News

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод петнаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” по повод петнаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Така и оваа година беа предложени повеќе лица за добивање на благодарница “Илинден” и награда “Илинден”. Од предложените беа избрани лица, кои со својот ангажман придонеле за подобрување и дисперзија на сознанијата за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција на македонското население во Албанија. Благодарницата и наградата “Илинден” ги доделува и врачува лично претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана.
Оваа година Награда “Илинден” му се доделува на:
  1. „Нова Македонија“ – Првиот дневен весник на македонски јазик од далечната 1944 година, Скопје, Република Македонија
Оваа година Благодарница “Илинден” се доделува на:
  1. Г-дин Јован Шкмби – Советник на Македонска алијанса за европска интеграција во Советот на Општина Поградец и претставник во Советот на Округот Корча.
  2. Д-р Весна Мојсова-Чепишевска – Редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, поранешен директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија.
  3. М-р Иван Антоновски – Асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Република Македонија
  4. Г-дин Живко Лазаров – Претседател на Македонски клуб “Илинден”-Лацен, Германија
  5. Г-дин Дејан Костески – Претседател на Ракометен клуб “Енхалон“, Струга, Република Македонија
  6. Г-дин Далибор Станковиќ – Новинар во „Нова Македонија“, Скопје, Република Македонија
Претседателот на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај им ги честитаат наградата и благодарниците на добитниците за 2024 година со надеж дека истите ќе послужат како поттик за натамошен ангажнман на наградените во нивната досегашна определба да работат во интерес на вистината за животот и ангажманите на Македонците во Република Албанија.

Петнаесет години постоење на Македонското друштво “Илинден”-Тирана

На 6 февруари 2009 година беше формирано Македонското друштво “Илинден”-Тирана, а оваа година се навршуваат петнаесет години од неговото постоење и работа.  Македонско друштво “Илинден”-Тирана е регистрирано во Основниот суд во Тирана, а со цел заштита и афирмација на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и државен идентитет на Македонско национално малциство во Република Албанија.

Од особено значење за работата и информирањето за активностите на Македонското друштво “Илинден“-Тирана е објавувањето на Македонски весникот “Илинден” кој покрај печатеното има и електронско издание. Во него се објавуваат различни аспекти од животот на Македонците во Република Албанија.

Со оглед на фактот што интересот за работата на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана постојано растеше, а македонските жители во Голо Брдо, Елбасан активно се вклучија во наеговата работа, беше предизвик за отворање на ограноци на Друштвото. Така, на 15. 10. 2012 година Македонско друштво ”Илинден”-Тирана отвори свој огранок во областа Голо Брдо. Неговата цел е заштита на интересите, културата и традицијата на македонското национално малцинство во oбласта Голо Брдо.

Растот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана го бележиме и во 2021 година, кога беше назначен и координатор на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за округот Елбасан.

Имајќи ја предвид потребата да се контактира со институциите во татковината, прес сѐ заради поддршка на значајни проекти за Македонците во Република Албанија, во 2020 година беше именуван генерален координатор на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за татковината  Македонија.

Долгогодишната присутност на Македонското друштво “Илинден”-Тирана во Федералната унија на европските националности и други меѓународни организаци ја покажа потребата од назначување на Меѓународен кординатор на Македонско друштво “Илинден“- Тирана што беше реализирано во 2023 година.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана, за периодот од петнаесет години оствари безброј средби со многу државни институции во извршната и локална власт, а соработката ја проширивме со невладиниот сектор, во земјата и странство.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана е член на Федералната унија на европските националности од 16. мај 2015 година и дел од Работната група на словенските малцинства при ФУЕН. Како активен партиципиент во ФЕУН, членови на Друштвото досега учестува во сите конгреси и поднесува резолуци, што придонесува Македонското друштво “Илинден”-Тирана рамноправен член и силен глас на Македонското национално малциство.

