News

Трет ден од 29-от Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, во организација на ФУЕН и Македонското друштво “Илинден“-Тирана

Третиот ден од 29-от Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа беше посветен на запознавање со културното, верското и историското наследство на Тирана.

Учесниците најпрво го посетија Националниот музеј на државната безбедност и прислушувањето „Куќа со лисја“, каде што се запознаа со еден значаен дел од поновата историја на Албанија.

Во продолжение ја посетија Катедралната православна црква „Воскресение Христово“ во Тирана и остварија средба со Неговото Блаженство г.г. Јоан, Архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија. За време на посетата, учесниците се поклонија пред моштите на Свети Јован Владимир.

Програмата продолжи со посета на Пирамидата во Тирана, денес препознатлив културен и технолошки центар, кој во минатото бил мавзолеј на Енвер Хоџа.

Во рамките на семинарските активности беше организирана и тематска прошетка низ главниот град на Албанија под наслов „Траги на малцинствата во Тирана“, преку која учесниците имаа можност поблиску да се запознаат со историското присуство и придонесот на различните малцински заедници во градот.

Музичката група „Бајрами“ од округот Орешек Гора настапи на свечената вечера по повод 30-годишнината од Работната група на словенечките малцинства (АГСМ) во Тирана

Во рамките на 29-тиот Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, организиран од Федерална унија на европски националности во соработка со Македонско друштво „Илинден“-Тирана.

Посебен момент беше гала-вечерата по повод 30 години од постоењето на Работната група на словенските малцинства (АГСМ), каде во свечена атмосфера беше одбележан овој значаен јубилеј.

 За дополнително збогатување на програмата настапи македонската музичка група „Бајрами“ од селото Орешек, област Гора. Со изведба на традиционални песни и автентични музички мотиви од областа Гора, тие внесоа посебна емоција и гордост, достојно претставувајќи ја културата и традиција од областа

Настанот беше уште една потврда за важноста на културната дипломатија и заедничкото дејствување во насока на зачувување и афирмација на националниот и културниот идентитет на словенските малцинства во Европа.

Продолжува во Тирана 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Во Тирана продолжува 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

Претставници на словенските малцинства од 20 организаци со 40 преставници од 11 држави Албанија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Естонија, Украина, Унгарија, Србија, Италија, Словачка.

Денска семинарот продолжи со посета на Парламентот на Република Албанија, се одржа панел дискусија: „Западен Балкан и неговите национални малцинства на патот кон ЕУ“ со Модератор: д-р Хартмунт Лајпнер, претседател на Работната група за словенски малцинства (АГСМ) и потпретседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) на панел дискусија учество зема Атанас Плоча, заменик градоначалник на општина Пустец, Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Дејан Чулафиќ, предавач на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ Скадар, Ентела Бињаку, директор на фондацијата  „Хариет Мартино“, припадник на Влашкото национално малцинство во Албанија.

Истовремено, се дискутираше за работата на работната група на словенски малцинства (АГСМ). На крајот се одржа гала вечера 30 години работната група на словенски малцинства (АГСМ) пристапи и македонска музичка група „Бајрами“ од село Орешек областа Гора.

Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај му ја врачи наградата “Илинден” на д-р Хартмут Лајпнер, претседател на АГСМ и потпреседател на ФУЕН

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во рамките на 29-тиот Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, организиран од Федерална унија на европски националности (ФУЕН) во соработка со друштвото, му ја врачи почесната награда “Илинден“ на д-р Хартмут Лајпнер претседател на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) и потпретседател на ФУЕН и на Матиц Гермовшек Жнидаршич, координаторот на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при ФУЕН

Почесната награда “Илинден“ за 2026 година беше доделена на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН, за особен придонес кон македонското национално малцинство во Република Албанија и за поддршката на Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

„Огромна чест ми беше, во име на друштвото и на македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да му ја предадам почесната награда на почитуваниот д-р Хартмут Лајпнер“, истакна претседателот Никола Ѓурѓај.

Поздравен говор на Никола Ѓурѓај претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана на 29-тиот Семинар на словенските малцинства во Европа

Mirëmbrëma, Добровечер!

Добредојдовте во Тирана, Република Албанија!

Почитувани гости,

Дами и господа,

Драги пријатели,

Почитувани присутни,

Денес имаме чест и особено задоволство да го отвориме 29-тиот семинар на АГСМ (Работна група на словенските малцинства), кој се одржува тука во Тирана, во организација на ФУЕН, а во тесна соработка со Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

Македонското друштво „Илинден“-Тирана пред точно 11 години испиша историја, станувајќи првото здружение од Република Албанија кое стана рамноправен член на ФУЕН. Затоа, ова е навистина значаен и голем ден за Република Албанија, за македонското национално малцинство, но и за самото друштво „Илинден“.

