Македонска Aлијанса за Eвропска Интеграција:Освои едно градоначалничко место и девет советници

Актуелниот градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко кој на неделните локални избори во Република Албанија победи по третпат. На локални избори, Македонска Алијанса за Европска Интеграција, настапи во коалицијата “Алјанса за Европска Албанија” на Социјалистичката партија. За Темелко гласале 2076 граѓани, а за неговиот противкандидат Михалаќ Апостоловски од коалицијата “Работа и Достоинство” на Демократска партија, гласале 488 граѓани.Македонска Алијанса за Европска Интеграција освои 7 советници во Советот на општината Пустец од вкупно 15 советници и по еден во Општина Поградец и Малиќ. Едмонд Темелко претседател на Македонска Алијанса за Европска Интеграција се заблагодари на Македонците во Република Албанија.
www.ilinden-tirana.com