Во изминатите четринаесет години како претседател на Македонско друштво “Илинден”- Тирана, заедно со моите соработници, имавме можност да оствариме бројни работни и официјални посети, да се сретнеме и да соработуваме со владини институции, како во Република Албанија, така и во матичната држава Македонија, како и со меѓународни организации.

При сите реализирани средби со претставниците на државните институции во Република Албанија, во матичната држава Македонија и европските институции ја користевме секоја прилика да размениме мислења за важни прашања за унапредувањето на положбата и правата на македонското национално малцинство во Република Албанија. Иако не секогаш наоѓаме заедничко или задоволително решение за одреден проблем, сепак должна благодарност искажувам на сите државни институции во Албанија, Македонијаи низ светот.

Ја користам оваа прилика да упатам добронамерна критика до Владата на Република Албанија и до надлежните министерства и организации да посветат посебно внимание и позитивно да одговорат на нашето барање за настава на мајчинот македонски јазик за децата во областите Голо Брдо и Гора, и насекаде каде има значителен број Македонци.

Бараме Владата да изврши промена на штетната територијална организација на локалната самоуправа и да ги прифати општините во областите Голо Брдо и Гора каде живеат Македонци.

Исто време бараме од Владите на Албанија и Македонија целосна функционалност на граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо, кој што е потребен за да може луѓето полесно да комуницираат од двете страни на границата.

Нашите ставови за Законот за националните малцинства во Република Албанија се исти како и пред донесувањето на овој Закон. Неколкупати укажавме, дека Законот треба да ги реши горливите проблеми на националните малцинства, но со новодонесениот Закон се постигна токму спротивен ефект. Донесе дополнителни проблеми, кои се негативни не само за Македонците, туку и за Република Албанија во целина.

Го повикувам Комитетот за национални малциства да покаже поголема активност за малциствата и за Македонско национално малциство во Република Албанија, а не да биде во сенка. Комитетот треба да ги воздигне малцинствата и да им помага во борба за опстанок во Република Албанија.

Исто време бараме од Владите на Албанија досегашното тело Комитетот за национални малцинства од консултативно тело на Владата да прерасне во Агенција за национални малцинства со посериозни и обврзувачки ингеренции за афирмација на националните малцинства во Република Албанија. Комитетот за националните малцинства е формиран во 2004 година од страна на албанската Влада како централна институција зависна од Владата, со задача да ја подобри заштитата на малцинствата во земјата. Како што е утврдено во многу извештаи на меѓународни институции кои се занимаваат со правата на малцинствата, оваа институција е подложна на политичко мешање, што резултира со нејзина целосна контрола од извршната власт и нејзина трансформација од тело за заштита на малцинствата, во тело штетно за дијалогот меѓу Владата и малцинствата. Затоа, сметаме дека Комитетот за националните малцинства треба да биде независен и активен глас на малцинствата, со способност да учествува во дијалог со Владата за заштита и подобрување на правата на малцинствата во Албанија, а неговата работа да биде јавна и присутна на медиумите во државата.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана останува посветено на борбата за македонско национално малцинство во Република Албанија, за унапредување на положбата и правата на Македонците врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност.

Посебно благодарност сакам да упатам до сите што помогнале на Македонско друштвото “Илинден“-Тирана во петнаесет години.

Во чест на 15-годишнината од постоењето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана сакам да ги повикувам сите државни институции како и сите политички партии и невладиниот сектор во Албанија и Македонија да дадат поддршка на Македонците во Република Албанија, да дават поддршка во контунитет за решавање на проблемите што се сочуват, ќе посакаме повеќе текстови за објавување во весникот “Илинден“. Да му се множат годините на успешна работа на Македонското друштво “Илинден”-Тирана а за неговите постигнувања оставаме повеќе да каже историјата.

Македонците во Република Албанија и Албанците во Република Македонија се мостови на братство и пријателство меѓу двата народа и двете држави.

Да се вечни Македонците во Република Албанија!                                                                                                            

Да живее албанското – македонско пријателство!