За првпат во Тирана се собрани претставници на 20 организации, со вкупно 40 делегати кои доаѓаат од 11 различни држави: Албанија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Естонија, Украина, Унгарија, Србија, Италија и Словачка. Вашиот престој тука е доказ дека мостовите на соработка не познаваат граници.

Македонското национално малцинство во Република Албанија е едно од најстарите малцинства на овие простори. Тоа е автохтоно население кое со векови опстојува и живее во околу 50 села долж албанско-македонската граница, во областите Голо Брдо, Преспа, Гора, во селото Врник, областа Поле, како и во поголемите урбани центри како Тирана, Драч, Елбасан, Поградец, Корча и Кукс. Македонците во Албанија отсекогаш биле мирољубиви, лојални граѓани, луѓе кои активно и со висок интегритет придонесувале и придонесуваат во сите сфери на албанското општество.

Овој семинар e силен потсетник дека различностите се нашето најголемо богатство. Во свет кој брзо се менува, нашиот глас, нашата култура и нашиот идентитет зависат токму од ваквите платформи каде што учиме едни од други, се поддржуваме и заеднички чекориме кон европските вредности на меѓусебно почитување. Размената на искуства на овој 29-ти семинар сигурно ќе ни даде нова енергија и нови идеи за идни проекти.

Искрено се радувам што денес сме собрани во волкав број на овој значаен настан. Мојата желба е ваквите средби да станат уште почести во иднина, бидејќи само преку заедничка посветеност и цврста соработка ќе успееме да ги зачуваме од заборав скапоцените вредности, традицијата, јазикот и културното наследство на Македонците во Република Албанија.

Истовремено, во името на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, упатувам искрена и длабока благодарност до ФУЕН и АГСМ за нивната континуирана, несебична поддршка низ годините.

Ви посакувам успешна работа на семинарот, пријатен престој во прекрасната Тирана и незаборавни дружби!

Ви благодарам на вниманието!

Во Тирана започна 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на ФУЕН и Македонско друштво “Илинден“-Тирана

Во Тирана започна 29-тиот Семинар на Работна група на словенските малцинства во Европа во организација на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) во соработка со Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана, за прв пат во Тирана e организатор на Семинарot на словенските малциства во Европа со учесници од 20 организации, 40 преставници. Посебна чест претставува да се биде домаќин на пријатели и соработници од 11 држави: Албанија, Германија, Австрија, Словенија, Хрватска, Естонија, Украина, Унгарија, Србија, Италија и Словачка.

На свечено отворање се обрати, Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и д-р Хартмут Лајпнер, Претседател на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) и потпреседател на Федералната унија на европски националности (ФУЕН).

Потоа, работата продолжи со тематски презентациски панел „Положбата на македонското национално малцинство во Република Албанија“ и изложба на тема „Образование на мајчин македонски јазик во Република Албанија“.

Овогодинешниот Семинар се фокусира на состојбата на македонско национално малцинство во Република Албанија, се одржува од денска до 7 јуни во Тирана, Република Албанија.

На семинарот учествуваат, д-р Хартмут Лајпнер, Претседател на Работната група на словенски малцинства (АГСМ) и потпреседател на Федералната унија на европски националности (ФУЕН), г-ѓа Гента Тафа (Бунго) – Комесар за заштита од дискриминација во Албанија, г-ѓа Етлева Будини, пратеник во албанскиот парламент за округот Драч, г-дин Незир Меча, потпреседател на Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана, м-р Естела Карамешиноска, секретар на Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана, Атанас Плоча, заменик градоначалник на општина Пустец, проф.д-р. Кимет Фетаху, почесен претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, Ендрит Фетаху, потпретседател на Македонска алијанса за европска интеграција, г-дин Дејан Чулафиќ, предавач на Универзитетот „Луиѓ Гуракуќи“ Скадар, г-ѓа Ентела Бињаку, директорка на „Хариет Мартино“, од влашкото малцинство во Албанија, Ервин Никола, новинар, преставник на македонското малцинство во Албанија.

Македонското друштвото ”Илинден”-Тирана од 16 мај 2015 година е член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и Работната група на словенски малцинства (АГСМ).

