“Иселеничка културна средба“

 

 

Во организација на Агенцијата за Иселеништво  во амфитеатарот на Министерството на надворешни работи во Скопје, Македонија на 23 јули 2015 година се одржа “Иселеничка културна средба“ на иселеничките организации. Македонското друштво “Илинден “-Тирана учестуа како гости на “Иселеничка културна средба“ со г-дин Ламбе Шатровси преставник на друштвото. На “Иселеничка културна средба“ присуствуваа иселенички организации од четири континенти и гости од организации на Македонците и заедниците во соседството. На средбата присуствува и пратениците од диаспората во собранието на Република Македонија Ристо Манчев, Павле Саздов, Васко Наумовски. Македонската дијаспора без разлика на сите предизвици никогаш не ги заборавила своите корени, својот македонски јазик, својата вера, својот фолклор и убава песна, односно никогаш не го заборавила својот национален идентитет.


www.ilinden-tirana.com