 

Со почит,

Никола Ѓурѓај                                                                                                                               

Претседател на Македонското друштво “Илинден“- Тирана

Се одбележуваат 152 години од раѓањето на Македонскиот револуционер Гоце Делчев

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4 февруари1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно национално ослободително движење во крајот на XIX и почетокот на XX век. Бил рожба на својата епоха, кој го изразувал стремежот на македонскиот народ за ослободување од отоманското ропство. Загина во предвечерието на Илинденското востание на 4 мај 1903 година во селото Баница, Серско во борби со османлиската војска која го опколила селото. Посмртните останки на Гоце Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во Скопје, Македонија во црквата Свети Спас каде и денес се наоѓаат.

Во Тирана промовиран Фото албум „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“

Во организација на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, на 14 јули 2023 година, со почеток во 18 часот во „Реја“ (пред Национална галерија) – Тирана, беше одржана промоција на Фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“. Промоцијата претставуваше можност да се дружат и да разменат мислења Македонците од Тирана и цела Албанија.

Од официјалните лица, поканети на промоцијата, со своето присуство ја збогатија г-дин Љуфтим Спахиу, советник во македонската Амбасада во Тирана, г-дин Александру Саву, советник во романската амбасада во Тирана, г-ѓа Еда Кошовари, директор на Дирекцијата за анализи и проекти при Комитетот на националните малцинства, г-ѓа Марјана Фелха, претставник на македонското национално малцинство во Комитетот на националните малцинства на Република Албанија, г-дин Маринко Чулафиќ, претставник на црногорското национално малцинство во Комитетот на националните малцинства, г-дин Елис Пука, претставник на Националниот центар за традиционални дејности, г-дин Незир Меча, потпретседател на Македонското друштво “Илинден“ – Тирана, г-ѓа Елса Џелили, координатор на Македонското друштво “Илинден“-Тирана за округот Елбасан, г-ѓа Лизбет Ѓурѓај, меѓународен координатор на Македонското друштво “Илинден“- Тирана.

Сакаме да подвлечеме дека Фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ беше испечатен благодарение на финансиската помош на Комитетот за национални малцинства на Рпублика Албнија. Фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ содржи фотографии односиите кои македонското население со векови ја практикувало во областите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, селата Крчишта и Ербеле, област Поле, Маќелара.

Во албумот се презентирани 12 фотографија и во состав на секоја од нив на македонски и албански јазик се објавува објаснување за носијата. Издавач на овој проект е Македонско друштво “Илинден“-Тирана, од каде објаснуваат дека Фото албум со ваква содржина се објавува за прв пат во Република Албанија. Како негов автор се јавува г-дин Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана. Фото албумот е печатен во печатница Абази -Тирана со тираж 300 примероци, што без финансиската поддршка од Комитетот за национални малцинства на Република Албанија немаше да биде можно.

Поради тоа, искрено се заблагодаруваме за разбирањето и одлуката да биде поддржан овој наш проект. Сакаме да веруваме дека примерот на Комитетот за национални малцинства во Република Албанија ќе биде следен од други инситуци. За заинтересираните информираме дека Фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“, бесплатно ќе се дели низ Република Албанија, а за да се добие потребно е само да се контактира со одговорните лица во Македонското друштво “Илинден“-Тирана.

Македонски весник “Илинден” стана дел од нај големата платформа за вести vesti.mk

Македонски весник “Илинден” стана дел од нај големта платформата за вести vesti.mk. Vesti.mk е агрегатор на најнови вести од 150 македонски веб сајтови. Сега Македонски весникот “Илинден” ќе биде уште по блиску до читателите. На тој начин, Македонски весник “Илинден” стана прв весник на Македонци од Република Албанија и Балканот што е дел од прекрасната платформа за вести. Никола Ѓурѓај, главен и одговорен уредник му се заблагодарува на тимот на vesti.mk.

