМ ја доби наградата „Илинден“ за својата посебна посветеност на македонското национално малцинство во Република Албанија. Придонесите од експерти и изложбата за образование на мајчин македонски јазик дадоа увид во состојбата на заедницата на терен. Панел дискусијата јасно стави до знаење: Албанија создаде важни темели со Законот за национални малцинства од 2017 година, но она што останува одлучувачко е правата предвидени во законот да се спроведуваат и во пракса.

Претставниците од политиката и малцинските организации се осврнаа на конкретни предизвици, вклучувајќи ја политичката застапеност, усогласувањето со европските стандарди и прашањата за асимилација и демографскиот развој. Постоеше согласност дека малцинствата се додадена вредност за општеството и демократијата.

Покрај јавната програма, семинарот послужи и за внатрешната работа на AGSM. Организациите-членки известуваа за актуелните случувања во нивните заедници, тековните проекти и заедничките грижи во рамките на FUEN. Размената со политичките институции беше исто така дел од програмата: Во Парламентот на Република Албанија, учесниците добија увид во парламентарната работа и се осврнаа на прашања поврзани со малцинствата. Средбите со институциите и културната програма го надополнија настанот.

30-годишнината од AGSM беше одбележана со свечена вечер. FUEN сака особено да им се заблагодари на домаќините од Македонското друштво „Илинден“-Тирана за организацијата и гостопримството.

Фото галеријата од 29-тиот семинар на AGSM во Тирана може да се најде тука

Работната група  за словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН е основана во 1996 година и ги обединува организациите на словенските малцинства од различни европски земји. Како дел од мрежата на FUEN, таа им нуди на своите членови платформа за размена, соработка и заедничко претставување на интересите. Годишната серија семинари се одржува секоја година во различен регион со словенско малцинство и дава увид во состојбата на соодветната заедница на терен./ww.fuen.org

Благоданица за престедателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија за неговата ангажираност

Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, на престедателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, му додели признание за придонес во Националниот совет за граѓанско општество.

Би сакал да изразам благодарност за благодарницата од Агенцијата за поддршка на граѓанското општество на Албанија, што сметам дека е резултат на мојата ангажираност, изјави Ѓурѓај.

Македонците во Република Албанија од 2021 година за првпат имаа претставник во Националниот совет за граѓанско општество, институција формирана од Владата во 2015 година.

Како член на Националниот совет за граѓанско општество во Тирана, од јуни 2021 до јануари 2026 година, ми беше чест, но и одговорност да бидам единствен претставник на малцинствата во оваа институција. За мене беше голема обврска да го претставувам со достоинство, одговорност и посветеност гласот и интересите на малцинствата, вели Ѓурѓај.