vestimk

Соопштение: До медиумите

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана строго ги осудува сите напори кои би го одзеле правото на македонците надвор од Република Македонија да гласат за претседателски и парламентарни избори во Република Македонија во трите изборни единици во дијаспората. За нас, предлогот за одземање на правото на глас на македонците надвор од Република Македонија претставува несфатлив потег кој укажува на длабоко непочитување на македонците надвор од Република Македонија. Бидејќи ние македонците надвор од Република Македонија сакаме да учествуваме во градењето на слободна и демократска држава, имаме  право најпрво заради нашето потекло, грижа и нераскинлива врска со татковината. Македонците надвор од Република Македонија се клучен партнер на Република Македонија и интегрален елемент за унапредување на Репулбика Македонија во сите полиња, особено надворешната политика и економијата. Истовремено, Македонците надвор редовно ја посетуват Македонија и со нивното доаѓање придонесува кон зголемувањето на локалната економија низ Македонија. Затоа Македонците надвор од Република Македонија мора да продолжат да ги ужива право на глас и да биде претставена преку свои пратеници во Собранието на Република Македонија. Македонците надвор од Македонија ги повикуват сите политички субјекти во Македонија, да покажат почит и јасна заложба за Македонците надвор од Република Македонија со единствена цел за напредок на Македонија и подобра иднина за Македонците.

 

Македонско друштво “Илинден”–Тирана

Претседател Никола Ѓурѓај


www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана ќе учестува на “Илинденски марш” 2015 од Охрид до Крушево

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ќе учестуват на “Илиндески марш” со тројца преставници. Благодарение на здружението на граѓани „Христо Узунов“ од Охрид и годинава ќе има преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо на “Илиндески марш”. Илинденски марш од Охрид до Крушево ке почне на 28 Јуни 2015 година со традиционалната молитва во црквата “Света Троица“ во населбата “Радојица Новичиќ“ во 17 часот, а поаѓањето ке биде на 29 јули 2015 година во 03 часот од улицата “Железничка“ Охрид. Илинденскиот марш го одбележува Илинденското востание во 1903 година, маршрута ке почне од Охрид преку Куратица, Дебрца, Илинскиот крај, Брезово и до Крушево, ќе пропешачат до легендарниот “Мечкин Камен“ во Крушево каде на 2 Август ќе присуствуваат на централната свеченост, ќе бидат составен дел и на манифестацијата “Десет дена Крушевска Република“.


www.ilinden-tirana.com

“Иселеничка културна средба“

 

 

Во организација на Агенцијата за Иселеништво  во амфитеатарот на Министерството на надворешни работи во Скопје, Македонија на 23 јули 2015 година се одржа “Иселеничка културна средба“ на иселеничките организации. Македонското друштво “Илинден “-Тирана учестуа како гости на “Иселеничка културна средба“ со г-дин Ламбе Шатровси преставник на друштвото. На “Иселеничка културна средба“ присуствуваа иселенички организации од четири континенти и гости од организации на Македонците и заедниците во соседството. На средбата присуствува и пратениците од диаспората во собранието на Република Македонија Ристо Манчев, Павле Саздов, Васко Наумовски. Македонската дијаспора без разлика на сите предизвици никогаш не ги заборавила своите корени, својот македонски јазик, својата вера, својот фолклор и убава песна, односно никогаш не го заборавила својот национален идентитет.


www.ilinden-tirana.com

Комесарот за заштита од дискриминација го прифати барањето на Македонско друштво “Илинден”-Тирана

 

 

По барањето на Македонско друштво “Илинден”-Тирана до комесар за заштита од дискриминација Ирма Бараку позитивно одговори комесарката за заштита од дискриминација Ирма Бараку. Станува збор за формулар за поплаки за дискриминација да биде испечатен и на македонски јазик и негоото кирилично писмо. Формулатор за поплаки во врска со дискриминација Комесарот ги има отпечатено на албански, грчки, ромски, само не на македонски јазик. На нашата реакција и барање, добивме одговор од Бараку, во кој не информираат дека во иднина овој документ ќе биде и на македонски јазик. Бараку во позтивиниот одговор ја нагласува подготвеноста за соработка, се заблагодарува на разбирањето за направениот пропуст и нагласува дека и формуларот и други информации во иднина ќе бидат не само на албански туку и на јазиците на малциснтвата, вклучувајќи го и македонското.

 

www.ilinden-tirana.com

Честитка до верниците со Исламска Вероисповед

Почитувани верниците со Исламска Вероисповед во Република Албанија и во целиот свет во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана и Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо ви честита Фитер Бајрам, со желба за многу лични успеси и бериќетна година.