Првиот број на Македонски весникот „Илинден“ беше објавен на 8 февруари 2013 година, како двоброј за март и април и во изминатите години предизвика голем интерес кај читателската публика во Албанија и Македонија и кај сите Македонци во сосеството и диаспора.

Сега, можноста е многу поголема, се она што објавува весникот се активностите на Македонците во Република Албанија, да прочитаат и да се запознаат сите Македонци каде и да се. Весникот е на македонското друштво “Илинден“,-Тирана, чии основни заложби, се заштитата и афирмацијата на македонскиот етнички, јазичен, културен, верски, историски и континуитет и наследство на Македонците во Република Албанија.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана издаде фото албум на кој се претставени народни носии на Македонците во Албанија

Македонското друштво “Илинден”-Тирана издаде фото албум на кој се претставени народни носии на Македонците во Албанија. Автор на албумот е првиот човек на друштвото Никола Ѓурѓај, тоа е реализирано со поддршка на албанскиот владин комитет за национални малцинства.

За мене, друштвото и за сите Македонци ова е многу значајно нешто, со кое трајно останува вистината за нашата традиционална македонска носија и нашето вековно постоење во многу делови на Албанија. Исто така се дава можност  со нашата преубава носија да се запознаат и другите.

Има фотографии од областите Голо Брдо, Мала Преспа, Гора, селата Крчишта и Ербеле, област Поле, округ Пешкопеја, додаде тој. Во албумот се поставени 12 фотографија и кај секоја од нив  на македонски и албански јазик стои кусо објаснување за носијата.

Промоцијата на фото албумот ” Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ ќе биде на 14 идниот месец од 18 до 19 часот во павилјонот „Реја“, пред Национална галерија во центарот на Тирана, каде се одржуваа многу културни настани. Влезот е бесплатен а може да присуствуваат сите заинтересирани, нагласи за Македонски весник “Илинден” авторот Ѓурѓај. Испечатени се 300 примероци во печатницата “Абази” во Тирана.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на европратеникот Ковачев за преставување на Македонците во областа Гора како Бугари

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува произволните и крајно навредливи изјави во однос на населението во Гора како бугарско. Имено, во својство на европратеник, при неговата посета на Република Албанија на 23. 06. 2023 година, Ковачев објави дека се сретнал со бугарска заедници во регионот Гора“.

Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонското национално малцинство во Република Албанија. Ветува бугарски пасоши по кратка постапка, подмитува изроди од македонското ткиво кои работат во правец на бугарско асимилирање на Македонците итн.

Фактот дека ефектот од сите тие фрлени средства за денационализација на Македонците во Република  Албанија досега не го донесе посакуваниот ефект, секако ги алармира сите сили во правец на насилно побугарување на Македонците во Албанија, а особено во областа  Гора. Секако, најавената посета на Андреј Ковачев треба да биде дополнителен притисок врз населението во Гора за негово побугарување, бидејќи тој ја има во свои раце моќта да лаже и замајува во својство на европратеник.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана изразува жалење што највисоките личности на албанската држава дозволуваат да бидат уценувани од бугарските политички лица и што потклекнуваат пред тие уцени. При тоа, цената на уцените во однос на евроинтеграциите на Република  Албанија, политичкиот врв на нашата држава ја плаќа со нашата национална припадност и нашето национално достоинство како Македонци.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги повикува европските институции, кои тврдат дека се темелат на демократското однесување во однос на основните човекови права, да се позанимаваат со суровото и бескрупулозно нафрлање на бугарските емисари, но и европратеници во однос на македонското национално малцинство во Република Албанија.

Досегашното нереагирање на европските институции кон бугарските, крајно дрски и насилнички атаци врз Македонците во Република Албанија, за нас, како македонско национално малцинство значи дека европскиот дом е дом на насилници кои со силата на моќта смеат да го газат и тероризираат кој сакаат народ на Балканот, во Европа и во светот. Посакуваме, Европската Унија да ги заузда насилниците од Бугарија.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со свој преставниц во рамки на проектот “Иднината е во потеклото”

Преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана учествуваше на активност во рамки на проектот „Иднината е во потеклото”, поддржан од Комитетот за национални малцинства при владата на Република Албанија. На настанот организиран од припадниците на грчкото малцинство, кој се одржа на фармата Фустанела-Петрела, претставниците на малцинствата се претставија со традиционална храна и носии.