Честит Курбан Бајрмам на верниците од исламска вероисповед

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита Курбан Бајрам. Големи празници како Курбан Бајрмам не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без разлика на религиската, верската, или каква било друга определба.

Слика: Џамија во село Големо Острени областа Голо Брдо

Македонско друштво “Илинден”-Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај

Фатри Фетаху

Kоординатор на Македонско друштво “Илинден”-Тирана за областа Голо Брдо

Македонците во Албанија испишаа историја: Македонско друштво “Илинден“-Тирана домаќин на 29. семинар на АГСМ при ФУЕН за словенските малцинства во Европа

29-тиот семинар на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН ќе се одржи од 4 до 7 јуни во главниот град на Албанија, Тирана. Средбата е организирана од ФУЕН во соработка со членката Македонско друштво “Илинден“-Тирана.

Семинарот ќе ги собере претставниците на словенските малцинства од цела Европа и ќе обезбеди простор за размена, вмрежување и внатрешни консултации.

Во 2026 година, АГСМ исто така ја слави својата 30-годишнина. Фактот дека годишниот семинар се одржува во Албанија за прв пат во текот на оваа јубилејна година е од особено значење за работната група и нејзиниот говорник, д-р Хартмут Лајпнер, потпретседател на ФУЕН. Фокусот оваа година ќе биде на состојбата на македонското национално малцинство во Албанија, како и на прашањата за јазикот, образованието, културниот идентитет, политичкото учество и институционалното признавање.

Дополнително, семинарот ќе се осврне на улогата на националните малцинства во Западен Балкан на патот кон Европската Унија. Дискусиите ќе се фокусираат на важноста на правата на малцинствата, владеењето на правото, прекуграничната соработка и општественото учество за европската перспектива на регионот. Особено во разновиден регион како што е Западен Балкан, малцинствата не се само субјекти на заштита, туку и актери на дијалог и регионално разбирање.

Се очекува претставници од организациите на малцинствата, политиката, администрацијата, академијата и граѓанското општество да присуствуваат на семинарот. Покрај експертските придонеси и дискусии, планирани се и внатрешни работни сесии на AGSM, за време на кои организациите-членки ќе известуваат за актуелните случувања во нивните заедници и ќе ги координираат идните активности. Средбите со земјата домаќин се исто така дел од програмата: учесниците ќе добијат увид во историјата на Албанија, денешната реалност и институционалниот пејзаж, како и во трагите на малцинствата во Тирана.

Работната група на словенските малцинства (АГСМ) при ФУЕН е основана во 1996 година и ги обединува организациите на словенските малцинства од различни европски земји. Како дел од мрежата ФУЕН, таа им нуди на своите членови платформа за размена, соработка и заедничко претставување на интересите. Годишната серија семинари се одржува секоја година во различен регион со словенско малцинство и дава увид во состојбата на соодветната заедница на терен./https://fuen.org/en/article/29th-Seminar-of-the-Slavic-Minorities-in-Europe-to-take-place-in-Albania-for-the-first-time

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод денот на македонските и сесловенските просветителин Свети Кирил и Методиј

По повод 24 мај ден на македонските и сесловенските просветителин Свети Кирил и Методиј, македонското друштво „Илинден“-Тирана упати честитка до Поглаварот на МПЦ- ОА, архиепископот г. г. Стефан и до сите Македонци каде и да се.

Дозволете ми во мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија, Вам лично, на вашето свештенство и на сите православни верници, на Македонците каде и да се, да ви го честитаме 24 мај ден на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.

Се додава дека со празнувањето им се оддава почит на светите браќа од Солун, Кирил и Методиј, како основоположници на словенската писменост и литература, основачи на првата словенска азбука – глаголица, заслужни за културниот развој како на македонскиот народ, така и на сите словенски народи.

Нивниот огромен придонес во битката против заборавот и незнаењето е од непроценлива вредност, бидејќи само пишаниот збор е тоа што останува и преку кој се пренесува знаењето и мудроста на човекот. Делото на светите Кирил и Методиј живеело со векови, живее и ќе живее за навек. Нека ни е честит денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана бара 21 мај во Република Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства

Македонското друштво “Илинден”-Тирана бара 21 мај во Република Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства, 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа го сметаме за најсоодветен датум.

За таа цел друштвото во 2022 година испрати барање до претседателката на парламентот Линдита Никола.

Националните малцинства во Република Албанија се национално богатство и со неговото прогласување за државен празник во Република Албанија, сметаме дека е чекор напред за да се обезбеди видливост за националните малцинства и да се препознае нивната додадена вредност за нашите општества.