Македонско друштво “Илинден”-Тирана  Претседател г-дин Никола Ѓурѓај

Македонско друштво “Илинден”-Тирана Огранок Голо Брдо Претседател г-дин Ули Халилај



www.ilinden-tirana.com

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упати барање до комесар за заштита од дискриминација

 

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана упати барање до комесар за заштита од дискриминација Ирма Бараку, бара исполнување на даденото писмено ветување дека формуларот за поплаки, ќе биде испечатен и на македонски јазик. Од Комесарот за заштита од дискриминација, госпоѓата Ирма Бараку врз основа на Закомот за заштита од дискиминација, побаравме формуларот за поплаки и брошурката за заштита на малцинствата во Република Албанија, да бидат испечатени и на македонски јазик. Реагиравме и експресно добивме позитивен одговор но до сега нема ништо од тоа. Формуларот е на албански, грчки, влашки, англиски, но не и на македонски јазик. По првиот позитен одговор се надеваме, дека целосно ќе биде реализирано ова наше барање. Во позитивниот одговор на комесарката за заштита од дискриминација Ирма Бараку од февруари годинава стоеше дека забелешката се прифаќа и се нагласува подготвеноста за соработка се заблагодарува на разбирањето за направениот пропуст и нагласува дека и формуларот и други информации во иднина ќе бидат не само на албански туку и на јазиците на малцинствата вклучувајќи го и македонското.


www.ilinden-tirana.com

Од Македонија нови летови до пет европски градови

 

 

Авиокомпанија “Визер“од аеродромот “Александар Велики“ во Скопје воведува директни авиолинии до европските градови Барселона, Осло, Нирнберг, Хамбург и Фридихшафен. До петте нови дестинации унгарскиот авиопревозник ќе оперира двапати неделно. Исто така од аеродрмот “Св. Апостол Павле“ од Охрид, пак од задутре, авиокомпанијата ќе воведе директен лет до Базел исто така два пати неделно. На новите шест авиолинии “Визер“ ќе оперира со субвенции од македонската Влада, согласно договорот со Министерството за транспорт и врски. Владата на Република Македонија со проектот за доделување финансиска поддршка на нови авиолинии беа воведени директни летови кон: Малме, Базел-Милхаусен, Милано-Бергамо, Ајндховен, Дортмунд, Меминген, Минхен, Стокхолм, Гетеборг, Лондон-Лутон, Венеција, Франкфурт, Париз, Брисел, Келн и Рим.


www.ilinden-tirana.com

Македонска Aлијанса за Eвропска Интеграција:Освои едно градоначалничко место и девет советници

 

Актуелниот градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко кој на неделните локални избори во Република Албанија победи по третпат. На локални избори, Македонска Алијанса за Европска Интеграција, настапи во коалицијата “Алјанса за Европска Албанија” на Социјалистичката партија. За Темелко гласале 2076 граѓани, а за неговиот противкандидат Михалаќ Апостоловски од коалицијата “Работа и Достоинство” на Демократска партија, гласале 488 граѓани.Македонска Алијанса за Европска Интеграција освои 7 советници во Советот на општината Пустец од вкупно 15 советници и по еден во Општина Поградец и Малиќ. Едмонд Темелко претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција се заблагодари на Македонците во Република Албанија.


www.ilinden-tirana.com

Соопштение: до медиумите

 

Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Mакедонско друштво “Илинден” Огранок Голо Брдо го подржава Македонска Алијанса за Европска Интеграција на локалните  избори, во Албанија што ќе се одржат на 21.06.2015 година. Македонско друштво “Илинден”-Тирана и Mакедонско друштво “Илинден” Огранок Голо Брдо ги повикува сите Македонци во Република Албанија да гласат за Македонска Алијанса за Европска Интеграција како единствена партија на Македонците во Репблика Албанија,да гласат за кандидатите за градоначалник и советници на Македонска Алијанса за Европска Интеграција,време е Македонското национално малциство да има свој преставници.

 

www.ilinden-tirana.com

Гласај Бр 36

Почитувани браќа и сестри Македонци!

Ве повикувам на 21.06.2015 да го дадете својот глас за Македонска Aлијанса за Eвропска Интеграција. Гласајте за листата за советници на Македонска Aлијанса за Eвропска Интеграција во општина Тирана под реден број 36 носител на листата НИКОЛА ЃУРЃАЈ затоа што Македонската партија е единствена гаранција дека ние Македонците мораме да се избориме самите за нашите права, за унапредување на нашата положба во Република Албанија.

Тë nderuar vëllezër e motra Maqedonas!

Ju bëj thirrje më 21.06.2015 të jepni votën tuaj për Alencën e Maqedonasve për Integrim Europian. Voto për Bashkinë e Tiranës listën e këshilltarëve të Partisë Aleanca e Maqedonasve për Integrim Europian numrin 36 kryesues i listës për këshilltarë NIKOLLA GJURGJAJ, partia maqedonase është e vetmja garanci për ne maqedonasit duhet të luftojmë për të drejtat tona, dhe për të promovuar pozitën tonë në Shqipërisë.

 

 

 

 

 

 

www.ilinden-tirana.com