Македонското национално малциство се претстави со Македонско друштво “Сонце” се престави со традиционалната храна  од областа Мала Преспа,  тава со крап и со традиционалните носии од Мала Преспа“.

Присутните покажаа забележлив интерес за македонскиот штанд, а добар дел од нив вкусија од храната. На активноста учествуваа и дипломати од дипломатскиот кор и претставници од централната и локалната власт.

Претседателката на Комитетот, Константина Бежани, ги поздрави присутните и вети продолжување на поддршка за активности на малцинствата, во зачувување на нивниот етнички, јазичен, културен идентитет.

На настанот присуствуваше Васил Стерјовски, Претседател на Македонска алијанса за европска интеграција, вториот човек во Македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, кој ги поздрави присутните, Марјана Костофски, претставник на Македонското национално малциство во Комитетот за национални малцинства, и Васил Јанкула, попознат како преспанскиот херој.

Македонското друштво “Илинден”-Тирана достави барање до Факултетот за странски јазици во Тирана за реактивирање на лекторатот по македонски јазик

Македонското друштво “Илинден”-Тирана продолжува со иницијативата што ја започна за реактивирање на Лекторатот по македонски јазик во Тирана. Денеска доставивме официјално барање до професор доктор Есмералда Кромида, деканка на Факултетот за странски јазици за реактивирање на лекторатот, кој функционираше до пред десеттина години.

Меѓу другото во барањето го нагласуваме големо значење за македонското национално малцинство во Република Албанија и во исто време е корисно за албанското општество да се запознае со македонскиот јазик, литература и култура, изјави за Македонски весник “Илинден”, Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Исто така во документот стои дека  друштвото на 28 ноември минатата  година испратило барање до Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје како и до Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура и директорката, Проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска за поддршка и оти веќе е добиен позитивен одговор.

Наведуваме дека Македонското друштво “Илинден“-Тирана е регистрирано на 6 февруари 2009 година во Судот во Тирана. Дека  неговата мисија е заштита на етничкиот, културниот и верскиот идентитет на македонското национално малцинство во Република Албанија како и зачувување на јазикот и образованието на македонски мајчин јазик. Искрено се надеваме на позитивен одговор, вели тој.

Според него постои огромен интерес за македонистиката од страна на новите генерации на македонската заедница.

Постои интерес и од страна на огромен број студенти што студираат на овој факултет во Тирана да можат да го изучуваат и македонскиот јазик. Но битно е да се подвлече дека овој лекторат би бил клучен за унапредување на културните врски меѓу двата народа и двете држави, за развивање на добрососедските односи и за градење нови мостови на соработка меѓу македонската и албанската академска научна средина, нагласува Ѓурѓај.

Претседателот на македонското друштво “Илинден“- Тирана, Никола Ѓурѓај освари работна средба со Претставничката на македонското национално малцинство во Комитетот за национални малцинства во, Марјана Фелах

Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај денска освари работна средба со Претставничката на македонското национално малцинство во Комитетот за национални малцинства во Република Албанија, Марјана Фелах. На средбата се разговараше за различни прашања поврзани со македонското национално малцинство во Република Албанија, како и за можна соработка во рамките на заштитата на правата и зачувувањето на идентитетот на македонското национално малцинство во Република Албанија. Ѓурѓај, кој е и главен и одговорен уредник на весникот “Илинден”, на Фелат и предал пет примероци од последното издание на весникот. Комитетот за национални малцинства е владина институција во која свој претставник имаат признатите малцинства во Република  Албанија со Законот за малцинства. Претседател на Комитетот е  Константина Бежани, претставничка на грчкото малцинство.